Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Молив за веѓи

Дискусија во 'Лице' започната од Sw3et.Ang3l, 19 ноември 2012.

  1. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    (facepalm)
    Jaс :) И потврдувам нешто посовршено за веѓи не верувам дека постои.Општо и другите продукти за веѓи од Анастасиа ми се чинат одлични.Јас го имам во нијанса Ashbrown и е некоја сивкаста нијанса.Според мене оние со сивкасти нијанси изгледаат најприродно.Зависи од количината која ја ставаш, таков и интензитет добиваш, за преку ден јас ставам по нежно, за навечер на тешка шминка и веѓите ги истакнувам повеќе.Бидејќи има како гелна структура и убаво на место ги држи веѓите, а воедно изгледа и многу природно, нормално со усул ако го нанесуваш :) Знам дека и @1209 прашуваше за црни веѓи.Од истово другарка ми има нијанса Ebony, а самата има многу густи и црни веѓи и ептен убаво и природно и изгледа исто е како сивкасто ама темно.

    Според мене најлошиот можен избор за истакнување на веѓите е моливче.Толку е неприкладно за блендирање на строгите линии, башка ако си посветол се познава кај си повлекла линија.Години наназад , на моите почетоци со затемнување на веѓите и јас користев моливче и длабоко се каам заради тоа(facepalm)

    Сивкаста мат сенка сметам дека е одличен избор и најприродно изгледа, како поекономична замена за сет за веѓи.Имам кариера и кариера со затемнување на веѓи, од моливче, до црна сенка:x, сенка која не е дотолку мат:tmi: , кафеава сенка која не изгледала дотолку лошо, да бидам искрена и за да крајот да се просветлам дека овие сивкасти тонови изгледаат најприродно и убаво.Имам и сет за веѓи на на Сефора(одеше со чупалица, четче такво како онија од маскара за чешлање,две нијанси и гел), исто убаво и нежно изгледа, има и оној гел за да ги поминеш со него, а тука негде со цената се со овој на Anastasia,а овој вториот многу повеќе ми се допаѓа.

    Исто мислам дека од огромна важност е и да се поминат веѓите со вакво четче 670px-Use-a-Brow-Brush-Step-6.jpg , бидејќи без разлика кој продукт користите, не изгледа доволно усогласено и изблендирано без да се помине со ова, барем според мене :)
     
    Последна измена: 22 ноември 2015
    На Mama25, senza.parole и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    И јас се двоумам околу оваа нијанса, ама кога ги гледам твоите веги во темата за шминка, мислам дека мене би ми била премногу темна.
    Да не случајно имаш предлог како за девојка со руси веѓи? Го меркав ова blonde, но пак мислам дека е за премногу светли веѓи, а мене дефинитивно ми треба нешто помеѓу blonde и auburn. :(
     
  3. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    А го има некој ова на nyx користено?
    Се мислам да земам вакво ама и четка ќе треба да земам.
    Знае ли некој кај да најдам angled brush, ама да биде по тврда за да можам по прецизно да нанесувам? :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Планирам наскоро да си нарачам од страната само не можам да се одлучам за нијанса. Се мислам помеѓу Dark Brown и Medium Brown и никако да се одлучам кое од нив две. Не сакам многу темно, но не сакам да иде накај чоколадна боја. :)
     
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    И јас имам светли веѓи, нешто измеѓу светло кафеаво и црвенкасто и сега за сега го користам на essence моливчето . Ако менувам, од овој бренд сакам да пробам.
    @Mishela а овој Taupe ? http://www.imakeyousmile.se/anastasia-dipbrow-pomade-swatch/
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.554
    Допаѓања:
    106.272
    Пол:
    Женски

    Да , јас. Овој гел за веѓи е водоотпорен стои цел ден од кога ќе го нанесеш. Нијансата што ја порачав е blond но се зезнав ептен зашто излезе посветла од моите веѓи. Причината што згрешив е тоа што го порачав од ибеј и нијансата ми се гледаше потемна :) И така сега не го ни користам здравје кога ке дојдам во МК ќе си пробам на тестер и ќе си земам зашто прекрасен е не мрда цел ден од веѓите. Ги меркам и овие на Make up forever но овие на NYX се каде каде поевтини а исти се по трајност.

    edit: Ако на некоја и треба нијансава би и ја поклонила искрено ( кога ке дојдам во мк :) )

    [​IMG]
     
    На rainbowec и kim.k им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    Ова можеби ќе пројде. Ама секако ќе морам да споредам, макар вака од слики.
    Нијанса најслична на моливчето од Есенс 04 blonde би ми била идеална, ама ниту blonde, ниту пак taupe ми изгледаат како неа.
    Ќе треба да направам подобра анализа. :lol:
     
  8. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Фала ти, јас за боја и да сакам неможам многу да утнам со црни веѓи :D
    Плус ги има во Александар козметикс така да кога ќе идам натаму ќе си видам :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Хмм, нешто слично е ова http://2.bp.blogspot.com/-qktMQ0Kr1Go/URpo0_qpQyI/AAAAAAAACns/Qq93VGH-30w/s1600/DSC_3455.JPG.
    Ама не сум го видела кај нас, а ако го има ќе го земам. за проба :D
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.554
    Допаѓања:
    106.272
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    еве ја црната како изгледа , таа на крај е
    а јас оваа што ја земав е првата (facepalm)
    мене со сигурност третата по ред ми одговара
     
    На Bebulleee и kim.k им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ги има овие, ама не сум сигурна. Како да видов нешта за веѓи со вакви четкички, ама не застанав да видам подобро. :D
    Ако го најдеш и ако го пробаш - пофали се. :)
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Мишела за жал немам ни плави другарки и ретко кога сум загледала козметика за посветли веѓи.Ама ми има оставено впечаток ептен на една девојка као и изгледаа.Ако одиш на инстаграм профилот на Goar Avetisyan, има шминкано многу плави девојки.Впечаток ми оставило Brow wiz исто на Аnastasia нијанса taupe,преубаво ми изгледа, изгледа како моливче ама мислам дека има мека структура.

    Исто мислам дека ако не си премногу светла да одиш со малку потемна нијанса и да нанесеш помалку.Јас со моето сум шминкала и другарка со црни веѓи и другарка со смеѓи и на двете стоело убаво, а јас имам веѓи нешто измеѓу и мене ми стои убаво и природно.Мислам дека добра работа е со овие dipbrow што можеш да меневрираш со една нијанса на повеќе веѓи.Пример со помала количина од ebony можам и јас да поминам, иако ash brown ми е најпогодена.Но ако ти се ептен светли веѓите по тешко е да експериментираш со нијанси, повеќе се познава ако промашиш, отколку кај темни. На почетокот ми беше чудно дека е густа леплива структура, но сега скорз се навикнав и не можам да живеам без него :)

    Обавезно разгледај кај Гоар , дека е русинка и многу русокоси шминка со светли веѓи, ако не ги најдеш продуктите на едно видео, сигурно ги има пишано на некое друго, пошто селективно пишува што употребила, не под секое видео сите продукти.Мене искрено премногу впечаток ми има оставено со тоа како ги средува девојките со светли веѓи :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Kаква боја на веѓи имаш од прилика?Некако поубаво ми изгледа medium brown,заради сивкастиот подтон, мислам дека поприродно ќе изгледа.Dark brown мене повеќе ми иде накај чоколадно.Нормално сега ти најубаво си знаеш и според бојата на косата кое поубаво ќе ти прилега :)

    Гледам има многу ревјус dark brown vs medium brown,разгледај може ќе ти помогне да се одлучиш :)
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Да си ги мачкаш веѓите со рицинусово масло, ќе ти пораснат ти гарантирам. Црни веѓи па и моливче ми е некако премногу. И јас имам црни веѓи на некои места немам влакненца, ама премногу грубо е со црно моливче :(
     
    На Nausicaa и 1209 им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.450
    Допаѓања:
    42.426
    Пол:
    Женски
    Нема да ми пораснат толкава ми е должината на веѓите мене, не може да растат каде што нема природно влакна, а не користам црно моливче јас туку сиво, само кажувам какви ми се веѓите.
    Еве слика од каде што ми се супер нацртани и вака сакам и сега да можам, ама сликава ми е од лани и луѓе поим немам со што ми се нацртани и што сум користила.А сакам вакви да ми се постојано, не се многу дебели ама не ми личи дебели сум пробала, зошто имам ситни очи и лице.
     

    Прикачени фајлови:

  16. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    не знам како да си ги опишам, па изволте слика. :D Мене повеќе ми изгледаше Dark Brown накај сивкасто.. А Ash Brown би ми стоело ли? Таа не знам зошто воопшто не ни ја загледав. :)
    SL743531.JPG
     
  17. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Овде твоите природни се, непополнувани така ? Мислам дека и со двете нема да згрешиш пошто кафенкасти ти се веѓите,моите имаат некоја потемна нијанса накај црна, еве и јас ќе ставам слика да споредите и ти и @Mishela .Мишела како да те имам видено во темата за шминка многу одамна и мислам дека твоите се баш посветли од моите,сега и од моите непополнувани ќе ставам слика да споредите:DАко правите споредба помеѓу овие и оние во темата за шминка,да напоменам дека сега ми се и природно здебелени(подебели мислам дека не ми биле со години) во формата,да не се залажете:DСликава ми е од пред 10тина месеци, ама ми е единствената слика што ја најдов без шминка, со подобар квалитет:)
    IMG_3049.JPG

    Bloom19 вака и од споредба мене ова medium brown поприродно ми изгледа на некои слики, на пример оваа,иако на некои пак не гледам огромна разлика. collagepic.jpg

    *Дури сега гледам дека на моето прво мислење во темата пред да ја цитирам Bloom19 имам ставено ваква анимација(facepalm) и да кажам немам поим како стигнала до таму, грешка е :)
     
    Последна измена: 23 ноември 2015
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    @LaraSolare епа дефинитивно ќе си ја нарачам Medium Brown тогаш, и имаш право дека другата повеќе удира на чоколадно. (facepalm) Јас тоа ништо не сум приметила :D
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  19. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Немам слика од моите веѓи, но би рекла дека се слични како на LaraSolare. Обликот ми е супер (имаше перипетии, па од многу тенки веѓи кои воопшто не ми одговараа на обликот на лицето, градбата, косата итн, сега имам многу подебели веѓи и облик кој ми одговара), но имам "дупки", па решив да го поправам тоа.
    Почнав со моливче, кое ми се виде како најлесно за нанесување, а не сум користела ништо друго, како што читам погоре- гел, сенки, па не можам да направам споредба.
    Го користам миливчето на Impala, број 3 (тоа во средина) и бојата ми е ептен погодена, значи воопшто не се забележува дека сум пополнувала нешто, и ми се допаѓа четчето на капачето, кое врши работа ако при рака немам од оние специјални четки за веѓи, а неопходно е да ги исчешлам пред пополнувањето.
    Го купив од локална парфимерија, не повеќе од 100 денари.
    [​IMG]
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Женски
    Палче горе за моливот од Импала и од мене!(y)
    Досега го имам користено само моливот од Есенс, ама овој од Импала е попигментиран.Меко е и лесно се нанесува и со оглед на тоа што многу ,,пушта боја'' не мора многу да се претерува со цртањето.
    Единствена замерка ми е(моја грешка, всушност) што додека ги споредував нијансите во парфимеријата, тој најсветлиот ми се виде пресветол, па го земав тој за нијанса потемниот.Ама згрешив, за моите веѓи е претемен и вака кога се гледам малку неприродно ми изгледа, па планирам да го земам и тој најсветлиот, па да ги ,,мешам''.