Го користев молливчето на Gosh и бев презадоволна, ама откако го пробав Xtreme Last eyeliner na Manhattan нема никакви теоретски шанси да се вратам на претходниот. Дава добра боја, ненормално многу трае и не се размачкува. Нема шанси да го сменам!
Обавезно користам ги оцртувам очите одоздола а некогаш го користам и како туш одозгора.најчесто црно.да си го пофалам моето моливче кое ептен убаво исцртува и ич не е скапо-115тина денари-flormar
моментално имам вакво црно, убаво црта а претходно имам користено на гош сиво и црно убави беа и на севентин исто црно
Не знаев каде да прашам за тушов на орифлејм дали сте го користеле и дали е убав.Да не лупам пари за џабе...
Почнав со Golden Rose моливчето за очи. Бев задоволна, но по неколку години не знам што се случи, не ми се погаѓаа сите моливчиња исти. Купив 2-3 кои никако не пуштаа боја. По препорака на другарка почнав да го употребувам BROOKLIN и не го менувам за ништо на светот. Презадоволна сум. :up:
Moрам да кажам дека е фантастично моливчево. ПРЕДОБРО Е! Многу црно, не се размачкува, водоотпорно Имам и на Ревлон и тоа е добро и многу црно и квалитетно е, ама не како Менхетенот. Иначе некој праша погоре околу 250 е. А Багуфче јас не ги сакам воопшто производите на Орифлејм, иначе имам таков туш дома како молив и не го користам зашто не пушта убаво. А и во една тема баш ме цитираше Старфиш и кажа и она дека тие тушеви не се убави. Не пуштаат црнило доволно. Земи си прав туш за да боцнеш во црнилото. Јас земав од Менхетен одлично е, посебно што врвот е тврд и преееееубаво се изцртува, околу 300 денари е, ама вреди. А претходно имав со тенко да цртам, е вакви тушеви и немој да земеш. Не се црта убаво ич.
на овие ли BROOKLIN моливи мислеше? Го имам користено овој молив (црниот) и убаво црта и ефтин е(околу стотина денари мислам) но многу се размачкува! Јас не бев воопшто задоволна бидејќи ептен брзо се размачкуваше и едвај го вадев! А менхетен моливот исто така ми е користен од поодамана но подзаборавив какво беше ! Сега штом го фалите толку ќе си купам пак и онака сегашновов моливче ми е при крај!
Да, тие се Мина. Јас пак сум презадоволна. Мене воопшто не ми се размачкува, напротив за прв пат креонот не ми се собира на крајот на аглите од окото туку си стои така како што сум го ставила. Исто така кога ќе излезам немам потреба да се грижам дали треба да ја поправам шминката. Го користам со години и сум презадоволна. Чини околу 100-120 денари.
Јас никако да си најдам молив што ми одговара. Сите што сум ги користела ми се размачкувале, кои помалку кои повеќе Сакам сега на Гош да го пробам или да видам таму продавачката да ми препорача некој
ЈАс го користам веќе 2-3 години и задоволна сум многу,убаво се нанесува,а уште поубаво кога под него има сенка е тогаш е прекрасен,не се шмрља убав е
Барав црно моливче со години, скоро сите брендови што ги има кај нас сум ги пробала. Конечно решив да платам повеке и не се покајав. Купив црно моливче од Make up for ever во Sephora, 16Еур мислам дека платив, ама не се споредува со ништо кај нас. Спојлер http://www.sephora.com/browse/product.jhtml?id=P35082#
пред некој ден во шатци за 140 денари и супер е, обично користам црно на Авон со гумиче но за дневна шминка и пролетни денови кафеавото е измислено, а ова на Гош е супер.
Добро дали јас сум единствена што не го сакам моливчето на Менхетен што го пофаливте сите? Јас го имам и жалам за фрлените пари. Мислам дека го купив околу 200 ден од Космо Јас очите ги цртам од внатрешниот дел и моливчево воопшто не црни, незз што му е проблемот Можеби е кај сите различно, али морав да си кажам Веќе извесно време го користам моливчето од Авон со апликатор и не би го сменила Погодено ми е 100%
јас го користев не бев задоволна бидејќи ми се размачкуваше, а што се однесува до бојата беше супер. и така пак се вратив на Авон моливот со гумица и не сум го сменила.