ПОБЕДНО нешто од молење за лајк нема.Ако на некого му се допаднало нешто што си објавил или некоја слика ќе стави лајк и без тоа а ако не му се допаѓа ни молење ни ништо не помага.Кога некој ќе ме моли за лајк јас веднаш деллит од френдс и толку.
Не придавам големо значење на тие што ке побараат лајк. Прво, не ме молат. Второ, ако замолиш може и да добиеш, грубост не може кај мене. Трето, ако ми одговара ке ставам лајк, ако не одговара - игнорирам. И знам што понатака тука да се коментира.
нешто што најмногууу го мразам е молење за лајк... навистина ако ми се допадне нештото самата ќе го лајкнам, а не да досадуваат на секоја минута... мислам навистина
тоа е невидена катастрофа и е безвредно глупиране!ако нешто што го има и ми се допадне ќе го лајкувам,ама ако не зошто ми е!па и тие колку се понижуваат со тоа и што демек кој ке собере најмногу медал ќе му дадат!ај да е на пример нешто што стварно заслужува поддршка,да собираат гласови за нешто големо,за некој настан,ај како ми како ама за слики или статуси и најчесто ги игнорирам и не ги лајкувам
Тоа ми е толку ниско,просто. Ми се случило и тоа многу пати да ме замолат за лајк или само да ми остават линк на чет и "lajk <3 " Не им враќам. Некогаш ако ми се допадне тоа што треба да биде "лајкнато",ќе стиснам,ама најчесто не стискам. Ги игнорирам.
Нештото што од секогаш ме нервирало било тоа...така де , ако нештото ми се допаѓа ќе ти ставам Лајк, ако ми се допаѓа фотографијата ќе ти оставам и коментар, а не да молиш за Лајк и после викаат ехх, ти не вредиш(не си убав/а) немаш 100 Лајка како мене!
По сто пати тагира своја слика на некој начин и тоа е молење за лајк сигурно не е заради тоа што е многу убава ... реков убава бидејки девојките почесто го прават тоа додека машките речиси и не се замараат дали имаат соберено лајкови или не
па шознам изгледа некоја приоритет им е можно е да си мислат колку повеќе лајкови имаат толку се поубави искрено најчесто знаат да ме молат за лајк оние со кои не се ни знам него така ми се во пријатели и секогаш им се случува да го направат тоа во некој беден момент коа сум нервозна и си завршуваат со бришење знам да оставам али коа некогаш некоја блиска особа ќе ме замоли а за другарките .. и онака се им лајкувам абе фб глупости
Можеби некој ќе ме познае, али гајле ми е. Оваа слика ми е на профил и си се тагнувам 100000 пати на ден.
ама не ми е јасно шо мислат дека ако имаат повеќе лајкови на некоја слика многу убави испаднале??? Пффф, па ако ми се допаѓа сликата сама ќе си ставам лајк...најмногу ме нервира некој кога ми пишува: ама плс за наградна игра ми е те молам лајк, за ова ми е за она ми е, и што ќе правам понекогаш ќе падне и по некој лајк...
Малце е офф-топик. АЛИ НАЈВИШЕ МРЗАМ КОГА НЕКОЈ ЌЕ ПИШЕ: ЛЕЛЕЕЕЕЕ АМА СУМ ГРДААА. АМА БИТНО СО НЕЈЗЕ СУМ! ЛЕЛЕЕ СОНЦЕ ТИ СИ ПОУБАВА ВИДИ МЕ МЕНЕ. НЕ БЕ ВИДИ МЕ ТИ СИ БОЉА! Или ќе пише грда сум, само за сите да и пишат НАЈУБАВА СИ!
Уфф сега една ми пишува „Срце може еден лајк на сликава што ја имам ставено?“ и ја гледам сликата не е ни таа некоја жена со силикони и јас „не ми се отвора не знам што е проблемот“ (не ми се караше де) инаку колку ме нервираат вакви,а најтрагично ми е кога ти пишуваат,но не те познаваат...
Никад не сум молела, а за лајк ни најмалку. На чоек ако му се свиѓа таа слика ќе стае лајк Оние шо ми бараат лајк не им враќам а на оние шо ги знам у лице им кажувам зашо толку се понижуваат молејќи за толку глупа ствар ! -.-
А најмногу се нервирам за оние со наградине Ај лајк овде--> ... Па овде ---> Па ти да не сакаш double like -.-
Се се, ама машко да ме моли за лајк. Инаку, не сфаќам, ајде ќе му ставам лајк и ако знае дека е лажен што му/и значи. Или, ајде нека гледаат луѓето колку лајкови имам и колку сум убав/а, па нека љубоморат. Ми се гади од такви. Нека си лечат комплекси на друго место. Најчесто јас добивам вакво "молење" од 13/14 годишни девојчиња со затемнети слики и некои глупи српски не знам како да ги наречам потписи, порака?? преку цели слики и на што да стегам јас лајк?
Премногу глупа работа.... Додека имав 800 пријатели се случуваше да замоли по некое 14 годишно девојче. Сега кога ги имам околy 120 проблемот е решен
Молењето за лајк е толку очааааајна работа,ги имам решено одамна таквите што сум ги имала во пријатели.. кога ке ми рече некој ај те молам стегни ми лајк јас тоа си го преведувам како: ај те молам избриши ме од пријатели така да делит и ајде чао