Девојки а со што го дефинирате изгледот на веѓите,т.е. одкога ќе ги нацртате под веѓите ставате нешто како светла сенка ? Не можам да дефинирам што е ТОА точно што го ставаат девојкиве по YouTube
Јас откако ќе ги средам веѓите, на крај ги поминувам со безбојна маскара за да ги фиксирам. На тој начин сенката или моливчето што сум го нанесувала не се приметува затоа што се разнесува низ должината на веѓата и визуелно ја зголемува густината. Треба малку да се внимава за да не се разнесе (ако се работи со сенка) по кожата, но тоа се случува само доколку има нанесено повеќе отколку што треба. Светлата сенка на долната линија од веѓата е хајлајтер или мат бела сенка. Мене вака ми делува премногу вештачко, ко шминка за сценски настап. Целта е да се постигне природен изглед, а не претерано дефинирање на обликот со светло-сенка.
Јас користам молив за веѓи, но го правам ептен да се ни позава. Мојот е иста боја со косата и кога ставам, ставам малку само да поправам некои недостатоци, а во случај да ставам поголема количина на едно место го разнесувам низ целата веѓа, така да не се позанава много и повторно го добивам поскауваниот природен изглед на некој начин
Можеш коректор да ставиш со мала четкичка, и така плус ќе имаш по рамна линија, нема да имаш ништо рашмрљано
девојки може ли да се постигнат вакви веги со моливче и да ми препорачате некое? И туторијал ако има некаде зашто искрено појма немам да си ги средам со моливче Не ми се тенки вегите ама некако ми се кратки и бледи што знам не ми се свигаат
Прво треба да ти се убаво средени вегите а потоа со моливче ги пополнуваш јас ги користам моливчињата на Golden Rose Eyebrow и многу сум задовона од нив http://www.youtube.com/watch?v=QKKcns3x2-4 Со лесно
предобро нешто дефинитивно. Го земав во ДМ, незнам точно ама мислам околу 120 ден дека беше. Многу е квалитетно, трае, убав природен изглед им дава, навистина сум презадоволна
Го користам овој молив на Авон веќе неколку години, ептен сум задоволна, посебно од четката. Одлична работа ми врши.
Не ги цртам веѓите, само некад си ги пополнувам дискретно и неприметно со Seventeen 07 hazelnut eyebrow shaper шо си го зеам од Космо негде 180 денари мислам дека е.
Веѓиве природно црни и до сега ги пополнував со посветли нијанси (темно кафено, посветло кафено, сиво...) ама чудно ми изгледа, ко валкано и зашмрљано. Е сега купив некое црно ама па тоа баш јаки ги прави. Вие со баш црни веѓи ве молам препорачајте сенка, молив било што а да изгледа културно и средено, а не ко да ме цртало дете
Марамке, те читав пред некое време во темата за сенки, па бидејќи ја имам истата палетичка со мат сенки од Бит пазар, ќе ти кажам да пробаш со најтемните сенки од палетата или евентуално да најдеш палетичка или мат моно сенка со потемни нијанси за смоуки ајс. Конкретно овие мат се и преубаво изгледаат на веѓи. За на очите трајноста и не им е баш којзнае каква без поасална база, ама за веѓи се одлични. Јас мешам две нијанси и веѓите ми се супер сега, конечно почнав да вадам слики каде ми се познава дека всушност имам веѓи. П.С. Нанесувам со аглеста четкичка, со обичен апликатор или со премногу тенка четка не ми се допаѓа ефектот. Ниту пак со такво четче како од маскара.
Aura молив за веѓи, нијанса 01. Ќе се изненадиш, верувај ми. Конечно моливче кое не е ниту кафеаво, ниту црно, ами темно сиво. 175 ден. мислам беше. И/или темно сива сенка за очи, обично претпоследната од било кое црно smokey eyes сетче. Јас го имам quatro-то на Gosh, и ги комбинирам овие две работи наизменично.
Мишелке пробав со апликаторот кој го има во сенките, чисто за да видам боите какви ќе бидат и многу сум ти благодарна за предлогов. Измешав црната и таа до неа, па малку за осветлување додадов од горе третата. Одлично изгледа како боја, само треба да најдам соодветен апликатор т.е да си купам четка senza.parole благодарам, ќе го пробам и тој. Се ми се чини дека го потфатив ама се откажав ни јас не знам зошто
Баш ме радува Марамке, мене сенкиве ме направија ептен среќна, конечно добив убави веѓи кои не изгледаат како излиени по калап, а сепак се уредни. Кога убаво ќе изблендаш со четкичката, нема да се познава дека си ги пополнувала. Барем мене до сега никоја не ме прашала, сите се залетуваат со прашањето кај која козметичарка сум ги правела веѓите.