Moe мислење - Треба да имаш 0 самодоверба за да молиш за лајк . И да немаш живот она во права смисла на зборот значи такви што висат на фејсбук молат за лајк и прават се да го добијат се OЧAJNI ама најсеризоно !!! Тоа го увидов од мноооооооооооогу примери. На почеток ме нервираа таквите ама уставри сега искрено најискрено ги жалам Тоа се многу несигурни луѓе трагедијата е поголема ако се сретнете со 18 19 ..... годишни кај што пубертетот завршил ... Би требало да е завршен Се на се многу лоша работа
Многууууу молат за лајк.....искрено мнгу ме нервираат и соро никогаш не им редам (освен ако навистинна ми се допаѓа) зошто стварноо претеруваат
денес имав во имбокс неколку пораки демек сликава лајк плис бла бла...потоа одам на почетна и секој втор го става линкот по 3 пати во рок од пола сат демек фора за лајк...а и со обзир на тоа што кога бев во мк се разочарав од некои луге...и до сега си правев генералка чистење...не дека имав Бог знае колку многу пријатели 100 и нешто беа ама сега имам 60 и подобро е...знам дека ниту ке ме замарат со слика лајк награди ово оно ниту една песна ке ја гледам сто пати од една особа...а додуша и онака му ја мислам да го деактивирам па ништо чудно и тоа да се случи деновиве...
Не знам зошто се залажуваат луѓето со наградните игри... И молат за еден никаков лајк, надевајќи се дека баш тие, да тие ќе добијат гратис апартман во грчка јухуу! Исто.. еден другар се занимава со фотографирање... и нормално вади пари од девојки кои имаат кеш, му плаќаат - за на крај на фб да имаат најмногу Likes на фотографиите... тоа е секако во негова корист
И мене ме иритираат со оние наградните игри, секој 2ор ми праќа молба за лајк. Ајде до некаде овие се далеку од оние "лајк за убавина и самодоверба" ама пак е замарачко. Може тоа им е и единстврната шанса да тркнат на одмор...ама пак себично се однесувам и не кликам лајкови. Ќе треба по цел ден тоа да правам...
Преку таквото ми се деновиве со тие молења за лике... и ептен да не ми се некои познати ќе направев како брат ми: Unfriend -> Remove from Friends -> Ok !!
Молењево за лајк почна во навика да им преминува на повеќето луѓе. Најмногу ме вадат од такт оние каде што треба да се стави лајк како демек за наградна игра .. бедно ми е .. Едно е сигурно, никогаш не сум молела за лајк , а нема ни да молам
Мене почна крајно да ме нервира, ретко сум онлајн на фејсбукот, додуша само по потреба. Али и пораки да ми се пракаат приватни за лајк!? Ма ајде бее.. Барем да ми пишеа.. Еј здраво, како си, добра..ај ако сакаш стисни лајк.. А не одман линк и лајк..
Дебилно нешто. Сега почнаа: Лајк на групава Лајк на песнава Важно ми е за награда. Идете лечете се бе!
- Може еден лајк? - Ма за тебе и 2. - Како бе 2? - Па така, like па unlike. До толку стигнаа па сакајќи да има уникатно име, некој израелски пар решил својата ќерка да ја крсти Лајк. Лајк - Лајка, тоа не беше куче Најтрагично, си прават нови акаунти за да си кликаат лајк. Мамо мааа... јас имам помалку лајкови од нејзее... Спојлер Пс: Ставете ми лајк, за награда ми е.
Aууу Ужас ! Невидена Патетика! У осталом ако мене ми се допаѓа ке ставам лајк и без некој да ме моли за тоа, ама кога не ми се допаѓа извини поштено ама и да ми плаќаш не ставам!
Една од причините зошто мојот број на пријатели на фејсбук драстично се намали! А оваа појава како појава, ми е смешна, трагична додуша, ама ајде...Лајк? Ма не ставам ако не ми се допаѓа, па макар и колку да ми е близок тој што бара. Болно хранење на егото. Мене ништо не ми значи еден лајк, не знам како ним им би значело?! И искрено, моето его никогаш не би се нахранило од лајк, од лајк бе, па и колку смешно ми звучи! Глупост.