Уф! Најиритирачка појава. Па толку се некои без срам, што ако те нема онлајн на чет, ке ти пратат во инбокс неколку пати, се` додека не им вратиш. А убедливо најјаки се оние кои на се` си маваат самолајк и молат за лајк и коментар, па уште и ти кажуваат што коментар да им пишеш пошто однапред си испланирале што да вратат на истиот. И како после да пуштиш срце и да им стегнеш лајк на 8 битна палеолитска слика на која 80% зафаќаат разголените т.н. гради на 14 годишњаци?!
Оф сега почнаа со овие „освој гратис апартман“ Зарем има луѓе што веруваат во ова? Стварно? Ај нека веруваат во што сакаат , нивна работа ама со ова лајковиве претераа! Па уште во инбокс ти оставаат пораки, ако не си онлајн А една што имам во пријатели па само линк ти остава од сликата, демек знаеш што треба да направиш Неможам да ги разберам, ама ако со мојот лајк ќе си ги излечат комплексите, изволте
Во неделата 2-3 пати сигурно ќе се најде некој/а што ќе побара лајкче на слика или статус, а може и песна..зависи. И ко ќе ми пишат „ај лајк на...“ им викам „ова наредба или заповед беше?“...и следи она „ама не, мислев ако сакаш“... Со една се зарчкавме па ја прашав шо е финтата ако има 21423412 лајкови и ми одговори „Другарка ми си стави нова слика на фб вчера и за 2 часа собра 100+ лајкови и одма ми се пофали, па сега сакам и јас да имам толку. И поубаво е кога имаш повеќе лајкови“.. И разговорот си течеше и течеше..многу причини ми наведе девојчето зошто е поубаво да се има повеќе лајкови ама ако земам да го пишувам целиот разговор ќе ме фати стара вечера И да, разговорот ни заврши со „Ај не ме замарај, побарав лајк-ако сакаш стави, ако не-чао“.
На таквите не мавам лајк туку веднаш им пишам коментар леле ама си грдааааа,еднаш двапати ме молеле да мавам лајк и сум удрила на некој што не го познавам и ајде да им направам кеифот ама третиот пат им пишам коментар.Подобро еден лајк ама искрен отколку илјада а да се молени.ОПочнав да ги бришам тие личности,а кога те тераат за некое натпреварување најубав или најубава ми иде да врескам,и што ако е најубава?ке и дадат лента и ке ја испратат за мис на светот?да знам и јас да почнам
Ааа многу мразаам .. што имав една пријателка на фб (ни здраво си немаме речено - онака ја знам ) се ставила во врска ми праќа да ставам лајк, се извадила од врска ми праќа да ставам лајк, ставила нова слика пак лајк ... и на крај remove from friends А за нагрданиве игри па понекогаш лајкнувам зависи како ќе ме замолат. Имам 'молено' за лајк само еднаш и тоа братучед ми ме замоли да им речам на другарките за лајк зашто тоа стварно беше наградна игра а не од овие патувањава и им пишав само на другарките
Хахахахаха што ми текна хахаха Вчера едно дете ми пишува: Еј може услуга? И ја: .. кажи Можеш да ми дадеш пасворд од фб за да пратам лајк да ми стават за наградна игра ми е? И ЈАС Ќе си приумрев на лице место. Јас на сестра ми пасворд не сум и дала, тебе ќе ти дадам
аааааааааааааааааааааа молење за лајк..има ли нешто победно? Мразам кога ќе ми пишат ај лајк на сликава па на странава па на статусов па на незнам уште што више Разбирам кога стварно им треба еве сега што има за наградна игра нешто која слика ќе има највеќе лајкови (нешто така не ги следам многу ) лајкови на слики од коктели и триста чуда за тоа океј ставам лајк разбирам.Ама за слика..па патем некоја разголена се сликала па уште моли за лајк..
E сега нешто е фората со наградниве игри со поставување на слика и ај која ќе има најмногу лајкови ќе победи. Ма катастрофа, не ми е јасно како веруваат, ама ајде. Досега никој мој близок не освоил нешто, така што не ми се ни верува, плус фејсбук е. А деновиве четот и инбоксот ми фрчат со молби за лајк. Уште чекам на wall некој да ми пише : ај pws lajk na grupava pa na slikava.
Буквално овие денови не ми се влегува на чат поради овие тапчовци кои 24/7 молат за лајк. Лајк на групава, лајк на сликава, лајк на статусот- АЈ НЕ ! Значи толку многу ме иритираат, ма дајте луѓе зарем навистина верувате дека ќе добиете некакво патување или незнам ти што таму друго што ве лажат?? Еден реферат долг 2 метра го препраќаат по 4545478 пати на ден се додека не попуштиш. Па не попуштам јас бре, инат сум и не ставам лајк па нека е крај на свет. Те моолам, ТЕ МОооолам, ТЕЕЕ МОООООООООООЛАМ ЛАЈК - ВЕ МОЛАМ И ЈАС ПРЕСТАНЕТЕ, ОВА ВЕЌЕ СЕ ГРАНИЧИ СО БУДАЛОСТ !!!!!
Едни мои другари добија од тоа гратис апартман за во Грција ама треба да си доплатиш 150 евра од човек.Така да само апартман добиваш беспари.
Утринава беше дојден еден другар од тато и кажуваше дека неговата внука од брат добила гратис апартман на Крф со се платено и плус понела уште две другарки со себе и сестра и!! Се им било платено. Веројатно не лаже!! Инаку, да и мене четот ми е полн со такви работи, ама не ставам на сите лајкови, само на некои кои навистина сакам да им помогнам!! Лага било или не, кој игра Господ нека му помогне!
А знаеш колку е СО ПАРИ апартман на Крф? 130 евра - превоз и апартман а тука доплаќаш за превоз 150, а апартманот ти бил гратис does that make any sense?
Мн е глупо да молиш некој за лајк, бедно е. ако сака да ти лајкне нешто ок. ако нејке не треба да замараш по 500 пати.
Обично не им ги лајкнувам сликите но некогаш кога сум порасположена им ги лајкнувам но многу се досадни и ме нервираат
значи најмноги мразам кога ќе ми прата ај лајк на сликава или на групава уффф очајни луѓе молат за еден никаков лајк
Мене една од феминките, не толку позната ми пиша на фб една ај лајк на страната,па на линкот, јас и’ ставив, после втор пат пак ми пишува ај лајк и јас и’ пишувам не ти ставам и не замарај.Оттогаш не ми се помолила за лајкЧе.