Моливчињата од Авон што над мене ги имаат постирано ми се веќе докажани како супер производ, а последен период се опседнав и со синото моливче на Gosh. Поточно ова: GOSH - Let's twist eyliner Лесно се нанесува, долготрајно е, а и не беше скапичко. И бојата му е совршена! Баш онаква каква што барав. Последното.
Јас дојдов да си ги пофалам хит-моливчињата во последниов период. Maybelline, kajal expression. Веќе година дена ги користам белото и кафеното, па денеска се подновив со нови две - 37 green и 42 metallic blue. Прв пат купив плаво моливче - не оти ми требаше, ами онака „да ми се најде“. Зелено сум користела и порано, само потемна нијанса. Ова ми е одлично, мислам дека уште долго ќе се дружиме. Чинат стотина и некој денар, јас ги купив од локална парфимерија за 110 мкд. Во врска со трајноста, колку пари - толку музика , ама не се воопшто лоши, без проблем ми ги издржаа целодневните маршути натаму-наваму.
Си го зедов ова моливче од essence црно, презадоволна сум за само 115ден. Порано користев голден роуз но не исцртуваат многу,од мода исто така добри беа за 70 ден и од бруклин имав многу добро беше и тоа.
^ Го бидува за внатрешниот дел? Бидејќи тоа моментално што го имам се растечува кога ќе се нанесе и на надворешниот и на внатрешниот дел па не би сакала да земам и пак да се случи тоа. Доволно ги натрупав од оние кои се бадијала фрлени парите.
Јас го имам ова на Менхетен и сум презадоволна,од едно ставање остава убава бела боја и баш ги отвара очите.Мат е и многу лесно се нанесува..Е сега малце е поскапо накај 200 денари е отприлика (не ме фаќај за збор ) ама стварно вреди.Предобро е !
Да ти кажам право, никогаш не сум ставала од моливчево на надворешниот дел од окото, но имам и други од истава линија кои се покажаа како солидни во однос на трајноста (се случувало да имам ставено и повеќе од 8 часа, па му биле потребни минимални корекции што мислам дека е сосем нормално). Не се растекува кога е нанесено на внатрешниот дел, а за она другото немам тестирано и не би знаела да одговорам точно, но водејќи се според зеленото од истата линија - би требало да е океј.
^ Благодарам Mishela Моментално од оние белите го користам (а имам повеќе ) на s-he. Целото бело со испишани сини букви. Кога го купував се израдував дека пушта добро боја. Откако го нанесов, веднаш се растече и многу лесно се крши. Само што наострено и се крши. Го купив пред месец или 2 и веќе половина го нема, а го употребував исклучиво за внатрешниот дел од окото, што покажува дека отидено е во острење. После ова, наредно на листа за купување ми е Brooklin со оглед на тоа што сум многу задоволна од црното, се надевам дека и белото ќе биде со ист квалитет. Или евентуално Maybelline expression што го препорача Mishela. Кое прво ќе го пронајдам тоа ќе го земам. Последниот пат кога барав белото на Brooklin го немаше никаде, па изгледа ова второво ќе има шанса
обавезно користам црн молив од gosh и сум презадоволна има јака црна боја баш како што јас сакам,инакоу преку ден ставам само на долниот капак а кога користам комплетна шминка особено за некоја свеценост тогас ставам и на горниот капак и ги шминкам оците арабик
Предлог за виолетово моливче и темно зелено кои нема да се растечат или да ми се отцртаат? Инаку, користам црно лонг ластинг од Есенс и сум задоволна
Користам моливче, само кога излегувам со другарки некогаш навечер- околу 1-3 пати на 2 недели. Така да одамна го имам ова моливчево на Golden Rose и сум прилично задоволна.