Порано обожавав молив за очи, со текот на годините се пренасочив кон туш зошто не најдов моливче што не се размачкува. Супер е што може да се нанесе на работ на окото и убаво го врамува, ама џабе кога тоа трае саат-два најмногу. И после сум како панда во очите цел ден... Сега ставам туш на горниот капак, како секојдневна шминка, а за вечерни искачања и поспецијални пригоди нанесувам црна сенка за очи на долниот капак како тенка линија во коренот на трепките. И презадоволна сум од изгледот.
И јас си имам мака, купив од импала водоотпорно по некои препораки од тука, ама сега едвај пушта боја, на аура има интензивна боја, ама ми се растекува, на essence i love rock исто, stay no matter what едвај пушта боја, единствено еssence long lasting самоостречкото ми се погоди и воопшто не ми се растекува, размачкува и не го менувам за ништо. Единствена маана му е дека побрзо ми се троши од другите. Цената му е 115 ден. мислам.
мислам околу 200 денари,пред некој ден купив,ама купував појке работи,па не сум баш сигурна за цената..ама тука некаде е
од црните моливи за очи кои се интензивно црни и долготрајни ви ги препорачувамM ; (артдеко-во срединa) и ова од Авон е нешто препрекрасно поготово за 210 ден. Гел ајланер е, интензивна црна боја и како туш е. Само што ќе го допрете веднаш пушта боја, го оставате 1-2 минути да се "впие" и потоа не се брише, и мн тешко се вади од очи, со обична вода не може. Една шминкерка од србија многу го фалеше на туторијал и затоа го земав и не згрешив. бел интензивен молив препорачувам на Seventeen
Јас си зедов бело моливче на Малена цената му е 70 денари.И со оглед на тие пари,можам да кажам дека е добро.Во сива паковка е Убаво се нанаесува и трае
Девојчиња,ми треба препорака за џамбо моливче за очи(за да можам да го користам како сенка на капакот,така по кремасто да е),во розево-беж-бела боја.Знам дека Авон имаат нешто слично,ама немам од кај да го порачам.
Девојки, кажете ми некое моливче за очи што од кога ќе го нанесеш да не се размачкува, моментално користам на Oriflame - Smooth definer и секогаш од кога ќе го нанесам после 10тина мин ми се размачкува, веднаш се оцртува на капакот. Незнам што е проблемот дали е до моето шмикање или до моливчето
Од лично искуство би ти ги препорачала овие на Голден Роуз и на Авон траат не мрдаат а за дополнително да се осигураш од размачкување на моливот во долниот дел на внатрешноста на окото пред да ја исцрташ линијата помини со суво тампонче да ја собереш влажноста и гарант повеќе ќе ти трае
За долниот дел од окото немам проблем но кога исцртувам линија на корниот дел над трепките е тогаш се "копира" линијата.
Пред да нанесеш моливче или сенка на капакот натапкај малку камена пудра,така нема да се мрси капакот и нема да се пресликува моливчето или да се собира сенката.
Јас воопшто не сум задоволна од оние новине моливчиња на Golden Rose пред некое време зедов темно кафено вака е ок убава боја дава, ама за неполн саат се размачкува воопшто не е долготрајно
И после 6 часовно журкање, моливот на есенс лонг ластинг не мрдна! Другарка ми се чудеше како ни еднаш не отидов да корегирам нешто. Сега за летово ќе си разгледам и други бои
Дали некоја го има користено моливчето за очи на Гош?? слушнав дека многу црнело и не се бришело лесно Би сакала да го пробам