Девојки, каде ги купувате моливчињата на Гош? Бев во ДМ, Еликсир и уште некоја парфимерија но никаде ја нема нивната козметика. :/ Ми треба некое за внатрешната линија на окото кое нема да избледува после кратко време, па според препораките мислев да го купам тоа на Гош.
Ми треба препорака за добар молив за очи но помрсен што лесно се размачкува и бленда. Ми треба за сенчање на окото на очниот капак наместо туш ама сакам молив зашто со туш ми искача права линија а со молив се добива замаглен ефект.
Овој молив на Есенс: Јас го имам и сум презадоволна. Водоотпорен е и долготраен. Не е доопшто сув туку убаво се нанесува на капакот. Цената не му ја памтам, мислам дека е околу 120 денари.
Предлог за црно водоотпорно моливче за очи? Ми треба за внатрешниот дел од горниот капак на окото, па битно ми е да не се пресликува на долниот капак
Девојки, можете да ми препорачате некое моливче црна или темно кафена боја за Очи што не се растекува?
Моја препорака за моливчево ептен сум задоволна.Го има во космо и сега пред нова год. беше на попуст. Спојлер
Предлог темно кафено моливче за очи кое ќе биде пигментирано и нема да се пресликува? Секогаш ставам прво течен коректор или пудра на очите и ја сетирам со камена и пак сите моливчиња и маскари ми се пресликуваат. А често ставам и неутрална сенка плус. Посебно сега кога ќе затопли ќе биде хаос.
На овие мислиш? Го имав црното и не можев никако прецизно да нанесам, покрај тоа што беше дебело, како суво беше нз. На крај го фрлив. Но фала во секој случај
Да, од таа колекција е, штета што не ти се погодило. Јас го купив по препорака, а и налетав на доста позитивни рецензии на нет, па веќе неколку години го користам, заедно со тушот (и кафеав и црн, со четка од тврда гума) ми се омилени производи од Gosh.
Aura има, jас го користам.Не сум дома за да видам бројче, али како и да е, еден кафеав молив за очи имаат. Баш таков како што сакаш. Не се размачкува, али јас користам артдеко база, така да без тоа не гарантирам како ќе се покаже. Како и да е, ефтин е. Можеш да видиш и римел дали имаат кафеаво, пошто нивните моливчиња се исто добри, користам такво сиво.
Користам на Clinique, Estee lauder (од последното не сум задоволна, се искрши целото, кога се потроши повеќе од пола, така што не можев да го дотрошам, а според цената не би требало тоа да се случува), последен пат земав на Manhattan и задоволна сум.
Davis eye pencil , пазарските, без острилка што се, сите моливчиња им се убави , пигментирани и не се размачкуваат. Конкретно кафеавото и сивото редовно ги земам од таму. Исто и Риммел кафеаво и сиво користам,супер се.
Дали се водоотпорни? Затоа што ми треба за внатрешниот агол на горниот капак, по линијата на трепките.