Сакам бел молив за очи ама убав, убаво што пушта а не да си ги ископам очите како со овој на flormar што го имам. има некој да ми препорача?
Девојки од кој молив за очи сте задоволни по можност водоотпорен да е ,јас на фломар користев и воопшто не сум задволна..
Овај од Орифлејм и презадоволна сум ПА и одсекогаш нив ги користам,од Орифлејм.Еднаш зедов од Авон,ама незнам точно,мислам дека имало и силикон или незнам точно зошто,ама кога ќе ставев и ми слозеа очите.А овој убаво ми црни и ми трае,го нанесувам само на внатрешниот дел на долниот капак.
Секакви користам, најчесто црно моливче, ова моментално што го користам не сум сигурна од кај ми е ама мислам Голден Роуз. Сино, темнозелено, бордо, златесто накај кафеавкасто, зависно од облеката, пригодата итн.
Ај јас пак со молби и пекања. Ве молам да ми предложите моливчиња за очи, најслични со овие самооштречките на Авон. По можност да бидат вакви трајни и да изобилуваат со повеќе нијанси (посебно она сивото со светки и зеленото, омилени нијанси ми се) и да немаат некоја астрономска цена.
си го порачав од авон плавото моливче со светки го има некој користено да каже дали е стварно темно плаво како што ја има поставено мишела сликата
^^ јас го имам и баш толку темно плаво е .. во соба од далеку изгледа и како црно.. инаку прекрасно е, јас сум презадоволна
Еднаш го имав овој од Пупа, совршено е Ама го зедов од странство и не ми се чинеше таму скапо, сега коа рачунам во денари Незнам ни дали го има тука. Сега го користам црното од Бруклин, ефитно и убаво пушта боја, не го снемува после 5 мин. Малку се размачкува ама за таа цена неможам маани да му наоѓам. Битно ми е да пушта боја, не да гребам со моливот околу окото за да остави црно
Навистина црниот молив за очи ги прави очите помало? бидејќки јас имам мали очи а сега прв пат си купив моливче
Зависи како ќе го нанесеш на окото. Ако ставиш молив над горниот капак и кај долните трепки, визуелно се смалува окото, зошто се ограничува со црното. Јас ставам само горе, тенка линија, насочена нагоре. Туку, во Beаuty Shop има донесено козметика од Pierre Rene. Скоро го купив моливот за очи, црн, и сум презадоволна. Многу убаво пушта, а ми стои скоро цел ден, ако не го избришам. Дури и за вечена шминка го ставам, наместо туш.
Кога сме кај моливите јас сум прееезадоволна од ГОШ цел ден ми стои и не ми се размачкува , а сакав да ве прашам за бел молив за очи имам купено неколку но ич не оставаат...
Можеби едно 5-6 месеци го користам ова моливче од орифлејм и никако да го потрошам,а секој ден ставам од него и задоволна сум. А имам и уште едно на ума козметикс,го добив за поклон но не ми се допаѓа не пушта многу, па затоа си го користам за веѓи.
Преје ми стигна и искрено сум презадоволна, прецизно исцртува, убо е темно, ми се допаѓа многу, ги користам сите на Авон, и сум многу задоволна, ем долго траат, и плус убави нијанси имаат. Ги имам Smokey Diamond & Twilight Sparkle, незаменливи се
Молам некого за препорака на квалитетно бело моливче кое добро оцртува и трае долго. Ми треба за внатрешниот дел од окото, така што не треба да биде многу суво. Цена не е битна, само да не е Авон или Орифлејм. ПС Гледам и други барале, а нема никаква препорака Ај плис спасете ме од непотребно лутање и тестирање на окцињава, осетливи ми се
Гледам многу ги фалите Гош, може некоја да пише точно како се вика моливчето пошто повеќе се, или слика барем, уште поубаво?