Јас не ве сфаќам со нацртаниве веѓи, особено онакви како на оваа од видеово погоре. Нели беше целта да изгледаме поприродно? Мене лично селски ми изгледаат исцртани, обоени, насликани и не знам веќе какви веѓи, па со истакнати лакови. Не оние со една линија, туку бааааш исцртани, дебели. Ако пудрата ви ги покрива, само прочешлување со четкичка за веѓи со малку вазелин си врши работа и те како, ама боењево не ми е јасно, а ниту пак ми изгледа убаво.
Па добро не е за секоја пригода, нормално нема за денско кафе или прошетка да си ги нацртам ама кога ќе имам појака шминка, ќе го направам тоа. Мене не ми изгледааат како на видеото, не ги продолжувам екстра и слично но барем ги истакнувам. Ни четкичка ни вазелин не помага на тој што стварно нема природно убави, (не воопшто)густи и светли веѓи, а темен тен, и темна коса.
Мене стар римел ми врши одлична работа. Секогаш кога ќе купам нова макара, старата ја оставам отворена преку ноќ за да се исуши. Природно имам темни веѓи, ама влакната ми се ретки, како и косата. Со римелот се исполнува просторот меѓу влакната. Исто така имам многу ретки и кратки бебешки влакна како залистоци во косата, и некогаш и тој дел го исполнувам на истиот начин. Голем плус со реткиве влакна е што немам многу на нозете...
Користам едно шашаво Габрини моливче од пазар, околу 70 ден. и ми трае точно по една година. Бојата е кафеаво-чоколадна, само им давам облик за поприроден изглед. И никој не забележува дека ги „пополнувам“ веѓите. Значи дотолку добро и природно делуваат. А не сум фан на строго исцртани задебелени веѓи, што од километар се познаваат. Ми делуваат смешно и вештачки.
Порано ги цртав веѓите,но имам јас тенки веѓи и сосема природни изгледаа. Сега веќе престанав,бидејки како некоја обврска ми беа.Ги цртав зошто не знам како со чупање некако им ја изгубив формата на веѓите,но фала богу се спасив и од тоа.Почекав извесно време да ми пораснат и направив супер форма на веѓите.Не ми е потребно цртање. Инаку оние што имаат дебели и темни веѓи не разбирам што е поентата тука од цртање веѓи? Искрено делуваат многу неприродно-вештачки!
Го користам ова скоро секој ден и сум презадоволна, малку само ги пополнувам веѓите пошто ми се малце чудни, доста ми се ретки а долги влакната и некако малку кога ќе поминам низ нив ми личат како погусти, нормално не ги обликувам со него, така па многу вештачки ми делува. Иако сум плава некако имам потреба малце да ги затемнам пошто многу некако бледо делувам. Можам и без него ако сум само до факултет или така излезена без врска на саат два. Исто така ова светлото моливче го користам како хајлајтер за под веѓите, малку кога ќе го ставите и размачкате прави огромна разлика на веѓите некако поистакнати се, поубав го прави обликот. Се на се моливчево е петка
Како да си ја погодам соодветната боја на моливче? До сега никогаш не сум употребувала и страв ми е да не одберам многу темна или многу светла па џабе да е...
Ако имаш светла коса ќе си бараш моливче со ознака blonde или бледа кафеникава нијанса, накај кожа боја. Ако си бринета ќе си земеш топла медова или кафеава нијанса на моливче, а доколку имаш потемна боја на коса/веѓи ... си бараш темна боја. Види си на рака како стои нијансата, спореди си со бојата на веѓите и ќе знаеш дали да го земеш или не.
„Правилото“ е дека ако имаш светла коса, треба да земеш моливче една нијанса потемно од твојата боја на коса, а ако имаш темна, моливче што е една нијанса посветло. Он топик: Користев молив за веѓи од Oriflame, а сега ги цртам со закосената четка на Essence и мат кафена сенка. Поприродно и „помеко“ ми изгледаат кога ги цртам со четка, кога ги цртам директно со молив често знам да се занесам и премногу да ги затемнам Имам и четка како на сликичката подолу, па за најприроден изглед и нанесувам малку од кафената сенка и нежно ги четкам.
Од неодамна станав црвенокоса и проблем ми е да си најдам соодветно моливче за веѓи. Навистина поим немам какво да одберам. Веѓите ми беа упадливо различни во споредба со косата па морав да ги осветлам. Сакам дефинирани веѓи, се шминкам ептен пин ап а дефинираните веѓи се голем дел од тој изглед. Мал совет од црвенокосите ? Со што ги потполнувате вие веѓите ?
Девојки совет за молив за веѓи каков да земам марка,бројче и цена ...зашто никако да си погодам или е пресветло или претемно имам темна кафена коса а веѓите некако чиниш ми се накај сиво-црна боја чудно и затоа неможам да си погодам, а сакам да ги пополнувам веѓите зашто ми се ретки. Паа хелп еве ви ставам и слики да видите за каква боја на коса и веѓи ви зборувам.Фала однапред
Девојки, има ли кај нас вакви палети специјално наменети за веѓи? Јас користам моливче, ама сега имам една убава четка за веѓи која мислам дека ќе испадне многу поубава варијанта, ама немам соодветна сенка. Прочитав низ темава дека некои од вас користат обична сенка за очи, ама сите мои сенки имаат светки. Имам една убава Seventeen палета што според боите ми одговара на веѓите, ама таа па колку светки има... Ептен се познаваат. Евентуално да ми препорачате некоја долготрајна мат сенка?
Сигурно си налетала на него веќе низ темиве, има на Есенс дуо сет за веѓи, со потемна и посветла нијанса. Јас го имам и задоволна сум, веѓите изгледаат сосема природно и ненападно: Во комплет оди со четкичка и со три шаблони за веѓи, но јас не ја користам четката од сетот, а шаблоните ми беа тотално бескорисни и ги фрлив одма Си користам моја закосена четкичка за гел-туш и ефектот е убаво обликувани, природни и ненападни на изглед веѓи. Инаку, доста ми се светли веѓите, а косата ми е плава, па посветлата нијанса совршено ми одговара (ова во случај и ти да си светла како мене ). И да напоменам, треба да се биде доста нежен при нанесување, зошто сенката е доста пигментирана. Комплетно се мат и двете сенки, без никакви светки во нив. 195 денари чини сетот
Веѓите природни ми беа дебели, но со тек на време од средни отидоа до тенки, па пак ги вратив на средни. Е сега ми текна дека сакам да си ги пуштам природните. Свесна сум дека ќе треба 2,3 месеци за да се пополнат местата кои што ги сакам, а и знам дека и после тоа нема баш да бидат исти влакната како што биле некогаш. За да не се шетам така чудно подрасната купив моливче на S-he, некоја темно сива нијанса ама премногу ми двои од моите. Со црно моливче не ни помислувам да ги правам ама ми треба препорака за нешто потемно а да не е баш црно.
Марамке, пробај со сенка за очи, јас така некогаш правам. Со четкичката само ги поминувам веѓите, без да ја брцнам во сенка, туку со она што ми останало на неа од претходната употреба. Можеби и нема да ти одговара и ќе ти е темно, сепак пробај со благи поминувања со четка и сенка на веѓите. Мене ми одговара зошто имам баш изразено црни веѓи, не ми се некои светли. Апропо на темава, некогаш користам и моливче за веѓи, а тоа е црното на Есенс. Веќе заборавив кога ми е купено, а не ми е потрошено ни до пола.
Темно кафеаво, Марамке. Јас имам скоро црна коса, па темно кафеавото делува некако „помеко“ за разлика од црното. Имам гледано и видеа на you tube блогерки кои препорачуваат строго темно кафеаво (а не црно) за темнокоси.