На интернет го гледав, ама кога отидов да го купам во ДМ го барав во две дрогерии и не го најдов. Добро што кажа, мислев моиве очи не гледаат.
Предлог темно кафено водоотпорно моливче за очи? Сакам да направам tightline, но сите до сега ми се пресликувале, посебно на почетокот на окото. Пробав и да сетирам со сенка, исто е.
Не сум ги забележала, фала ти. Малку надвор од темава, но знаеш ли дали имаат и други производи на Флормар?
Порано ги купував имаа штанд во Рамстор мол и Џамбо. Кармините им се ептен добри, масакрите исто така. Долго време не сум била по тие молови не знам дали уште се таму. Се изненадив кога видов во ДМ.
За прв пат некни ги пробав на She и морам да кажам во однос на цената се супер. Мислев дека немам ништо од оваа марка ама откако испробав моливчето, кога разгледав дома имам лак кој е добар и кармини 2, кои се супер со трајност во однос на ниската цена. Мислам дека оваа линија не се доволно рекламирани и промовирани, барем јас немам приметено и не знам зошто вешто ги одминувам. Малена мислам дека повеќе реклами ми излегуваат отколку оваа линија.
Огромна препорака за моливчево, ги надмина сите претходни. Јас го имам кафеното, темно кафена боја е, многу е пигментирано и лесно се нанесува, а воопшто не ми се пресликува. Сега уште да научам да го наоштрам а да не го расипам. Купено е од Космо, не го видов во ДМ.
Го купив после препоракава и навистина се согласувам. По првото нанесување бев - wow, каква пигментација. И баш убаво "лизга" при нанесување. Ги немав приметено овие моливчиња, така да, ептен фала.
Предлог крем моливче? Го чекам на Есенс да го добијат во ДМ ама никако да го начекам а бев во 3 ДМ. Земав на Катрис едно на вртење, но испадна дека е светкаво и е премало, ќе го потрошам за една недела. Само да не биде 300-400 денари, не ми се даваат толку.
И јас не можев да го најдам ова на Есенс нигде па земав исто вакво на Аура и ми е сосема ок. Мислам беше околу 130-150денари.
И јас дојдов да прашам за кремаво моливче, кое држи повеќе часа и не се бриши. Имам едно на Буржоа ама трајноста му е еден час и го снемува.
Во потрага по крем моливче купив 3 моливчиња за очи на вртење, сите шампањ боја, сите катастрофа. Светкави се што не ми пречи, но воопшто не лизгаат туку мора да пројдеш неколку пати. На водената линија скоро ич не се забележуваат. Пробав да го посветлам внатрешниот дел на окото и ми ја избришаа пудрата/коректорот што ги имав и пак ништо. Џабе фрлени пари. Првото е на Катрис а другите две на Тренд ит ап.
Моливчето е на Кико Милано, избришани се буквите, не се познава, за мене од ова моливче нема подобро, кремасто е и стои цел ден, купено ми е поодамна од Ист Гејт провери дали уште го имаат