Убаво е белото, јас одамна го користев и ми беше солидно. Ми се бришеше по 5-6 саати, ама мислам дека тоа е нормално за сите моливчиња кои се нанесуваат н внатрешната линија од окото. Мислам дека го има во продавничките на Голден Роуз.
Вчера го земав кафеавиот од овие на Есенс, бојата многу ми се свиѓа, а и ако понежно го нанесувам на вегите бојата супер ми одговара. Сакав да прашам дали се остри моливов со оглед на тоа дека е пластичен? Доле нема нешто што се врти, па уште и ако не се остри ондак ми отидоа џабе 85 денари. Не дека се многу пари, туку многу ми се свиѓа бојата.
Јас го користам оној црниот Velvet Touch гел-молив на Гош, веројатно на тој мислиш. Одличен е, се нанесува многу брзо и лесно зошто лизга на капакот поради гел структурата, а е водоотпорен и трае буквално додека не го извадиш. Не се размачкува ни под разно, кога ќе се исуши на капакот не мрда и да знаеш дека вадењето оди малку потешко, баш поради водоотпорноста. Вреди за секој денар
А дали може да се користи за внатрешната страна на окото, мислам во око ( ви текнува) бидејки сите ми се растекуваат и ко Дракула сум.
Јас го имам сивото. Исто се чудев дали се остри и го наострив со истата острилка како и останатите моливчиња
Го земав моливчето на Макс фактор и тоа она О90 не е бело него пишува natural glaze .....нијансата е супер баш natural look само ме нервира што имам осетливи очи и сега ми солзат ненормално изгледа не ми прија.....до сега го користев моливчето на hemel (природна козметика) и ваков проблем не сум имала....ама сега ги нема нив (барем ваква нијанса) и мора нешто замена да се бара ама ме печат очиве ужасно мене и од маскара ми е така само na Bourjois не ми прави проблем taa twist up ! Дајте препорака за осетливи плави очи???
Јас го имам користено. Добро си слушнала. Мене супер ми е моливчето, особено ако сум некаде повеќе време, не се размачкува. После неколку часа со отстранувач за шминка ќе го извадиш.
Имаш декоративна козметика на органска на Лавера, во Космо ги има и низ некои аптеки ги имам видено. Имаат моливчиња за очи, само незнам со палета на бои како стојат. Другарка ми купуваше за веѓи моливче од нив и беше презадоволна, мислам дека околу 500 денари се моливчињата. На Ардеко се исто така многу добри, мислам дека не содржат парабени и токсични состојки, а голем избор на бои имаат.
Водоотпорниот молив многу издржува и не се брише. А моливот на севентин е уште потраен, како што ќе го ставиш така стои.
Да се цитирам себе,најдов такво џамбо моливче во розево-златна боја од козметиката на She во Дм. Имаа и други убави боички ама за жал во Дм ,во она кај Беко сите беа отварани и смачкани.
Дали знаете колку отприлика се движи цената на двостраните моливчиња за очи? ( црно - бело ) Од колку до колку пари, можам да најдам?
Гледав во новиот каталог на Авон двостран молив , мислам беше 70-80 , не се сеќавам .Имаше повеќе бои , ама не сум сигурна дали имаше црно-бело.
Јас имам на Бржоа, околу 200-300 денари го имам земено, одлично е, црното не се размачкува си држи цел ден без проблем, меки се и многу пуштаат.
Имам на Боржуа khol and contour бидејќи прочитав добри рецензии за него, ама не сум задоволна. Не е црно како што сакам туку на сиво повеќе оди, бледее и се рамачкува, не многу ама пак не ни стои баш на место. Можеби е добро ако се става само долу во внатрешноста на окото.
Јас си купив од She од ДМ пред некое време,двострано црно-бело(ама баш креч бело,не онакво сребренасто),и ептен е убаво и пушта боја.Мислам дека беше 120 денари,ама мене ептен ми се погоди.
Па јас го имам од Avon blackest black е и молив за очи и туш, но мн брзо се троши.. Инаку е самоостречко и се брише на 2-3 саати.. И е околу 150-170 ден. Ги имам и зелениот и синиот масен молив од Avon и НЕ ви го препорачувам! За џабе парите си ги фрлив Avon color trend, никој од нив не црта како што е покажано на сликата, а баш ми требаше таков зелен, и синиот пак ни малце не црта како на сликата! На сликата е светол а кога го видов темен, темен ауу не се лажете како мене луѓе! и е 250 ден. едниот, и за ова најмногу жалам! И третиот исто од Avon, super SHOCK, убав е и не се брише многу останува подолго од blackest black. т.е и eye-liner gel е. Мислам дека беше околу 100-150 ден. А не сум задоволна од Golden Rose, eyeliner No.327 е ама се размачкува мн и како панда треба да бидеш цел ден Заборавив цена али мислам дека има околку 100 ден.