Користам моливчиња , имам црно , бело, зелено, сино ...ама освен црното и белото ептен ретко другиве бои ,скоро не ги ни користам воопшто .Имам испробано од Авон , Орифлејм,Голден роус,Лореал...Последното моливче што го купив беше црно на Аура и ептен сум задоволна преубаво е ,уште едно ќе си купам деновиве
користев црно моливче од оriflame ( eye intensity) и бев задоволно... но откако си купив туш за очи го баталив моливчето.. изгледа многу подобро, стои подолго на очите.. не се размачкува.. одлично е..
Моливчињата за очи најмногу ги користам, па поради тоа ги имам во различни бои: бела, сина, црна, кафеава, виолетова, зелена и сива (сите од avon)
обожавам моливчиња за очи, па затоа и ги имам во многу бои-сино, тиркиз, сиво, црно, некоја бисерна нијанса, лилаково, кафеаво, и 2 зелени нијанси. За излегување ги комбинирам со сенки
користам само црно моливче, и тоа дво страното од авон. веќе долго време го користам и презадоволна сум. го нанесувам само на горниот дел од капакот, а на долниот дел ставам ептен малку на крајот и тоа го изедначувам со маскарата. не користам секој ден моливче, само за викенд ставам или некое посебно излегување ама затоа пак без маскара никаде
Најчесто користам црно моливче Moda и сум многу задоволна, нанесувам само на долниот капак а исто така користам и темно сино моливче од Golden Rose.
Молив користам често. Не секој ден, ама често. Имам црно, сиво, сино, зелено, бело, златно и розево. Најчесто ставам црно, сиво или сино. Горниот капак го исцртувам цел, а на долниот дел ставам до половина. ПОрано ставав и внатре, но веќе 2 год. дали 2 или 3 пати сум ставила.
Користам црн молив за очи, го ставам и на горен и на долен капак, понекогаш користам и туш, скоро секој ден ставам освен ако не ме степа некоја мрза