Немам такви пријатели, а да имав ќе имаше една тешка дискусија поќе во живото да не му текни да побара лајк. Ама имам онакви ќе ти мани лајк и афтоматски очекува да му вратиш. Па ме интересира ако не манам лајк на никој то би значело никој да не ме лајкува?? Дај боже првата ќе бидам со нула лајкој
Ме нервираат таквите Коа ќе ме прашаат на некои така шо ми се поблиски,со кои се глеам секој ден морам да им стаам зашо после ќе се праат на тошо,ама па у последно време не им се замарам
Многу мразам кога некој ме моли за лајк, ај некој близок ок, ама некој кој никаде го нема во мојот живот А не дај боже ти да им побараш, аууууу...е затоа нит сакам такви наградни игри нит ги играм, ќе се мољакам јас на околу немам попаметна работа.
Многу глупава работа молат за лајк и благодарат однапред ....страшно иритирачки, таквите ги игнорирам. Па мене ако ми се допаѓа нешто ќе стаам лајк, ако не не, нема потреба да ме молиш незнам како немаат срам
Според мене тоа е едно гоолемо понижување. Луѓето што молат за лајк, едноставно изгледаат очајно во моите очи.
Очајнии ми се тие ,посебно многу се нервирам кога некоја МЛАДА мајка објавила слика од нејзиното бебе и ајде сеа на сите 2000 пријатели пушта линк за лајк , господее зарем до таа награда што молат им е дојдено ? тоа неможам да си го објаснам
ЕЕе вакви имам милион . Молат ли молат како да добијат награда или диплома ако има лајкој на сликите или песните. Ептен ми е мизерно тоа, јас никој не молам за лајк. Забележувам на некои ако немаат повеќе лајкови ја бришат веднаш објавата
Колку се само досадни тие.Па ако не им ставиш одма почнуваат со колнење и пцовки.Молат за лајкови на страни,слики,статуси Ова ми е најмизерно нешто.
EEE стварно НЕ ги можам.... Јас незнам како не му е страм за лајк да молат или пак кога ќе видам дка сами си лајкнуваат.... е тоа еее.... ГлУпОсТи!
Многу се нервирам коа ќе ми пратат уште на чет,уф! Или кога ќе ми пишат ''Може лајк на профилна?'' Им викам,да да слободно стави ми
Глупости невидени .Пак уште кога ќе ги видам самите како ставаам лајк,е тогаш ... Ако ми пратат на чет да им лајкнам ќе им лајкнам,колку да не замараат потоа,ако не им лајкнеш ќе те умрат "ај плисссс ај плиссс можее лајккк?! " ...
Многу ме нервираат овие што молат за лајкови. Лајковите сега се многу поважни од другите работи. Имам една другарка која кога ќе објави слика на сите им праќа да и ја лајкнат и коментираат, па после мисли дека тие што и ја лајкнале и коментирале сликата и се најдобри другарки. Ме насмеа Од сега и јас вака ќе им пишувам на тие што ќе ми пратат да им лајкнам нешто, фала за идеата.
Немам такви пријатели, премногу мизерно е некој да си дозволи да моли за лајк. Голем дислајк за таквите.