Многу ме нервираат таквите, понекогаш им одам лајк, не можам да ги одбијам.... но а им одиш еднаш после не се трпат, па не им одговарам ништо или само им велам ок и како да не сум ги видела. Не сакам да бидам груба и да им кажам не. Немам тавка душа!
Ко почнат ај лајк плз лајкккк па чекајте лајковите ви се живот? И што ако имаш многу лајкови нешто си постигнал со тоа? Некои за лајкови живеат..
Лајк за ова лајк за она ,итно е за што е итно недај боже некој да не умира па мора да добие лајк аман луѓе сватете досаднисте. Инаку често ги има само ќе им пишам ок и исто како да не сум видела
Ми се качуваат по нерви таквите, ми пишува на чет „ај лајк на профилната плииисс“ или „ај лајк на странава многу ми е битно“ , што ти е толку битно, дошол нож до грло па мора ? Некогаш не им ни враќам, не ме интересираат. А па некогаш кога ќе ми отидат преку глава ќе ставам лајк, ќе пишам дека сум ставила, и ќе ми изнапише на чет „фалааа многууууу срце си, душичка си “ , баш за инат на тоа ставам унлајк и готово. Можеби не постапувам правилно, ама ме нервираат.
боже господе... има дечкоми една братучеда 20 години има и уште за лајкој моли ми иди некој ден да земам да и се развикам од што е досадна и за грев...
НЕ МИ СЕ ВЕРУВА ДЕКА СЕУШТЕ ИМА ТАКВИ ПРОСТАЦИ/ПРОСТАЧКИ! На таквите само Unfriend опција и чао, пријатно.
- Може лајк на оваа страна? (следува линк од страната) Јас: Не можам да ти кликнам лајк, те немам за пријател. - Ама ако, сепак кликни. Јас: Ама не сака, те немам за пријател. - Епа како ми пишуваш на чат тогаш? Јас: Ќе видиш за 10 секунди
За што воопшто служи темава? Сите не иритира молењето за лајк на фејс. Јас мислам дека е непотребна темава,сепак ги имаме статусите на фејсбук за молењето за лајк
Nајбедното и најочајно нешто ! јас не знам што мислат луѓето и какви се воопшто кога главна преокупација им е да соберат лајкови ...
Мене тоа молењето за лајк ми е како да просиш.Ме моли за еден глупав лајк,и што ке биде ако му лајкнам НИШТО...нема ни да биде крајот на светот ни ништо.Мене ми праќаат и покана за пријателство само за да прашаат за лајк.Се сложувам со ariela09,мислам дека сите ги иритира ова освен на оние што молат за лајк
Молењето за лајк е многу мизерно срамота е ама затоа тие имаат посебно место кај мене на фб секогаш сум исклучена за нив
Искрено мизерно е. Ама кога ќе видиш некој/а душиче што не е толку финансиски спремем/на, а у моменотот иде наградна игра за одмор или нешто такво, ставам. Чисто ради култура (..или жал ме фаќа). Ама сепак јас никогаш не би го направила тоа.
Обично не ни реагирам на вакви порачиња што ми стигнуваат пошо редовно четот ми е на оффлајн. Грефчиња ми се али претеруваат
Мене ми пишува -Може лајк на сликава? линк (јас ништо не и одоварам) по 5 мин. ми вика: ааа немора да ставиш. ГОСПОДЕ БОЖЕ