Да го пофалам Сatrice eyebrow stylist моливчето за веѓи. Неколку дена го тестирам и многу сум задоволна. Самото моливче е посуво и потврдо бидејќи е восочно а не кремасто, што е посоодветно за веѓи бидејќи не се размачкува. Јас ја користам нијансата 020 Date with ash-ton, соодветна за руса-светло кафеава коса. Нијансата е co сив подтон, не мава на жолто/портокалово, и делува многу природно. Цена е 169 денари.
Засега користам молив за веѓи на Импала и добри се и нијансата ми е баш погодена, е сега сакам да ве прашам ми кажа една другарка имало во каталог на орифлејм како фломастер за веѓи, водоотпорен и не се бришел од веѓите неколку дена, имала ли некоја вакво?
до кога ќе бидат во мода подебели веги?! Ги растам растам и пак едната е подебела и поубава од другата
Ехее, не да забележав, ги испробував таму тестерите затоа што не знаев кој број да го земам Има уште две освен ова, 030 кое е потемно и со топол подтон, и 040 кое е исто со ладен подтон како моево само потемно. На интернет гледам има и 010 кое е светло со жолт подтон ама кај нас го нема. Инаку општо асортиманот на Catrice за веѓи е многу добар, има и сет за веѓи, сенки за веѓи, маскари за веѓи, серум, гелови, и друг тип моливи, ама јас баш ова моливче го земав затоа што многу го фалеа по интернет, на едно место дури го споредуваа со MAC. Со гел или сенки не сум пробала досега да ги обликувам веѓите. @fighter, не претеруваме ние со веѓиве, мене лично ми се ретки така да пополнувам празнини и давам убав облик, не сакам вештачки изглед на веѓи дебели пола чело Спојлер вака на пример или непријатни ситуации
@buba4e89 на NYX се профи, го имам brunette (третиот) и држи 15+ саати без поправки и не избледува. Black е тој најдоле, мислам дека таков бараш. Гелот е 500 денари во Александар Козметикс.
@sorbet точно црн барам, за сега ми врши работа моливче на алверде но проблемот е што јас не ги сакам ептен црни на почетокот (од кај носот). Баш ќе го пробам овој фала ти.
Вака , гледам многу блогерки користат нешто како туш за веги со четче и правилно ги обликуваат вегите ... Дали некој знае за што станува збор и каде може да се најде ?
Има ли некој предлог за тоа каква боја, и на кој начин да го аплицирам моливот/гелот? Веѓите ми се природно многу густи и скроз црни, а дека и подебела форма одржувам, кога користам црно моливче, дури и кога не нанесувам многу изгледам ко пијавици да имам над очиве, а ако не ставам ништо целокупниот изглед на лицето е недовршен
Зошто не пробаш да ги обликуваш веѓите со прашкаст производ, со помош на аглеста четкичка? Мислам дека така ќе добиеш најприроден изглед, барем мене најлесно ми е со сенка да ги средам веѓите.
^ И јас со сенка ги средував до сега веѓите ама си купив моливче за веѓи од авон, не остава многу боја и ми е океј. Сеуште барам водоотпорно иде лето па некое што го има тука у мкд, додека да си нарачам од бјутбај.
Користам од аура моливче бр.1, веќе 2 години и уште не ми е потрошено тоа истото. Презадоволна сум од квалитетот и од цената, ако памтам добро не поише од 120 дена го платив. Ви велам се уште не ми е потрошено а го користам секојдневно. Имам прилично густи веѓи така да ова ми доаѓа handy за пополнување само на некои празнинки.
Јас користам моливче од ГР тие што им се поновите, precise longstay, и да ви кажам за џабе си лупнав 300 денари кога баш никаква разлика не забележувам во споредба со другите нивни моливчиња за веѓи што им се по 120 денари. Имаат убави нијанси од ГР ама голем недостаток им е што не се долготрајни, мене еве и од ова новово моливче после два сати откако ќе нанесам се размачкува ептен