Користам секој ден црно моливче ,баш секој ден ,мислам дека без моливче не можам користам од авон гел -молив за очи super Shock ,навистина се преубави,меки се,навистина многу добро оставаат црна боја како туш се,но многу брзо се троши бидејќи се меки и треба да се остри после секое нанесување.Долготрајни се,како што кажав единствена мана е што многу брзо се трошат,најверојатно зошто се меки. Ве молам препорака на ваков креон,што е долготраен,мек пред се,да остава добро црна боја,не сакам суви креони ,да е како туш баш толку црна интезивна боја,да не се размачкува никако.Како гел молив. Очите веќе ми се заситни од овој на авон..
^ Probaj go molivot na Bourjois,mnogu e ubav,ostava intenzivna crna boja,ne se trosi brzo,samo ne e mek. Obicno i jas poveke sakam mrsni molivcinja i ovoj go zedov na tepka,no sum prezadovolna.
Артдеко молив за очи, баш кремаста гел текстура, буквално со еден потег можеш да го нанесеш и остава интензивно црна боја. Цената не ја знам точно, ми се чини околу 300-400 денари беше. Малку соленка цена за молив за очи, ама вреди за секој денар
Фала ви девојки за предлог,ги отворив на нет и баш се онака како што замислував.Во прва прилика ќе побарам еден од овие.
Црно моливче на очи ставам речиси секој ден, и затоа барав некое кое ќе е со поасален квалитет и најважно, нема да ми се растекува. Подолго време веќе го користам црното моливче на Гош, водоотпорно, со едно повлекување остава линија. За преку ден и полајт шминка, од него нанесувам и на горниот капак, и постигнува ефект на туш. Околу 300 е во Космо, ама трае бајаги.
многу ретко ставам моливче, но го користам од BROOKLIN, и премногу сум задоволна, за ништо не би го сменала
Во Космо ги има ли овие бои на Буржуа, поточно светло сино ме интересира, го имам тиркизното и е преубаво и најтрајно од сите досега користени моливи
^ Да, ги има. Јас го купив пред неколку месеци и навистина е одлично, ама малку е скапо како за моливче - типично за Боржуа. 300 и некој денар е.
Свит, извини што каснам, сега гледам. Ова е моливчето долу на сликата ( нема шанси да го утнеш во Космо, обично е, не е самоостречко). Ставив слика од нет зошто моето е скрос потрошено до името Гош, а инаку пишува на него Gosh Black ink Velvet touch eyeliner ligneur douceur... (и толку од овој збор зошто ми е истрошено кај што е допишан целосно зборот ) 1.2 гр Made in Germany/Fabri.. Малку селска асоцијација за 21ви век, ама мислам ти го доловив најбитното
Баш бело и е преубаво, нема ниту светки ниту е shiny, мат е и кремасто е она на ГОШ, бело е на острилка и мислам дека е околу 250ден, јас од Космо го земав.. Нема да згрешиш верувај
За бел не можам да ти помогнам зошто не користам, ама за nude можам и те како Претпоставувам ти треба за во внатрешноста на окото, па ти го препорачувам на MaxFactor Kohl Pencil 090 Natural Glaze. Прекрасен е, ги прави очите „wide awake“ будни а делува многу поприродно од бело моливче, дефинитивно Трае цел ден буквално и пушта убава боја. Кремаста текстура има, не е тврдо воопшто, многу лесно се нанесува. Не памтам цена, одамна ми е, ама мислам дека околу 400 денари беше. Вреди за секој денар и ќе го имаш цела вечност, многу споро се троши
Не е 400, јас сум нешто збунка Ти викам, одамна ми е, па имам заборавено, ми се чинеше дека е толку, ама еве Сенца кажа дека е 265, во Космо претпоставувам. Таму декоративната козметика е најевтина
Девојки сакам да прашам дали некоја го има користено белото моливче на Малена?ве молам за побрз одговор итно ми е однапред благодарна
Јас го немам белото,ама користам други и супер ми се,пуштаат многу боја,задоволна сум.Се надевам и ова барем малку ќе ти помогне.
Препорачајте ми молив за очи којшто ќе има убава интензивна црна боја, а нема да се размачкува под окото..Моментално имам два - еден Орифлејм, а еден Бруклин ..Значи катастрофа се и двата затоа што под окото ми се размачкуваат и по цел ден на работа само во огледало се гледам и со прстот поминувам под окото...