И јас планирам да си го купам моливчето за веѓи од Essence, гледам сите го фалите па сакам да го пробам само кажете ми отприлика која цена е?
Tnx, само да си ја погодам нијансата пошто ич не ме бива за тоа... и со пудра си имам проблем кога бирам нијанса а за моливчево ќе видиме што ќе бидне
Како што те памтам од сликите во Вашата шминка низ слики, мислам дека ќе ти одговара тоа за бринети, си пишува на него и мислам дека беше под број 02, не се сеќавам точно.
@rainbowec, можеш да бираш меѓу три нијанси- black, dark brown и blonde. http://www.essence.eu/mk/produkti/ochi/eyebrows/e/product/eyebrow-designer-04/ Блонд е наменето за девојки со навистина светли веѓи, така да најверојатно со дарк браун нема да згрешиш
Доста темни веѓи имам ама напред ми се многу ретки, онака скрос како дупки имам на одредени делови. Обично сите нијанси се апла кафеави и ми двојат од мојата природна боја на веѓите, се познава дека сум нанела нешто. Една другарка има едно од моливчињава и пред некој ден го пробав значи ТОП ептен ми се погоди, не изгледаше вештачки и бојата ми е скрос погодена ама и се има избришано текстот и не можев никако да видам која нијанса и е, али некое потемно беше - нит кафеаво нит црно нешто измеѓу баш како штo ми одговара... Кога ќе идам да го купам се надевам ќе начекам тестери за да пробам одма ќе знам кое беше само да го видам.
Би ти препорачала ако не сакаш да ти се познава дека нешто си ставала да ги поминуваш со постара маскара. Јас кога сакам поприроден изгледа само ги поминувам со маскара цели, а напред каде имам поретки влакна ги чешлам повеќе со маскарата и убаво фаќа бојата, а не изгледа многу нападно.
Мене овие ми изгледаат интересни: http://www.makeuparena.com/2015/02/golden-rose-sjenila-za-obrve-sve-nijanse.html?m=1
Јас користам МОЛИВ обичен тој шо го користев у ШКОЛО за пишување изгледа сто пати поприродно од оние што се купуваат тоа ти е уствари кафеава сенка и плус ми седи цел ден и не се брише меѓутоа ако имате светли влакна најпрепорачливо е да купите од продавнициве за шминки во нијанса што ви одговара јас сум поцрна па така да немам проблем
Морам да го пофалам моливот за веѓи на КRКА, го има во три нијанси, преубав е и делува доста природно, цената му е верувале или не 20 денари
Не користам никаков молив или други чуда за цртање веѓи. Мразам нацртани веѓи. Ако толку сакате пуштете ги и обликувајте ги како што сакате, а не вештачки изнацртани. Како може да ви се допаѓаат нацртани веѓи? Катастрофа, што не се прави за да се постигне некој изглед и кога ќе ја извадиш шминката што, пак си без веѓи - кај е тука убавината? Дајте бидете поприродни, воопшто не сте поубави со нацртаните веѓи.
Веднаш кога ќе се спомнат цртани веѓи луѓето ги асоцира на тие од бугарската и српската естрада. Вака нешто: https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/736x/72/23/bb/7223bbe85387db498f57bbd529b57945.jpg http://cd9e886051ff950d0f56-cbae8bd...ook_e85cba466dbc84826679caab66c4babb_look.jpg Се што е умерено и суптилно според мене е во ред, убаво обликувани веѓи прават доста разлика во коплетната шминка. На пр нешто вака http://olgablik.com/wp-content/uploads/2013/05/Le-Sourcil-de-Chanel-Perfect-Brows1.jpg http://i.ytimg.com/vi/8wL1NnpGHJg/maxresdefault.jpg
Ама зашто тогаш ги кубат веѓите толку ако сакаат да им бидат погусти и подебели? Туку полесно е да се нацрта. Факт е дека нема природно нацртани веѓи, веѓите се знае какви се и никогаш не терба да се бега од нивната природна форма затоа што само така најубаво стојат на лицето. Во ред е да се отстранат влакненцата кои штрчат но многу се забегува. Уствари секој со својот вкус, за мене нема поубаво од природно обликувани веѓи без било какво исцртување, ако толку си се свиѓате со цртани веѓи цртајте ги, прашајте ги машките што мислат они нели на нив треба да им бидеме убави.
Вистина дека природно обликуваната веѓа изгледа далеку поубаво од цртаната. Но не им се на сите густи и со убава форма. Има некои што навистина претеруваат со користењето на моливче за веѓи и ставаат и сенки и коректори и чуда за да им изгледаат како на првите слики што Еленче ги постира. Но некои сакаат само да им изгледаат убаво т.е да им се познава дека воопшто и имаат веѓи. Еве на пример јас ако не ставам малку моливче лицето ми изгледа лито, па затоа ги поминувам малку со моливче колку да добијат малку боја. Го користам моливчето на Авон за веѓи, кафеавата нијанса еве веќе по втор пат и сум мнооогу задоволна. Со нежни потези се добива многу убава боја. Препорачувам
Јас си користам молив за веѓи затоа што многу ми се ретки веѓите и го користам за да ги пополнам празнините, а не за да ги обликувам и да им давам форма различна од природната што ми е. Камо да можеше сите само да ги пуштиме веѓите да растат и одма да станат погусти...растат тие ама стануваат подолги влакната а не погусти
дали некоја од вас имала искуство со Anastasia Beverly Hills Dipbrow Pomade? Го нема во Македонија, ама викаат дека е феноменално. Едвај чекам да се доберам до него летово на враќање од одмор ^.^
Jas go koristam ova za vegji veke 2god i sum mnogu zadovolna. Neznam kako drugive devojki sto citam koristat molivce so cetka...znaci cetkata gi kine vlaknata na vegjite i gi izretcuva neznam dali primetile ova e najdobro