Конечен одговор за Brooklyn но белото моливче? Истиот квалитет е како и црното или? Си направив колекција на бели моливчиња кои веројатно нема никогаш да ставам од нив зошто воопшто не се добри. Па пред да додадам уште едно во таа колекција, да си се осигурам
Сакам да си купам сега некоја шминка за алманахот ама не сакам некоја скапа... Па сакав да прашам по колку им се цените на шминките на БитПазар (од моливчиња,римел,пудра и др...)? Дека јас никогаш немам отидено во пазарот внатре а и сама некам сама да одам па некој нека ми каже за еднаш да одам со сестра ми и да си купам... Ви благодарам однапред!!!!!
Јас би ви ги препорачала моливчињата од Алверде од ДМ, белото е многу убаво, пушта доста боја и е трајно. 99 денари се
nekoja85 благодарам за препораката. Уште ако ја отцртува внатрешноста како што всушност и ми треба, потполно ќе сум задоволна Само да не заврши во мојата колекција од бели моливчиња кои не ја отцртуваат внатрешноста од долниот капак...
Многу сум задоволна од белото моливче на Maybeline Expression kajal,многу лесно се нанесува и е доста трајно.
Никогаш ја немав загледано козметиката на S-he. Пред некој ден барав бело моличе и го зедов она на S-he бидејќи сите други бели во DM во ГТЦ беа потрошени, а немав време да барам по други продавници. Убаво отцртува но на внатрешноста од долниот капак се растекува после одредено време. За разлика од горниот капак каде стои поголем дел од денот.
Те молам немој да купуваш шминка од пазар! Млада си, сигурно не ти треба којзнае каква покривност, а пудри со прифатливи цени има и на други места. На пример, можеш да земеш некоја пудра од Oriflame, Miss Sporty, или Manhattan за млади (слики во спојлер). Спојлер Коштаат до 200 денари, само последната мислам дека е нешто поскапа, а последниве две имаат и антибактериско дејство, па ако имаш некое мозолче ќе ти го залечат. Miss Sporty ја има во Unique, а Manhattan-от во Космо. Иако можеби 300 денари ти изгледаат многу, течната пудра е најважниот дел и ја нанесуваш на цело лице, а не сакаш да си го расипеш толку млада. Ако имаш мозолчиња, можеш да ставиш коректор. Има евтини коректори, почнувајќи повторно од Oriflame, Avon, Essence. Сликички уште еднаш во спојлер. Спојлер Цената им е 100-150 денари. Првите две се од Oriflame, а другите две од Essence. Essence можеш да најдеш во DM маркет. Коректорот е многу важен затоа што тој ги прикрива недостатоците, а течната пудра само го изедначува тенот. Затоа ако имаш некое мозолче, не трупај слоеви и слоеви пудра кои ќе направат да изгледаш тортесто (cakey) и неприродно, туку стави коректор на критичните места За крај, камена пудра. Доколку имаш сува кожа, камената пудра не е задолжителна. Но, доколку кожата ти е мрсна или имаш мрсни делови (на пример челото, образите), добро ќе биде да ставиш камена пудра за да не светиш на сликите. Камена пудра повторно може да земеш од Oriflame, Avon, истата колекција од погоре на Manhattan, Essence. Спојлер Овие камени пудри се околу 200 денари и многу долго траат, јас ги имам првата и втората и ги користам повеќе од година. И тоа е тоа! Можеш да ставиш маскара (има убави од Golden Rose за ~100 денари) и моливче (исто така има од Golden Rose, Avon, Brooklyn, или лично јас сум многу задоволна од Malena) за помалку од 100 денари and you're good to go!
Моливчето бело е од марката Brooklyn, златно е со бел крај ефтино е, а јас го купив од пазар од тезги, може го има и во парфемериите. Бели како снег посебно внатрешноста на окото. Испробано
^ А се токмев да земам. Имам црно Brooklin и многу сум задоволна. Си земав уште едно црно, но бело немаше. Низ неколку продавници за козметика им се потрошиле. И кога видов на едно место, во последен момент се премислив. Сега го зедов s-he и тоа го користам, па понатаму ќе чекам да донесат бело од Brooklin.
Моливчињата од Impala се супер бидејќи се водоотпорни и не се размачкуваат. Ги препорачувам особено на оние на кои не им се задржува долго бојата од креонот или им се разлева.
Мене не ми се допаѓаат за нанесување на внатрешноста од долниот капак на окото. За надворешноста и не се лоши, но пак не се задржуваат многу време. Зависи за кого - како ќе му се погоди. 90 ден. (+/- 10 - 20ден.)
Дали на некоја и се случило да и солзи окото од моливчето на Ессенс? Она самоостречкото.. Незнам дали е до него ама откако го купив неможам да ставам молив веднаш ми солзи окото..
Начекав на попуст едни од малена и си зедов бело и тиркизно. Дај кажете предлог како да го користам, комбинирам ова тиркизново?
http://www.youtube.com/watch?v=GtgKUsDp ... 6w&index=4 Ако немаш тиркизна сенка како на видеово можеш моливчето да го размачкаш, тиркизно со виолетово, плава, златна стои многу убаво. http://www.youtube.com/watch?v=jE3VhzIT ... w&index=87 http://www.youtube.com/watch?v=2t_xRRYb ... w&index=89 http://www.youtube.com/watch?v=LeHuejdI ... w&index=99
Преходно ги пофалив моливчињата на Есенс, но сега ќе ги пофалам овие моливчиња на Авон . Многу се меки и веднаш изцртуваат и што е најважно оставаат светки . Исто и овие од Импала се убави и меки за изцртување на горниот капак се совршени.