Јас ја зедов од ДМ во Битола, имаше доста моливчиња. Не знам дали во сите ДМ се многу љубезни продавачките, но еднаш една ми зеде број за една палета од Trend it up и кога дојде залиха за некој ден ми се јави и ми ја чуваше, нити ја знаев нити ја познавав браво за неа
Го купив на Римел моливот во нијанса капучино, но ми е многу темен имаат ли малку посветла кафена нијанса? Или да ми предложите друго?
Моливчето на Кико вака на тестер ми се гледаше пигментирано со убава нежно портокалова боја. Прв пат купувам од оваа козметика,а баш ме занима како ќе стои. Имаше и убави нијанси на кармини ама немаше портокалова нијанса.
Јас сум од овир презадоволна, цената е смешна околу 50-60 денари, траат доста долго, а ги има буквално во сите нијанси.
Ве молам предложете ми моливче во nude нијанса, да биде поквалитетно и трајно. Прифатлива ми е цена до 500-600 ден.
Каде ги има? Имав едно го користев за специјални прилики зошто ептен ми беше погодено, подобро од многу поскапи.
Побарај по продавнициве за шминка или по тезгине кај што продаваа шминка. Едит: јас ги купувам од една продавница за небрендирани шминки во Тетово.
Ако си од Ск ги има на Бит пазар во редот карши полициска, Impala мислам се вика, таму ги зимав ама ги има скоро во сите такви продавнички. И јас сум многу задовплна ид нив
Во ДМ, имаш секакви моливчиња, конкретно од Есенс имам користено и одлични ми се а цената не им е повеќе од 200 денари. Исто и од Голден Роуз има квалитетни моливчиња, исто така евтини.
Да ве прашам едно просто прашање.. Самоостречко моливче како се остри?? Го потрошив делот видлив што е и не знам што да му правам за да се изостри?
Би требало на дното да има еден дел што се врти. Пробај заврти го и би требало да излезе моливчето...