Користам молив од flormar број 401, кога го купував се мислев дали да ја земам оваа нијанса или пак потемната 402, но сепак се одлучив за оваа и презадоволна сум бидејќи моливчето не пушта многу и доколку знаеш да го нанесеш се доаѓа до совршен изглед на веѓите, инаку цената на моливѓето е 100 денари http://www.sezoncode.com/templates/icle ... 536&w=1024
Jenniffer 115 ден. јас го земав од Ри-ма парфимерија во Бисер, но го има секаде кај што продаваат нивни производи, ДМ, Еликсир...
Јас веќе пола година го користам моливчето за веѓи на Есенс, Essence eyebrow pencil, 02 brown, кое чини околу 115 (+/-) ден. Претходно користев молив за веѓи на Флормар, чија нијанса неможев да ја погодам со моите веѓи, а и прелесно се вадеше моливчето, па околу веѓите бев кафеава. Ова ми е најсовшреното и по цена најдобро моливче, зошто јас незнам како ама брзо го трошам моливчево зошто го острам на скоро секое ставање. Оценка 10/10 зошто ми одговара на бојата на моите веѓи, ефтино е и лесно се нанесува без да ги прецрташ и недоволно нацрташ веѓите.
Некој молив или сет за обликување на веѓи во оваа боја (иако наликува црна, сепак не е толку силно дефинирана, пигментирана)? Не сакам да ми се премногу црни, а ниту пак ми се светло кафеави веѓите за да можам кафеаво да ставам, па никако не можам да си погодам боја. Инаку веѓите ми се посветли од овие на сликата. Го барав овој сетот за веѓи на есенс (од предходниот пост) претпоставував ќе ми се погоди ама никаде не можам да го најдам. Предложете ми каде има поголем избор на нијанси
^ Сетот за веѓи Есенс го видов во ДМ што е во Верото. А такво навидум црно моливче имаат Артдеко, не ми текнува кое бројче беше зашто не е мое - мајка ми си го користи. Малку се поскапи од стандардните моливи, но во секој случај нема да ти се поторши за брзо така да, исплатлива варијанта ти е.
полош молив за веѓи немам видено досега, боите не одговараат на ничии веѓи а и воопшто не ни црта, ко дрво да ставаш