Сакав и јас да го пробам ова, ама по грешка наместо ова моливче од Catrice, сум купила исто такво од Essence. Брзав и не заприметив дека пишува Essence, затоа што некој го ставил во Catrice моливчињата и се измешале. Ама моливчето баш ми се допадна. Ко за по грешка купено, топ испадна. Би го пробала и ова, чисто колку да ми пројде меракот. Тоа од Essence е многу слично со тоа micro моливчето од Аура. И доста брзо се троши, тоа му е единсвтениот недостаток. Друго сè си е супер, баш сум задоволна.
Ќе го пробам баш и тоа, сега моментално додека сум на одмор пошто ова на Catrice ми се искрши, земав од Лидл , на Cien, не е лошо за евро ипол Сакам да пробам и со фломастер, оној на Лореал, се сакам да пробам и јас
Ова е најдоброто нешто за веѓи што го имам пробано! Само мора да пазите како нанесувате, едно мало невнимание и треба да бришете се од почеток.
Не сум ич вешта за шминкање помош со што да си нацртам влакненца на почеток на веѓите ич немам влакненца а вака ми се густи, црни веѓи имам, имам дома свашта зимано и маскари и сенки за веѓи и моливи и не се црта добро ко замачкано стои неприродно во живо ќе делува пополнето а на слика пак не
Некни го фатив и го оставив. Некако скапо ми се виде а не знам колку му е трајноста. Имаше мислам две нијанси. А одамна го меркам. Штом е толку добро ќе го земам. Само да видам нијанса.
Јас вакво земав од Аура и премногу е добро. Ептен бавно се троши и воопшто досега ми се нема скршено. Веќе со месеци го користам.
Предложете ми за веги ама ем да бои ем да ги држи вегите, такво со четче, како на Есенс ама да не е Есенс, не ги држи вегите воошто. И гел да има во него.
Јас не цртам ни па ставам нешто на веѓите, ама другарка има едно на NYX како тубиче со четче како на маскара мислам дека е ова и е многу задоволна.