@Mishela го пробав еднаш кога пазарев но не го купив зошто имам да дотрошам два гела . Гелчето издржа на топло, дава убава пигментација и прецизно се исцртува со него. Имам читано позитивни рецензии и плус девојката од продавницата ми го препорача, така да морам да се подновам со едно.
Зависи каква боја ти е косата. Јас обично бирам некое најслично до мојата боја на коса. Пробај некое од Голден Роуз тие најобичните моливи за веѓи. До 100 денари се, има преголем избор на нијанси и супер си ја вршат работата.
Дали аура, гр или катрис имаат гел за веѓи? Од оној што е како маскара и фиксатор а воедно и боја да остава при нанесување?
Катрис и Голден Роуз имаат таква „маскара“ со боја, Аура имаат безбојна. Таа на Катрис ако не се лажам е само во една нијанса, додека Голден Роуз имаат повеќе нијанси. Исто така што имам гледано од другиве брендови: Есенс (патем ја споредуваат со Gimmie Brow на Benefit) и има две нијанси, Тренд ит ап имаат таква маскара во три нијанси, Мејбилин мислам дека има две нијанси, Инглот имаат во повеќе нијанси. Ти набројав еден куп . Јас користам од Лореал ама одамна е повлечена од продажба.
Ми се допаѓа сампоостречкото моливче на Голден Роуз, но за жал ми е скапо и плус многу брзо се троши Препорачајте некое самоостречко од кое сте задоволни?
И Аура самоостречкото е многу убаво, ама мене и тоа ми е скапо. Околу 330 денари за толку малку...никогаш повеќе. Има околу 2 сантиметри гравит, ми траеше одвај месец и пол, значи стварно одвај. Ептен брзо се троши и не би го купила пак. Самоостречкото од Авон ми е одлично, плус често е на попуст и може да се најде за 89 или 99 денари. За тие пари е прекрасно, плус нијансата ми е скроз погодена. Има и некое ново самоостречко, ама и тоа е 300 денари. Јас си ја купувам старата верзија, зашто тој молив е многу поевтин и повеќе ми се исплати.
Јас сум презадоволна од Avon Mark perfect brow sculpting моливчето. Спојлер: слика Го имам во нијанса deep brown (има 5 нијанси), кремаста му е формулата, лесно се нанесува и можеш да го користиш или само за пополнување на неправилности, или за подраматичен изглед, како ќе посакаш. На навртување е, графит има колку 2-2.5см што и не е реално баш многу, ама сепак би го земала и понатаму зошто од сите продукти за веѓи ова досега најмногу ми се погоди. За цена не сум сигурна зошто го добив, не го купив, ама можеш да провериш во некој каталог
Фала ви @Mishela и @MagsDestiny И тоа на ГР е исто околу 300ден. А ако имате предлог за некое достапно во маркетите, супер ќе биде. Од Авон немам како да нарачувам. И ако не е самоостречко, нека е барем тенко, да не мора често да го острам
Тоа што го ставила Магс е мислам поскапото. Варира со цената, ама никогаш не било стотина денари. Ако не ти се даваат многу пари а сакаш убав молив, не се воопшто лоши обичните на Голден Роуз. Јас од нив си купувам најчесто. Тој од Авон ми е при крај и зашто не ми се чека дури ми стаса моливот од Авон, ќе си купам од ГР. Мислам дека е околу сто денари.Нема баш тенок врв, ама и кога е неизострено мене ми е добро затоа што има некоја кремаста текстура па лесно се бленда и нема баш простор за правење грешки.
Мишелке, баш ме заинтересира сега за цена на Avon Mark моливчето па ѕирнав, во каталог (кампања 15) стои под цена од 149 ден., ама намалено од 450 ден., што е ептен нонсенс цена за толку малку продукт И дури сега се замислив колку вреди да го купувам другпат, можда ако го чекам на попуст
Предлог кафено моливче со ладен подтон? Го користам моментално лонгластинг моливчето за очи на Есенс, супер е пигментирано но е со топол подтон. Го имам и тоа за веѓи најсветлото, но многу е тврдо и не можам прецизно да нанесам. Да не биде повеќе од 200 ден.
Знаев дека имаше некоја многу безврска цена, значи не било ни 300. Седум и пол евра за молив...не благодарам. Искрено не го следам варирањето на цената на овој, зашто ептен ми одговара тоа старото издание, ама и 150 не е лоша цена. Си мислам дека во некој претходен каталог беше околу 300-320. Нема врска, добро е да се знае дека го бива, ако некогаш го има вклучен во некој сет, па и не би било лошо да се лапне за 300 денари. Ама вака...no tnx. Да видиш од тие најобичните Голден Роуз (со четка на капачето) бр.306 дали ќе ти одговара. Не е баш кафено, повеќе би рекла некоја светло смеѓа нијанса ама би требало да ти одговара. Барем така мислам.
Сите самоостречки на Авон имаат топол подтон, за жал. Мене воопшто не ми се допаѓа како личат на мене. Преферирам ash нијанси, сега за сега на Аура користам, ама и јас мислам дека е скапо за толку малку производ.
Мислев дека ги нема веќе откако ги донеасоа новите, а тие ми беа скапи. Бојата ја видов на нет и е баш како што барам. Фала ти многу!
Мене ми се допаѓа моливот на Focallure(ваљда го напишав правилно). Едина мана е што ќе чекате малку повеќе време.
Јас сум збунета со овие Фокалуре. Има Фокалуре што не се продава во Кина и е круелти фри, и има повисоки цени него она Фокалуре на Али.
Мене ми го пратија од Ireland ама јас не нарачав од Алиекспрес туку од Joom. И мене ми беше чудно кога прочитав Ireland.