Моливчињата на Essence Extreme lasting не се самоостречки ама водоотпорни се, добро пигментирани и долготрајни. На waterline ми е пробано само nude моливчето бидејќи не ставам други бои на waterline, и долго трае, не се размачкува и не иритира. За жал овие гел моливчиња на Essence им излегоа од асортиман, можеш да ги начекаш само во Еликсир за 85 денари. Штета навистина, беа самоостречки и водоотпорни и многу пигментирани. Ги немам пробано на waterline, само на капаци затоа што не ставам моливи во боја на waterline. Ќе ти ги препорачам и на Catrice longlasting waterproof моливчињата. И тие се многу квалитетни, водоотпорни и самоостречки, лесно се нанесуваат а не се размачкуваат. Има над десетина нијанси. Мислам дека и нив ќе ги повлечат од асортиман затоа што ќе има нови 18h color&contour моливчиња (не знам какви се, не сум ги пробала). така да ако ги начекаш пробај ги.
Види S-he да не имаат такви во ДМ. Имаа една колекција на двострани моливчиња и обично од едната страна има некоја нормална нијанса, а од другата слична боја, многу посветла. Не се скапи моливите (околу 120 ден.) ама навистина не сум сигурна дали ја има оваа боја. Провери за секој случај.
Јас воопшто не сум задоволна од моливчето на Есенс extreme lasting демек не се пресликува една феминка ми го препорача. Исто како и сите моливи ми се пресликува на капаците посебно на потопло време. Не го препорачувам воопшто оти не си ја врши работата ама ич. Ќе си останам на туш сега за сега.
Пробај го со база за сенка. Јас имам мрсни капаци и престанав да користам моливи откако сфатив дека дури и Гош (кој го сметаат за еден од поквалитетните) почна да ми се пресликува. Вака со база некои моливи се океј и не се пресликуваат, ама најчесто користам моливчиња од Авон и го немам пробано ова од Есенс за да ти кажам со сигурност како делува. Пробај па кажи дали ќе има ефект.
Не, не им е поминат рокот, туку се тоа производи од Essence и Catrice што излегуваат од продажба, што ке се продаваат со нова амбалажа и сл. па се со големи попусти ако ги начекаш. На пример од Catrice старите марки пудри се продаваа по 135 денари а редовна цена им беше околу 450 денари, исто по 135 беа палетите сенки Catrice со старата амбалажа а редовна цена им е 339 итн. На секоj производ си пишува рок посебно, ама во секоj случаj не се со поминат рок.
Го има пробано некој моливчето на Catrice 18h color&contour за внатрешниот дел на окото (waterline)? Го земав Essense long lasting, супер е пигментирано ама ептен ме печат очите од него и почнуваат да ми солзат
Моливчето е многу убаво (јас имам кафеаво), меѓутоа јас го користам за да ги обележам контурите на окото однадвор, внатре на waterline линијата го немам користено затоа што имам доста осетливи очи а и не ми се допаѓа како ми стои моливче од внатрешната страна. Фино моливче е навистина, супер-пигментирано, меѓутоа не знам дали ќе ти се допадне. Каква боја ти треба? Ако сакаш беж нијанса, убав молив кој 100% би ти одговарал има од Макс Фактор (еден им е, лесно ќе го најдеш). Па и не само беж нијансата, сите моливи им се фини. Малку поскапи се, ама врвни моливчиња.
Ми треба црно самоостречко (ме мрзи цело време да го острам), го употребувам за внатрешната страна на горниот дел на окото. Така кога ќе ставам маскара ми изгледа целосно. Битно ми е да е пигментирано и да не ме печат/солзат очите од него
Барај го Max Factor Kohl Pencil. Има и црно, јас мислев да не ти треба некоја специфична боја. Има бело, црно, беж. Мислам дека треба да има зелено, сино и кафеаво (обично такви се сите колекции), ама дека имам од други брендови па не сум проверила. Околу 350 денари е моливот, малку е поскап, но е еден од поквалитетните кои ги имам користено. За жал дрвен е, класичен молив на острење. Самоостречки користам од Авон од оние со светки. Мислам дека имаат и црн, ама не знам колку е квалитетен.
Најдобро моливче што го имам пробано до сега. Воопшто не се размачкува и трае цел ден, дури и тешко се вади. Го препорачувам.
Црно моливче на вртење што е пигментирано, а издржува на топло? Ми треба за под горните трепки, а не сакам да ми заврши на долниот дел (waterline). До 200 ден.
Како сте задоволни од моливчињата на Авон? Ми треба црно моливче, а во моменталниот каталог се по 129 денари, па се мислам дали да нарачам и да го чекам или да си купам некое. Добредојдени се предлози и од други брендови, по можност да се самоостречки.
Самоостречките од Авон со години ги користам,последниве месеци сменија формула ама пак смоук дајмонд ми е незаменливоЦрното исто ми е супер иако ретко го користам,за разлика од едно тиркизно демек од истата колекција а ко да е некое сосема трето,многу ми се пресликува на капакот.За кафеавото да не зборам прича за себеочи ќе извадам додека да ставам и магично го снемува за десет минути
Остава убава црна боја не се размачкува ни по 12часа го препорачувам редовна цена 25франка тука јас на попуст го земав некаде 10-11 франка во Швајцарија
Да ми препорачате некое моливче со интензивно црна боја, и пристапна цена (100-200 ден.)? Ми треба поточно за внатрешната линија на окото, зошто овие што ги имам не ги бива ич за во тој дел.