Дали знае некој каде можам да го купам Catrice Brow Comb Designer Pro молив/чешел за исцртување на веѓи?
Сакам и јас такво за веѓи што се нанесува и потоа се лупи. Има релативно подолготрајни ефекти. Знае ли некој кај може да се најде ова во државава ?
Каде да го најдам чудово кај нас, го имате ли видено? На шминка.мк го нема, голден роуз, александар козметикс? Не ми се чека 2 недели, плус повеќе ќе потрошам со сигурност ако нарачувам онлајн.
Може онлајн преку нивната официјална страна да го порачаш, треба да го има бидејќи е нивен продукт, а на шминка.мк го немам приметено. Вакво слично има на maybelline, истата функција ја има ама брендот е друг. Треба да е 500-600 денари.
Фала ти, го најдов на нивната страна ама и шипинг 4 евра има, тоа ме нервира. Ќе видам рецензии од ова на Мејбилајн, ако е исто добро повеќе ми се исплати тоа.
Чисто за инфо, ова на maybelline е вртоглави 719 денари. За 800 денари од страната на револушн си нарачав палета сенки троа поголема, 2 бронзери, и сјај, и плус brow tintot. Со се достава! Maybelline, FU.
Може да ми предложите добар молив за веѓи? Досега користам само сенка за да ги пополнам, но сакам да направам мала промена
Ти го препорачувам овој од Golden Rose: Има избор на нијанси, препигментиран, мек, многу лесно се нанесува и е траен. Околу 300ден е. Единствено е лошо што малку брзо се троши ако го користиш секој ден. Но навистина е преубав
Некое моливче што не се троши брзо ? многу брзо ми се трошат моливчињата едвај два месеци ми издржуваат. Сакам некое што ќе ми трае подолго .
Види ги тие од Catrice со четка (spoolie) од едната страна. Не се сеќавам на цената ама гравитот на тој молив му е посув па побавно се троши. Гледај кога пробуваш молив, да бираш некој посув за да не се нагмечува кога ќе ги црташ веѓите. И не земај од овие новите "микро" моливчиња со тенок гравит зашто имаат многу мала количина внатре и дури и мене ми се потроши за месец дена, а не се ни шминкам секој ден. Јас го имам тој од Голден Роуз класичниот, на острење е ама има така помек гравит па приметувам дека брзо станува тап ама не ми се троши брзо. Го имам повеќе од 4 месеци секако.
Кој е подобар од овие? Не ми се даваат 300 ден. за молив за веѓи, па решив да пробам некој од овие. До сега користев за Есенс но многу е тврд и слабо пигментиран.
Мене на Голден Роуз два пати ми се има погодено катастрофа моливче. Не се оштреше како што треба плус се кршеше цело време. Јас на Флормар си купувам константно.Ептен ми е погодено.
@Elence93 од Golden Rose (Dream) и мене воопшто не ми се погоди. Премеко е моливчето, на секое наредно острење се крши, мислам дека пола го потрошив само во острење. Многу интензивна боја испушта, невозможно е само едно место да пополниш. Претходно на Essence го користев, тотална спротивност од ова погоре. Тврд гравит, прецизно може да се доцрта или пополни. Мене нијансата и најсветлата од таму ми двоеше. Значи немам толку светли веѓи колку што не можам бојата да си ја погодам. Следно од Catrice ќе земам за проба.