Постои ли нешто за веѓи што доаѓа во пакување како маскара? Не да има молив од едната страна па четкичка за размачкување од другата страна, туку исто како маскара во тубичка и да се нанесува со таа четкичка? Може глупаво ми е прашањето, ама не сум многу по шминките
Има вакви и од Есенс, со мало четче од маскара. Само ако ти е за класично пополнување, нема да ти врши многу работа. Понежен ефект дава од моливче. Мене ми се допаѓа. На почеток ми беше чудно многу, сега се навикнав и баш сум задоволна од ефектот, ги држи веѓите на место и им дава малку боја.
Ја купив маскарава за веѓи од Аура и нијансата ми е топ - светла и скроз погодена за моиве светли веѓи. Но, претешко се вади. Значи препрепретешко. Скроз невозможно ми е да ја извадам темелно - не маслен чистач, масло, гел, значи ништо не ја вади. Ако некоја друга ја користи - помагајте другарки. Џабе држи по цел ден, одвратна ми е за вадење. Како се вади чудово? Се утепав од миење и пак кога ќе си пројдам со рака низ веѓи осеќам остатоци под прсти. Скроз грозно искуство, не би ја ни дотрошила искрено, ама додека најдам поасална нека врши работа.
Само за влакната е, не е ко оние маскари за веѓи со ефект на тетоважа. Ама се фаќа за секое влакно ко слеп за стап, буквално. Живци искинав со вадењево. Дајте чаре ако знаете. Баш ко восок да имам на веѓите, такво е чувството.
Ова од Maybelline е такво ко што бараш, само провери дали сè уште го има, да не го повлекле од продажба.
Исто искуство имам, многу тешко се вади. Почнав да ја користам кога сакам цел ден да не мрднат, а ако не ми е битно ја користам старата. Да им пишеш ако ја имаат некаде старата да ја земеш, таа е слична на Есенс ама според мене подобра.
Фала ти, ќе им пишам па се надевам ќе имам среќа да ја најдам. Таа верзија на маскарава бев во план да ја купам, ама не најдов и завршив со оваа. Секоја чест за тоа како ги држи веѓите на место, ама никако не би ја купила по втор пат.