Подобро моливче за очи од ова мислам дека не постои јас ептен сум задоволна го користам со години плус е многу ефтино околу 150 денари.Си го исцртувам внатрешниот дел од окото а од надвор со црно тоа им го советуам на сите девојки кои имаат мали очиња. Додека пак за црно моливче би ви го препорачала ова бидејќи е суперрррр многу лесно се нанесува а трае со часови и не се размачкува
Преубо е, се црта ептен убо, долготрајно е, одвај се вади, ти кажувам од лично искуство, јас го користам , го купив 230 денари од Авон и воопшто не жалам шо дадов толку
ајде ке разгледам па да видам,да си нарацам и јас и така ми треба.. само незнам многу скапо ми иде 230денари...не било на пониска цена??
^ Не е сега засега, от ко излезе е толку, и јас се надевам дека ќе биди помалку во наредните, па пак да си го порачам.
Јас го користам само самооштречкиот од Орифлејм. Многу ми иде тешко шминкањето, но со овој молив немам гајле
^ Гел моливите се со помека текстура,и полесно се нанесуваат,нешто слично му доаѓа како гел/туш за очи. Исто се и подолготрајни од обичен молив. Во врска со гелов супершок од Авон го користам и јас,одличен е,но не не треба да се користи внатре во око зошто предизвикува солзење зошто не е обично моливче,се третира како туш. Исто оние моливи што се со светки треба да се користат вака,односно не внатре во окото
Најдобар молив ми бил од Севентин. Многу пофалби слушам и за Гош моливите. Најлош молив ми бил еден самоостречки од Орифлеим. Воопшто не црташе.
Девојки, ЕУРЕКА Открив едно ново моливче, ми го купила мајка ми онака.. и текнало ама моливчево е страшна работа, препрепрезадоволна сум. Кошта само 2 Фр. тоа би му дошло околу 80 денари кај нас, само не знам колку се наоѓа низ нашиве парфимерии. Прво купував буржоа, гош, ив.с.лорент и бла бла а скоро ист квалитет се. Моливчево е инаку италијанско производство, „Mastemi, Napoli„ Само не најдов слика.. Инаку меко е, многу убава црна боја остава и има како ептен ситни светкички внатре, како оние од сенките. Јас сум презадоволна, плус па и за тие пари.. а јас ги трошам моливчињата ко леб така да ми одговара.
Па нема поубав молив за очи од Бруклин. Секакви имам користено, ама овај ми е број 1. Не можев да најдам слика ама е како златен и е околу 100тина денари. Дефинитивно поќе не го менвам
Јас го користев БРУКЛИН но летово многу ми се растечуваше , инаку сега користам МАЛЕНА убаво црни и сум задоволна , а не е ни скап околу 70 денари е
И јас го имам Бруклин, преубаво црни ама само за внатрешно го користам, многу се растекува на топлото. А за надворешно исцртување ги користам дијамантските моливчиња од Авон траат долго не се растекуваат и имаат ситни светки.
^ Прекрасни се светкавите на Авон - потпис и печат. Супер се и за топлово време, не се растекуваат и трајни се. Инаку, јас моливче не користам на внатрешната страна, мислам, на долниот дел од окото. Многу ретко го исцртувам долниот дел и тоа кај аголот, минимално. Секогаш ставам одозгора, како туш. Инаку, ми треба убаво, бело моливче за очи. Есенс - имаат и дали сте задоволни? Нивната козметика при срце ми е, ептен сум задоволна од сите производи кои ги имам.
Мишела имаш убаво моливче за очи - бело од Аура. Јас го користам и стварно е прекрасно,испушта боја само при едно нанесување на окото. Само што незнам дали го има уште во продажба,би требало и знам дека е многу ефтино. Ако си во можност побарај го,ако го нема па земи си на Есенс,и мене ми се они при срце ептен Тоа на Аура неможам да го најдам на нет никако па неможам да ти го покажам. Пишува АURA cosmetics и бројчето е 80. А да, и напред е со проѕирно капаче Исто имаш и на орифлејм бело моливче,ама нијансата е повеќе нуд него ли креч бело. Е сеа зависи каква сакаш повеќе,ако сакаш повеќе да е креч - Аура,нуд-Орифлејм. Еве го од орифлејм : Ако не успееш ништо од овие две,земи си на есенс
Бело моливче не користам одамна многу поприродно изгледа нуде нијанса и сепак го освежува погледот и прави окото да изгледа поголемо. Моментално го користам горе постираното од орифламе и сум многу задоволна
Само јас ли не сум задоволна од оние на Авон diamonds Треба буквално да стругам врз око за да се познава како што треба, бледи, слабо интензивна боја, далеку од она што е прикажано на сликата во каталогот...