Луѓе,јас конечно си најдов моливче што убаво ми го отцртува внатрешниот дел на окото,пушта интензивна црна боја и не се размачкува за саат време. Еssence-Stays no matter what(waterproof). Од таа колекција се три.Црно,кафено и сиво.Го имам само црното,а во план сум да си го купам и сивото.Ептен ми се бендисува. Го купив од ДМ,не се сеќавам точно колку пари,мислам дека беше околу 150,200 денари,така нешто
Последно купив на Малена тие што се новите Хpress , ем неможеш убаво да го наостpиш,ем кога ставаш на горниот капак одма се одсликува погоре. Претходно имав на Дебора , исто сра*е , дури и полошо. Никако црно да пушти, а го плаќаш 270 денари.. За внатрешниот дел на окото кога го отцртувам е океј, али одозгора на капакот одма бледее и се пресликува.Така да во потрага сум по моливче што нема да се ПРЕСЛИКУВА,ако имате искуство со некое известете ме
Да и јас. Имам црно, зелено и сиво. Одлични се. Јас ти ги препорачувам моливчињата од Авон. Не се ушмрљуваат, и долго стојат, јас едвај со марамици ги избришав.
Моментално користам црно моливче на Бруклин. И да кажам нешто за него имам. Вие што барате моливче убаво да пушта црно јас би ви го препорачала Бруклин.Одлично црни и лесно се нанесува.Ама си има мана.Ова моливче е најверојатно наменето за зима.Бидејќи на топло веднаш се разлева и после си како вештерка под очите поцрнета.Вреди за парите не велам не,ама ова што брзо се разлева не ми се допаѓа..
на девојки со кафени очи стои ли убаво виолетов и син молив за очи ? бидејќи сакам да си купам, а незнам дали ќе ми стои убаво
Meне моливчињата во боја ми се допаѓаат само киога се нанесени на горниот очен капак. Секоја друга варијанта ми е невкусна, без разлика колку бојата му одговара на окото и исклучок правам само за бело или беж моливче, кое речиси секогаш го нанесувам на долниот дел - waterline, како и да се вика. Симона, земи си некое на Гош - оние самооштречките или пак Мејбилин expression kajal. И двете фирми имаат преубав избор на сини моливчиња за очи, а јас од искуство би ти препорачала да си бараш некоја мастило нијанса, темно плавата според мене најубаво прилега на некоја која има кафеави очи.
Долго време барав некој креон кој ќе исцртува убава црна боја и конечно најдов.. Ако сакате некој што убаво ќе ви ги исцртува очите земете си Aden Cosmetics така пишува на креонот, и е водоотпорен и кошта 90 де.
И јас сакам да го пофалам моливчето на Аден Инаку го користам повеќе време и незнаев предходно како се вика Бидејќи ми беше изшилено па само ова Cosmetic go имаше. Има убава црна боја слична како на таа од Бруклин,само што е малку посветла.Не се растопува толку брзо како Бруклинот.Со еден потег може да се направи убава линија.Мислам дека вреди за парите што знам Водоотпорен е. Имам плачено кога го имам нанесено и уште си се познава линијата што сум ја повлекла. Јас бев многу задоволна.
Земав пред една недела едно моливче од макс фактор, црно , убаво се исцртува линија но мноооогу брзо се размачкува и изгледам како да сум плачела И тоа моливче на Мејбилајн Кајал исто црното не ми се допаѓа, цртај колку сакаш но повеќе окото да си го извадиш Вчера го купив тоа на Гош - не е самоостречко но мислам дека е водоотпорно, па ке випишам за резултати
Јас веке подолго време го користам креонот на колор тренд од авон, убаво црта и трае подолго за разлика од другите креони.
Има сини-сиви очиња и незнам со каков креон да ги истакнам.. предложете ми некаков само да не е црн.. имам син-зелен креон и не ми доагаат до израз
Вакво нешто барав.Фала ти свит,ем да е водоотпорно (зашто вечно почнувам да плачам од смеење :geek: ) и убава црна боја да пушта.Уште вечерва ќе одам да купам ако има во ДМ