Ми се потроши моливчето од L.O.V Сега само од маскарата(така ли да ја наречам) за веѓите ми остана. Па решив да испробам ново нешто. Од BHcosmegics ја купив палетава. Ја земав темната пошто ми одговара.. Темни веѓи супер се аплицира. До сега само мочивчиња користев па да го видам и ова чудо
Мислам дека имаше да не те излажам,цената е до 100 ден горе доле бидејќи зимав повеќе работи не се сеќавам точно.
Јас не сум користела никогаш една пријателка ми подари едно моливче на Malena нијанса 101 и колку што проучив како се користи еве добро се покажа
Има црно, околу 130 денари е. Јас го користам ама позадоволна бев од она на S-he ама за жал не го наоѓам веќе со месеци.
@marama моливчето за веѓина Есенц ептен ми се допаѓа, само да не се крши кога ќе се остри. Фала за препораката.
И јас ќе се убацам ако не е проблем На нашиот пазар како како подобри би ги издвоила NYX (околу 500 денари) и Инглот (околу 600 денари). Има неколку нијанси така што верувам дека ќе си ја погодиш бојата на веѓите. Има и на Есенс околу 200 денари е, ама гелот е ептен лош. Постои само една нијанса и не е пигментиран. Исто како со путер да ги мачкаш веѓите, се разлева на сите страни и воопшто не можеш превизно да ги нацрташ веѓите.
@sorbet си го користела гелот за веѓи на Инглот? Најдов многу убава светла нијанса како за мене, ама не познавам некоја која го користела. Можеби @Artemission го користела?
@Mishela за жал не. Јас бев повеќе по моливчињата, од неодамна почнав да користам гел за веѓи и ги имам на Anastasia Beverly Hills и Revolution. Немам во план да го купам наскоро од Inglot ама ме интересира и мене мислење од некој што го пробал.