Јас имам едно моливче залутано, поим немам која марка е (веќе е избришано името), а и не знам од каде ми се најде во несесерот. Мислам дека мајка ми купи неколку во различни нијанси за неа, па ми даде и мене едно. Немам тенки веѓи, ама некогаш сакам да ги потполнам на некои места за да бидат во уште поубава форма. А за чешлање, имам едно четкиче што го купив во комплет со четки за шминкање и сега засега, добро си ја врши работата
Отсекогаш ми било глупо доцртување и потенцирање на веѓите со моливче, од причина што имам пробувано и секогаш изгледало превештачки. Арно ама, нарачав од Авон самоостречко моливче за веѓи, кафеаво, не црно и ептен сум задоволна, ако правилно се употреби воопшто не се познава дека имате ставено нешто. Мене надворешната половина од веѓите ми е ептен светла, и зависно од светлината некогаш ми изгледа ко да ми се плаво-жолти и затоа се решив да користам моливче. Начинот на нанесување ми е следниов - нежно поминувам преку веѓите, не притискам, зошто така ќе пушти многу боја и нема да изгледа природно, и откако ќе нанесам доволно боја, со четка за заби(која ја користам само за веѓи ), или специјална четка за веѓи, ваш избор, ги "чешлам" додека бојата се распореди рамномерно...
јас постојано користам молив за веѓи, некако многу се навикнав и сега неможам без него... најубав до сега ми беше Artdeco-то, но и Misslyn-от кој го имам сега не е лош, а од oriflame имам еден и искрено ми иде да го искршам, има никаква боја што на ничии веѓи не одговара...
Каков е составот на моливите за веѓи, посув, потраен или? И на тие сенките? Обични ако се, би паѓале брзо... Јас ставам еден обичен молив, ама не пушта боја многу, и затоа ми е за веѓи, ама сега сакам некој друг, или пак сенки
За сенките не знам, ама моливот, да, посув е. Порано користев од Oriflame (од тие за веѓи), но сега имам од Golden Rose (не е специјално за тоа) и многу ми е поубав, а и поефтин е.
Еве како се нанесува моливот за веѓи. Иначе досега немам користено молив за веѓи, со молив за очи се имам правено ама многу вештачки изгледа. Иако мислам дека немам потреба, планирам за брзо време да си набавам, чисто да ја видам разликата. Ај препорачајте ми некое со четче , по ефтина цена само да биде.
Баш се двоумев дали да го порачам моливчето од Авон. Се мислам помеѓу кафеното и црното, ама се плашам црното да не ми ги направи многу темни, а имам светли веѓи. Многу е малечко иначе 0,25 ml, не го истроши ли брзо ?
Не, не ми е ни до пола потрошено, ма да јас и не го користам секојдневно, туку од време на време, а и плус нанесувам мнооогу мала количина, за да не изгледа нападно и вештачки.
Од ЕССЕНС нааај наајдобар молив за веѓи , слушам го фалат и артдеко ама овој не го менувам плус и четкичка даваат...
Ај препорачајте ми добро моливче за веѓи, имав на Голден Роуз си ја вршеше добро работата, ама веќе е при крај, а и сакам да пробам нешто ново. Плус и косата сеа ми е потемна, сакам една нијанса потемно и моливче. Не е битна цена, и така многу време ми трае. Две години како ми е веќе овој што го имам, се исплаќа за толко време, колку и да чини.
Веќе неколку години поред го користам моливчето на Oriflame,мене ми е супер,ептен сум задоволна.Го има во две нијанси,евтин е,а долго време се користи.
Ги користам моливчињата за веѓи на Rimmel и Essense, и што знам, не можам да определам кое е подобро, не гледам некоја голема и ептен воочлива разлика - молив као молив, ма да она на Есенс ми е за нијанса помеко.
И јас го користам римел моливчето и со помош на камуфлажот и посебно четкиче што го имам, добивам прилично добри веѓи. (Ги имам ама кога ќе ставам пудра ми се проѕирни ) Оваа техника горе-доле... http://www.youtube.com/watch?v=wW-Szeg-aaU Спојлер Само јас ставам плус од камуфлажот одозгора
До сега имам користено само импала и артдеко. И двете се добри, но артдеко е далеку подобро од импалава, но и дупло поскапо. Но според тоа дека се користи доста долго се исплаќа да го купиш и поскапото.