Пред 1 недела купив едно бело моливче од Малена абе ич не црта , воопшто не сум задоволна , џабе фрлени 100 денари Сега планирам ова да го пробам од Sephora
^ Јас зедов бело моливче Impala (по грешка) и не отцртуваше. Malena и не е толку лошо во споредба со Impala. Но со оглед на тоа дека ми треба за внатрешноста од долниот капак од окото и јас барам некое подобро. Не знам какви се белите од Golden Rose или од Brooklyn (сметајќи дека црното од Brooklyn е измислено за било кое друго). Ако ти се погоди некое, пишувај
Еднаш пишав за белото моливче на Brooklyn, штом си задоволна од црното, пробај го и белото. Нема да се покаеш. Остава боја и се задржува на окото подолго време. Ти го препорачувам
^ Најубавото бело моливче што некогаш сум го користела е ова на Мејбилин, expression kajal. Го зедов од локална парфимерија за некои сто денари, а можеби и помалку - не ме држи сеќавањето, летото го купив. Преубаво пушта боја, трајно е - само пофални зборови имам за него. Го користам и за внатрешниот долен дел од окото и онака за оцртување. Преубаво е и ви го препорачувам.
Спојлер Ау, браво Одма го прогуглав и - тоа е тоа, права ствар Шала на страна, многу ми се допаѓа, баш какво што барам. Утре одам и си земам и јас. Фала ти што сподели Инаку, морав да го акнам тука, сите да видат колку е убаво
Девојки препорака за моливче за очи како ова на авон тегетново со светки? Ова ми е идеално ама немам од кај да го порачам. Бев во ДМ и барав на гош, аура, есенс, мејбилајн, и сите по ред тука што се рафтовите незнам уште кои марки беа римел и макс фактор мислам дека беа, има тегетни ама чудна боја или некоја како да се прелева или е претемна или е посветла а светките речиси и не се забележуваат. Единствено ми останува од по анонимниве марки да пробам некое ама кое? Незнам ни кај да ги барам, сакам идентично на ова
Денес си го купив ова моливче за очи марка Сефора , преубаво е , со еден потег линијата се познава Ми понудија и бело моливче од Диор но беше многу поскапо од ова на Сефора а продавачкава тврдеше дека е многу добро (ми кажа дека тоа од Сефора не го пробала и незнае ) И бидејки 18 евра на попуст беше моливот од 25 не ми се даваа и си го земав другото за 8
Користам од Very me. Задоволна сум. На на училиште користам само до пола на окото,А за излегување целосно и горе и долу
Имам две црни, на Бруклин и Малена, и едно бело на авон, вери ми и тоа многу е убаво, само неможам слика да најдам, не е од оние, пола црно пола бело, него скроз е бело без светки
^ Не би ти препорачала да го земаш. И погоре пишав, не сам ошто не отцртуваше како што треба туку почнаа и очите да ме печат. Тоа е мислење од мене. Може некој ќе е позадоволен.. И уште барам добро бело моливче. Малена не е лошо но не толку очајно во споредба со Impala. Но во наредна прилика барам Brooklyn!
На Артдеко јас го купив околу 350 ден, не ми текнува точно од Космо и можам да кажам дека подобро црно моливче немам користено. Со еден потег пушта доволно боја и се прави беспрекорна неиспрекината линија, многу е трајно, еве вчера сабајле ставив до вечерта ми немаше мрднато ниту избледено. Јас сум многу задоволна, ти го препорачувам. Со Гош немам искуство.
Јас имам искуство со Гош, баш моментално тоа го користам Презадоволна сум, остава јако црна линија, не како некои што оставаат бледа па треба по сто пати да повториш.. за цена не се сеќавам, не ми е од скоро, а ставам секој ден и трае долго.
И јас така, едно, 5-6 пати додека ги правев сите постапки при шминкање, меѓу нив повторував И пак не е тој ефект! Па и овие од продавницава за козметика, им кажав бело моливче кое убаво ќе отцртува. Зошто веднаш носат кон оние ефтини, а никакви? (Знам, се обидуваат и нив да ги потрошат.) Нека биде и поскапо ама добро. Или евентуално ако веќе носат кон поефтините барем добро да е. Ама и тие си водат бизнис. Јас што немав време и гледав побрзо да истрчам од продавница без да ги прочитам марките, тоа си е моја грешка. (рефератов „малечок“ испаднал ) Како што си кажав, прилично задоволна сум од црното моливче на Brooklyn (иако ми е од пред 5 години). Ќе се обидам и со бело од Brooklyn па можеби ќе се погоди...
А да пробате пред да ставите да го загреете на пример со упаљач или со триење меѓу рацете мене такво ми се погоди едно плаво моливче и го загреав и потоа убаво си се познаваше
^ Toa дава моментален ефект. Не е поентата пред секое нанесување да го „вариме“ моливчето Или летно време на балкон и печење на сонце Шала.. Работата е што барам нешто поквалитетно. Немам секогаш време за развивање на стратегии за подобро нанесување на она што не го бива. А ова од Malena наликува на пластика (не можам да ти го објаснам ефектот подобро), впрочем како и речиси сите што ги имам испробано и не пушта боја како што треба. Залудно е загревањето. А Impala ме расплака. За шминки почнав да плачам....