Мислам дека нема ваква тема. Кој молив за исцртување на веѓи го користите? Како ја одбирате бојата? Предлози и се останато ако е дупла темата, клуч.
До сега не сум користела молив за веѓи, искрено и не ни планирам, си ги сакам веѓите такви какви што ми се
Баш фино, но не сите имаме веѓи од кои сме задоволни. За нагласување на веѓите ја не користам молив, ниту сенка иако многу ми се допаѓаат убаво исцртани веѓи на друг, ама себе се доживувам ко кловн, мислам дека од 10 метри ми се познава моливот или сенката, сеедно. Џабе беа милион туторијали и мејкап гаџети кога не ми се допаѓа па затоа си користам една сува, скоро па дехидрирана маскара, нежно ги поминувам и таа си пушта така малце боичка, која не се приметува и ми изгледаат доста по природно. И ако случајно тој ден веѓите ми се нервозни и бушави на четка за заби прскам малку лак за коса ги „прочешлувам“ и тоа е тоа. Можда мојот неуспех се должи на моливот или сенката, ама Аура и Голден роуз и не се така лоши марки. Како и да е задоволна сум со изгледот што го постигнувам и со маскарата, не користам веќе молив и тоа е тоа.
Имам јас од орифлејм,али не ми врши некаква работа.Или јас не знам како да ставам или не знам што е али некогаш ставам ради реда да не ми стои така да го потрошам.
И јас не користам молив како што пишува погоре како кловн се доживувам,имам убави веги па нема потреба од ништо само така малце ги “чешлам“ и тоа е се. инаку моливот на џордани голд од орифлејм е добр(мајака ми го користи па го имам пробано)
Бев скептик за употребата на молив, бидејки лично имам убави, густи и темни веѓи, меѓутоа со малку моливче добиваат поелегантен изглед и полично делуваат Јас го имам пробано единствено, и сеуште го користам првото моливче на Есенс, 100 и нешто денари од ДМ, и го препорачувам.
Јас го земав моливчево од Грција каде што и живеам Беше 14 евра , а мене ми го даде за 10 Инаку пред 1 недела бев во Космо Тинекс како да го видов и таму , но не сум сигурна можеш да поминеш и да прашаш
Гледам моливчиња има само црни и кафени, а ја имам светли веѓи. Смешно ли ќе изгледа со кафено моливче да ставам, оти да знам дали да порачувам.
^ Има повеќе нијанси на кафено и црно, има и ептен светли и ептен темни. Најубаво да отидеш во парфимерија и да си пробаш директно, не нарачувај (ако мислиш на овие Oriflame, Avon) бидејќи голема е веројатноста да не си го погодиш
во претходниот каталог беше 150 а сега во тековниот каталог го нема,има еден друг само тој не се остри и е помала грамажата,тој е 129
здраво сакам да прашам нешто. значи јас имам дебели и темни веѓи, како темно кафеави се..е сега дали некој знае како можам да ги направам посветли пошто ми се дебели и ептен темни нејќам толку да ми се познаваат. дали има некој да ми препорача молив или гел нешто каков било совет во врска со ова? фала однапред
Јас го користам моливчето на SHE, и за таа цена (60 и нешто денари), е топ! Не се познава, дава природен изглед на веѓите, плус си има четкиче за чешлање. Го има по ДМ маркетите, мислам дека се две нијанси. Топло препорачувам.