Имам креони од Aden cosmetics и Gosh. Искрено од Аден сум повеќе задоволна ако е дупло поефтин од ГОШ. Gosh многу е мрсен и се размачкува мн.
Ауу од Бруклин трауми имам Кога го користев бев рашлакана до цицкиве А недај боже па малце вода да дојде у допир со окото оти тие шо те виделе после ќе имаат кошмари од тебе А инаку моментално користам Febble oд авон е мислам од едната страна е кафеаво од другата црно...и не е лош добар е...барем поарен е од Бруклин
Aura, убедливо. Обичните се околу 100, тие помрсните за smokey се по 130, и едните и другите се топ. И за усни исто моливите.
Може да ми препорачате некој добар молив за очи,да не е блед,значи да му се познава линијата.. И да не биде прескап,значи некаде од 100 до 200 денари.
Моливчето од импала е преубаво, водотпорно е, и лесно се нанесува. Цената му е солидна околу 100 денари, зависи кај го купуваш, најмногу би требало да е 150 денари Инаку е сиво, исто како сликава, се надевам ќе помогне, не можев да најдам подобра слика..
Мене искрено на Импала и Бруклин не ми се баш по вкус, некако ми се бледи Сакам кога ќе ставам да е црно ама баш црно! До сега најзадоволна сум од Есенс и Аура. Ако има некој друг добар предлог нека каже
Јас производи купувам од Орифлеим, па така да и моливот ми е од таму ама не ми се допага баш- нема убава боја а кога нанесувам тоа го правам одвнатре на очите и само на долниот капак, за на горниот ставам туш
Користам само црн молив за очи бидејќи не знам како би изгледала со молив во друга боја, а не сакам да експериментирам ДОлго време користев од моливите на Авон ама во последно почнаа да ме печат очите, па мислев дека е од нив и решив да сменам. Колку за проба зедов од моливчињата на Golden Rose..ете како ова на сликата ама црно..и задоволна сум засега Спојлер
Моментално користам на Импала и е одличен, од едната страна е како моливче за прецизно нанесување, а од другата страна има гумичка за корекции која јас ја користам за да го размачкам моливчето да не ми биде баш таква остра линијата. Еве го каков е, во Спојлер ставив линк, зошто сликата беше огромна. Спојлер http://2.bp.blogspot.com/-bb4eADN7sKc/TaagHYO3FUI/AAAAAAAAAvg/JPUwLEipMNc/s1600/P230311_13.55.jpg , Претходно долго време ги користев на Авон, тие двобојните, но некако многу меки ми беа и кога ќе ставев од црното на внатрешната страна на окото, ми се матеше и црна темница гледав едно 10-15 минути, па ми се правеа гурилки и го сменив, сега од овој на Импала сум презадоволна .