Од овие две импалата ја користев оставаше црно, но по некое врема за подарок во сет шминки го добив црното моливче на Аура и од тогаш не го мењам најубаво до сега ми е тоа. Еве вакво е само црно.
Девојченца, кај да најдам nude молив за очи? Ми треба наместо бело моливче, за во внатрешноста на окото (на долниот капак). Купив јас едно на Голден Роуз, ама не е тоа тоа. Седефасто е (ај тоа и некако ќе помине), ама и треба да си го извадам оково за да ставам Ич не го бива. Имам кафени очи и кога ставам бело моливче, некако страшна сум си Знам дека со вакво ќе го имам истиот ефект на отворени очи, само многу посуптилно, нема да биде толку изразено како белото. Еве исто вакво барам. BTW, ако некој ги видел некаде моливчињава на Римел, би била благодарна за инфо каде и колку чинат Па уште и бројче ако знае некој на ова од сликава, ќе го частам
Brooklin јас ко користев до пред некое време и мора да го пофалам. Навистина остава повеќе црно и некако подолго трае шминката,а за Impala не знам да ти кажам го немам користено
А да пробаш да го загрееш моливчето, т.е. делот нели за боење пред да нанесеш од него? Ќе го ставиш над пламенчето од запалка, ќе го држиш 3-4 секунди и ќе го оставиш да се олади доволно, така да не те изгори, да не ти смета. Станува покремасто, пушта повеќе боја и сигурно ќе ти заврши работа барем додека да му најдеш замена. П.С. Навистина подобар ефект остава ваквото моливче? Јас отсекогаш сум користела бело и мислам дека најубаво им стои на оние со кафеави и водлесто-сини очи. Ма си се заљубувам во очите кога имам ставено бело моливче.
Мишелка, па мене лично многу повеќе ми се допаѓа со nude моливче како изгледа окото отколку со бело. Не знам, кој како си милува нели. Јас може дека повеќе си сакам неутрални бои (и за облека, и за шминка, и за се ), па затоа. За сини очи се согласувам дека ептен добро стои бело, другарка ми има такви очи и преубаво и` стои, ама мене со кафени ич не ми се допаѓа. Некако многу ми е контраст бело и кафено, што знам А да го греам тоа од ГР, и да сакам не можам, го фрлив Ужасно беше стварно. Еве баш вакво сакам Го видов на страната на АSOS, на крај може и ќе си го порачам, очајна сум
A jас мислев дека само до мене е!и мене ми се солзат очите и тоа мн.иначе имам неколку моливчиња(ГР,Classics,авон) и досега најцрно ми било на Classics(а и најкремасто) но и оние на авон не се лоши(тие самоостречките)
^ Црно моливче - само Brooklyn. Може се растекува доколку не го контролираш но дефинитивно е најдобро. Уште и цената кога ќе ти ја кажат со две цифри - уште подобро (наместо да се фрлаат тешки пари за нешто што не чини за нив!). Туку јас барам бело моливче но што ќе го отцртува внатрешниот дел. Вчера зедов Impala - џабе фрлени пари и башка што се расплакав (a турска серија се емитувше на телевизија во моментот ). Си имав порачано од една фирма и тоа е одлично, но си го чувам за посебни пригоди. Некоја препорака?
СексиБејби јас користам едно од Есенс, од тие kayal моливчињата само што ова е двострано(кремаво и сино). Првенствено го купив ради синото, но воопшто не ми се допаѓаше како стои на око, па го баталив. За разлика од синото, кремавото ми се допаѓа. Можеби не остава боја веднаш со едно поминување, но со две-три се добива убава природна кремава нијанса. Е сега не знам колку залихи има од моливчево по парфимерииве затоа што освен во Еликсир, од каде што и воедно го купив, по другиве не сум го забележала. На сликава оди накај бело, но воглавно кремаво е.
Си купив црно на Артдеко и презадоволна сум, преубаво црта, меко е и нема потреба за притискање самото си пушта јака црна боја, долго трае, воопшто не се размачкува.
Јас зедов едно германско MALENA пиши на него и за сега сум задоволна убаво црно остава не е скапо 70 ден мислам дека беше.
Sexy, баш прееска си купив nude молив за очи. Во ДМ во City Mall. Max Factor, Kohl Pencil 090 Natural Glaze. Преубаво е, остава убава ненападна боја. Имаш право, далеку подобро е за разлика од белото. Цена, 265 мкд.