Може лајк ? Ма може и delete Не знам не ми се случило колку што паметам мизерија и тоа тешка колку е очаен народов со 0 самодоверба почнаа да живеат за лајкови и коментари . Кога ќе се врати народов во нормала бе ....
Леле, ова кај малите посебно - големава јас - ама тие дечиштата од 8мо, прва... стално ми пишуваа порано... ај плс лајкче ... еднаш и вратив на една ај плс не се лути ама не сакам потоа, си седнав и фино лепо ја прочешлав листата на пријатели... ептен некои роднини или пријатели на моите ги оставив и ги ставив на hide Има една типка, моја генерација... значи, 18 години, магарица олкава... и ми става лајк на се живо и диво... очекува лајк назад... молим фура турбофолк фазон и иде кај мене на профил ми става лајк на елтон џон... аха, сигурно го знае и го слуша еднаш имав прилика да имам час - англиски - со нејзиниот клас, и нигде ја нема... се пикна во еден ќош, а на фејсбук главна е... секој втор статус на англиски Неизживеани
Има најнов тренд на молење за лајк. “Прво стисни лајк на групава, па стисни лајк на мојот коментар...за да добијам фотеља“.....АЛОООООООО!! Групана некоја таква-никаква смарачка, која што нема врска ни со мој вкус, ни со мој интерес. Опрајте се луѓе. Ми полнат, инбокс, ѕид.......не дај Боже на чет да те начекаат.... Си најдоа фирмите начин за реклама и сега си прават наградни игри на ФБ, се со цел собирање повеќе фанови. Ќе дадат некоја мизерна наградичка, ама илјадници луѓе ќе им ја отворат фан страната Како и да е, изгледа лигаво молењето за лајк. Особено луѓе кои не ги познаваш.... А до сега мене ми се нема случено некој да ме моли да му ставам лајк на слика или да пишам коментар. Уште тоа фали и иде на блок по брза постапка ахаха
не се досадни, бе. ич. -.- особено кога некој после 100 години ќе ми пише Hi и си викам ееееј му текнало дека постојам, и оп троп вака ти иде муабетот: hi ее кај си бе? eve, dobra? aj like na slikava ziti se.
И јас за трендов прв пат слушам. Да ми прати некој вакво нешто одма блок ставам Ме знаат, па не ме чепкаат имам околу сто и нешто, сите ги знам и не се замарам со вакви глупости.
пред 7 минути >>>>>>>>>>>>>ocenete ja slikata so broj na zvezdi sto se nad nea.......... blagodaram >>> http://www.mkbrendovi.com/index.php?opt ... Itemid=176 не е фејсбук, ама наидов на ова на форумов. -.-
На факултет се разминуваме без збор или со здраво со пола уста, а на чет се уклучува, ми прави вовед од некои безбезни муабети, од стилот: “како си?“, “што правиш?“...........ма барем дај премини си на главното!! Нека не ми глумат срциња, кога им треба само лајк.........кога пристапуваат директно помалку ме нервираат. Кај мене се многу чести, ама има некои кои се на граница пред блок
Се дешаваше порано кај мене , на чет или иМбокс " like pls" . Леле луѓе идете у три лепе пи*ке материне . Тогаш имав 1500 пријатели. Ми скурчи од такви очајни луѓе и читање секакви глупости , па бројот си го огрничив само на 100 пријатели. Еве сега приметив дека тој број се зголемил на 154 , свесно или несвесно. Сепак уште имам две/три "пријателки" , кои плаќаат за фотосесии за ФЕЈСБУК и кога ќе стават нова слика се означуваат по неколку пати на дена..па да бе , добра финта за сликата да излезе на вашата хоумпејџ , да ја забележите и да и ставите лајк Луѓе опрајте се
Абе деца што го прават ај...Ама една моја генерација (24 год), никогаш не ми пишува на чет освен кога моли за лајк А пред некој ден ми пишува: Здраво срцка, ќе може ли еден лајк на статусот дека сум во врска Јас незнам дал да плачам дал да се смеам.
Нешто што највеќе ме ужаснува кај фејсбукот! Не ме ни знае, не ме ни познава пллс ком. и лајк. Еднаш ми пукна филмот, една од 5то или 6то , и пишала пллс ком и лајк па уште и 2 линка стаила па оа ми пукна филмот, ни 2 ни 3 коа и се стаив абе ренде ја напраив .
Пфф исто и кај мене за врска се дешаваше.Лелее ај и ти стај ми лајк,па ќе имам 48 лајка,ај и дечко ти еден таман 49,иии уште сестра ми ќе се уклучи после и таман 50 лајка ќе имам..... И ја ВАТ Д ХЕК МЕЕЕЕЕЕЕЕЕН. И што ако имаше многу лајка,пак раскина по 1 месец.Карма хитс бек.
Денес Clear Window · Report http://www.facebook.com/fun.mnogoo.mk aj придружи се на странава и потоа лајк на линков ако може http://www.facebook.com/fun.mnogoo.mk/p ... tif_t=like БОЖЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ШТО Е СО ДЕЦАВА-.-
Koга други ми кажуваа дека ги молеле за лајкови не ми се веруваше мислев дека лажат,си измислуваат,за да понижат одредена особа што демек ги молела за лајк,едноставно не ми се веруваше дека некој би можел до тоа ниво да се спушти ОМГ! е ми се случи и мене тоа,од некои основци што ми се комшии ама из виџење ги знам да речеме ,и ај ги прифатив,леле кога напнаа-и тоа на чат-пуштаат со нивна слика -пр.профајл пик.,и те молам лајк потоа ми има стигано во инбокс од особи што не ми се пријатели на фб и првпат ги гледам.... Затоа Маца седна еден викенд и таквите замаратори ги избриша од пријатели и повеќе не прифаќа никој само со тој што асално го знае... исто така си наместив пораки во инбокс да не ми праќа секој туку само пријателите,и сега сум раат
Исто и јас... преку глава ми беше од другарките на братучедка ми кои ме виделе неколку пати кај нејзе па ме додале на фб... и молеа за лајк на секоја нивна слика, 24/7 објавуваа некои глупи коментари, недолични за девојки од 15 години, секој втор ден беа во врска со некој друг и објавуваа слики од нивните задници со коментар "Гордоста на ...(нејзиниот моментален дечко)"... те ознацуваат на нивните фотографии на профилот само за да има ставиш лајк.... ама нееее.. Си седнав еден ден и ги избрисав сите... Сега профилот ми е строго за луѓе со кои комуницирам
Темава лудница Мене вакво нешто ми се нема случено. Само еднаш една школска ме замоли таму некој си лајк да стегнам (ова за брат и‘ беше, не за неа) за да добиел некоја награда за патување. Демек која слика најмногу лајкови ќе собери, тој добива патување гратис. Не знам дали навистина беше или ги мамеа од компанијата, ама ајде колку да не ми тежи - стегнав ЛАЈК. ЛАЈК Не се чудете, смешни ми звучи. Седам во собава и си викам сама на глас ЛАЈК ЛАЈК ЛАЈК ЛАЈК...
Само неколку блиски пријатели и колеги се случило да ме замолиле за ЛАЈК на некои нивни коментари, статуси или слики, и тоа секогаш било со конкретна (јас велам) добра, некоја фина кауза демек да си добијат некоја книгичка да читнат, патување, билети за некој концерт.... Искрено, тоа и не дека ме возбудило нешто посебно, не дека ми одзеле од скапоценото ми време да стегнам еден глуп лајк, што и јас самата го ставам кај ли не, на се' што ќе ме насмее до солзи најчесто.... и затоа и не го сфаќам како замарање Спојлер (кога би они со исто барање уште неколку пати, веројатно не ќе сум од мирољубивите пацифисти ) , а напротив, за мене тоа било услуга...т.е. сум ги почешала по грбот, за потоа, кога и да е некогаш и негде и тие ќе ме почешаат мене (ма глупости) Шала на страна. За ваквите ситуации, кога некој треба нешто да добие ич немам ништо против. Имам против за едни поинакви ситуации, во кои сум се нашла на тој фб, каде што девојка или дечко, кои и ги познавам само од фотографијата им на фб, бараат од мене да им ставам лајк за да видат другите момци/девојки, колку е таа/тој посакуван, популарен.. мааааа оффф !!! Па зарем баш преку мене треба да го експресионираш и експонираш својот сексипил и прекрасната ти појава woooow !!! Но, ми се случувале и поинаков тип на замарања со тоа лајковите, кои што и најмногу од се друго ме ваделе од такт. Е тоа се некои чудаци од луѓе, почитатели на ликот и делото ми , кои озбилно си ја имаат сфатено работата на фб, да секогаш на се стават лајк да не се навредам или не дај боже ги заборавам дека постојат, макар што да не е тој фб јас нема ни да знам дека дишат тие луѓе, никогаш не сум ги сретнала и да сум налетала не сум знаела дека се баш тие тоа. И ова ти се некои си упорни створови, на кои, целта им е да истрчаат пред другите и да си лепнат едно лајкче, ама на се што ќе ставам на жица во дворот ми. Имам чувство дури дека премногу често истрчуваат и пред мене па чиниш од брзање, ќе се сопнеме едени со други...тие да ми закачат лајкче, јас да ја избришам песната, бидејќи во истата секунда во која сум ја постирала ми се смотала друга во главата, па сум си решила „јок нејќум таа песна да ми стои на жица со гаѓите, при бидејќи таа ми е некако многу розова, а јас дента си имам црни гаѓи спружено на жицата. И си тргнувам јас да ја соберам од жица песнава, и тоа е секунда, ма дел од секунда и таааааааааак ќе те сврти за 360, та тој веќе ставил лајк . А нити ја чул песната, нити знае што песна е, нити абер има за групата. Но, важно ми лепнал лајк !!! А, нели тоа е страшно битно, степ бифор гоинг то бед! Ајде добро си велам, но што правиме бе момче лудо младо, ко струја брзо, кога со тоа им бодеш очи и на многуте од пријателчињата, загрижени за статусот ми, небаре ако некој стави лајк сме си дале збор (ил нешто друго де) истата вечер. Но, нели фб е некакво си виртуелно село, па секој од комшиите се ти се ѕвери во дворот да види дал ти прицркала козата, па си испоредил жалопојќи по тоа ѕидот на плачот, срамот и понекогаш и победата .... Па или мене ми се чини или се тоа добро обучени фб професионалци, мислиш ко лиљаци спијат у вертикала со отворени капаци и само тебе те демнат, дал ти гори или не гори ламбата в куќи. Е тие лајкови, како да не те извадат од чевлите, ај кажи ми?!?