Само што ме замоли за лајк бившата на дечко ми.. Една што долго време пред да тргнеме се обидуваше да не спречи, никогаш да не се случи тоа... ох леле... кај стигна светот...
Тоа го прават луѓе кои се искомплексирани од нивната неуспешност да привлечат внимание.За жалење се, не им замерувам.Никогаш нема да се спуштам на нивно ниво и да се расправам.Порано ми кинеа живци и едвај се воздржував да не им залепам во фаца, ама сега сфатив дека не се достојни на моите зборови. Едноставно игнор, нека продолжат да се задоволуваат и чувствуваат важни со лајкови. Ќе пораснат некогаш, се надевам барем.
Уфф колку ме нервира кога ме молат за лајк И што дека ќе имаат 200 лајка? Поубави и популарни ќе се ? И затоа решив да не се нервирам и ако некој ми пише на чет ееј срце ај лајк ја враќам: ,,Лајк - 5 ден. Коментар - 10 ден. `` Или едноставно доколку не ги знам во живо ги игнорирам
Многу ме иритира кога некој ќе ми пише- ај лике плс... леле не можам да поднесам и најчесто ништо не им враќам, а кога ќе се изнервирам само Remove from friends и готово
ја им ставам лајк кој ке побара ама во последно време бидејќи се појавуја мн вируси на фб со овие линкови прво прашувам што е тоа а ако ми барат некој што не ги знам више и не ставам лајк
Навистина неможам да ги сфатам овие личности што паѓаат до тоа ниво, за да молат некого за лајк...Не ги разбирам што ќе постигнат доколку имаат повеќе лајкови. Со тоа нивно молење самите ја покажуваат нивната незрелост и глупавост...
Ги мразам и глупине наградни игри на ФБ, на кои треба да ти ставаат лајкови за да добиеш награда. Ајде сеа, на сите пријатели ќе им барам лајк бе! Шо не смислат некој нов подобар начин на наградување, а не вака да ги наградуваат најбессрамните и досадните... Глупости!
ужасно ме нервира молењето лајк .. се случувало и да избришам неколку пријатели за тој лајк ... подобро еден од срце отколку 100 молени !
DEVOJKI VEMOLAM DA MI ODITE NA PROFILOT NA FB I DA MISTAVITE LAJK NA SLI4ETO KAJSTO MI SE ISPR4ENI USNITE I PRAKAM KISS4E MNOGU MIE VAZNO SE NATPREVARUVAME KOJ IMA NAJUBAFI USNI VE SAKAM SITE TOPSTE MWA!!!111 А доколку сме сериозни, не ги земам таквите молби за озбилно, едноставно стискам лајк ако побараат, зашто и онака тоа е 5 секунди работа, а на интернет понекогаш губам и цели часови во најобично и бескорисно сурфање. Вака барем знам дека као луѓето на кои им ја исполнувам оваа „света желба“ ми се благодарни, особено ако потоа победат во некое од илјадниците безвезни натпреварувања со лајкови.
ЗНАЧИ МЕ НЕРВИРААААААААААААААТ! ШО СЕ ВИКА, УШЕ МАЛЦЕ ЌЕ БАРААТ ДА ИМ СТАВАМЕ ЛАЈК НА КОМЕНТАР! http://www.facebook.com/pages/-ee-moze- ... 3325888568 http://www.facebook.com/pages/Eeeemoze- ... 4969556026
Според мене од ова победна работа нема!Ич ама ич не се замарам колку лајка имам на слика на фб или коментари, од тоа животот не ми зависи..Нит молам нит ке молам.А посебно ме нервираат девојчиштана што се сликаат со пола цицки извадени надвор! И имаат по 200 лајка. Финтата е ти да имаш толку лајка али облечена а не соблечена! А што е најбедно во последно време ако објават нешо на ѕид и на тоа те молат да им стаиш лајк еј!
Се сложувам со тебе, ако е за така, ајде да поченеме сите така, и да молиме за лајк, и фб да се вика бодибук.
Чим се жалите за луѓево кај нас, не сте виделе во Америка :Х .. Пишат статуси со кој што молат за лајк и коментари(освен молењето на чат)... ама не правам муабет за еден,туку 5 дена молат за една слика, и после ќе ја сменат за друга и пак 5 дена за неа. Да не ми беа блиски пријатели од детството, би ги избришала за миг.