Мојот лајк е привилегија. Два пати се мислам, пред да стиснам некаде. А оние што молат за лајк, ги отстранувам од пријателите со брзина на светлината.
Уфффф колку очајна ствар... мразам коа некој моли за ЛАЈК, па добро бре оној кој навистина става нешто што вреди да се лајкува не моле за лајк, тој без молење го добива, а штом не го добил не го ни заслужил. Глупо ми е коа некој ке ме замоли за лајк, обично тогаш од инат не кликам па и да е нешто убаво.
Лајк ставам само на тоа што ми се допаѓа. Оние кои молат ги игнорирам. Понекогаш дури и стварно да ми се допадне сликата кога ќе ја видам не ставам лајк зашто претходно молеле за него...епа нема!! Има да с еодвикнат од тоа молење и точка. Се шегувам. Ама што ако имаш 100лајка за кои си молела? Поубава те прават, посреќна, повредна?? Мислам дека НЕ!
Накратко кажано многу БЕДНА работа Жив пример, колешка од фах, од смер со која што немам ни здраво, ми пишува вчера на фб "еееееј колегинице ај те молам ТУРИ едно лајкче, на СЛИКЧЕВО за награда е. Мwa !" Ааааа биди па сигурна дека ке добиеш лајк ! според мене само САМОБЕНДИСАНИ луѓе молат за такво нешто!
Глупости живи... Да молам некој за еден обичен лајк... Па ако сум го заслужила нека го стават ако не нема да трчам да молам... Свашта
Навистина е жално колку внимание му се посветува на фб и на тоа кој што има објавено и колку лајкови добил за објавата. Ајде кога ќе ми пишат деца од 12-13 години не ги обвинувам бидејки се сеуште деца и можеби неможат да сватат дека животот не е фб и лајковите но кога ќе ми пишат возрасни од 18-19 години па и постари ај плс лајк и обавезно ми се лошии... Едноставно ГИ ЖАЛАМ... А има и такви кои не молат дирекно туку една иста фотографија ја обележуваат или објавуваат по 100 пати надевајки се дека ќе падне некој лајк плус...
-Може лајк? -Не, гадна си. Ете така. Најпатетично е што бараат лајкови на моронски слики, со срценца и со стихови на нив... Oh, God... каде е крајот?
Какви глупости се тоа. Многу ми е патетично некако. Лајк ставам само на тоа што мене ми се допаѓа, а оние кои молат за лајк веднаш ги отстранувам од пријателите.
Не знам како било кога немало лајк, ама малку им било на луѓето само лајк па ајде и лајк на коментарот. Кој е за лајк на лајкот нека дигне две прстиња молам.
Нит молам, нит им се замарам на таквите што молат. Апсолутно ништо не ми менува дали на сликата имам 1, 10 или 110 лајкови. А за другите, кој што сака нека си прави - ич, ама ич не ме интересира.
Многу ме нервира кога ќе почнат оние маратонски ставања лајкови и само ми стигаат нотификации од една иста личност која ми ги лајкнала сите слики! и што фајде од тоа?? Јас ставам лајк само ако ептен ми се допадне некоја слика или линк...
Најпатетични ми се кога бараат лајк и на слика и на статус па дури мене ми имаат праќано ваков коментар напиши ми Јас културно на сите им враќам дека лајк од мене нема да добијат па дури и сликата да е убава..... Луѓето од толку што се опседнати со фејсбуков забораваат колку повеќе вреди еден искрен комплимент што ќе ти го каже некоја личност лице во лице од колку 1000 лајкови кои ги има заработено со молење....
патетики живи. Не знам зашто им значи толку еден лајк Многу пати ми пратиле линк и ме замолиле ама секогаш сум ги игнорирала. Глупости, не се врти се околу тој фејзбук пак..Ако имаш 489480432 лајкови нема да бидеш подобар во апсолутно ништо така да...