Јас сум презадоволна од моливчињата за усни на есенс ! Многу ме изненадија,зошто по обичај секое моливче за усни ми е суво и морам да го комбинирам со лабело или кармин за да не ми се исуши устата. Но,со овие моливчиња немам гајле ама баш никакво. И без лабело и без кармин не ми ја сушат устата,и долго стојат Еве ги моливчињата како изгледаат,за 75 денари стварно немам коментар. Ќе си ги земам сите до едно Моментално го имам ова моливче 05 Soft Berry : Mногу убава темна боја,баш за периодов е идеална. Дава боја на цреша,ако ставите повеќе слоеви има изглед како темно виолетово абе убавини ми е ! Вака некако изгледа на усни,јас ставам само повеќе за потемно да изгледа плус мат ефект си оставам да биде без никаков сјај/кармин/лабело Исто така задоволна сум и од моливчињата на флормар за усни,ама не до толку како на есенс. Сепак есенс водат сега
Користам само да ги затемнам малку усните. Значи, не ставам само на краевите на усните туку низ цела усни. Само малце боја да им даде.
Не ми се допаѓа кога ќе видам усни нацртани со молив за усни. Ми изгледа толку глупаво и грозно. Без навреда . Сум користела молив за усни со кој сум ги исполнувала целите усни .. нешто како кармин-идеја .. така нешто и толку..можеби пак би ставила на таков начин молив за усни, но со него да си ги нацртам усните и тоа забележително - НЕ,НИКОГАШ!
Имав два купено и бидеји не ми се погодија, се откажав. Некако ми ја сушеа устата. Инаку, убаво ми изгледа на јутуб кога гледам како прво ги исполнуваат целосно усните со молив, а потоа ставаат кармин. А само на рабовите (или над нив) -не.
Јас ги користам молоивчињата на essence меки се и лесно се нанесуваат .Го ставам преку цела усна и после над него ставам кармин , лабело. Имам и едно на макс фактор бургунди боја ама срам ми е да се шетам таква , а преубаво ми стои
Моментално сум навлечена на овие две. Совршени ми се за преку ден Аrtdeco magic lip liner 17 Сликата не ја доловува вистинската боја, во живо е многу понежна па си го користам преку цела уста. А највеќе ми се допаѓа четкичката што си ја користам за нанесување на кармин. И кога го имам моливчево на уста нема шанси некој да не ме праша што кармин имам ставено. Бојата ми е совршена. А од овие нискобуџетниве, за тие пари ова е повеќе од одлично Еssence lipliner 06 satin mauve
Си користам често моливче, а најчесто на Малена. Ама последниот пат сум ја утнала бојата премногу розево е. Инаку сакам по темни бои.
Предложете ми бордо моливче за усни, нека не биде со астрономска цена. Нека биде темна, но не претемна со син подтон за да мава на виолетово - топла боја ми треба, мислам дека ќе ме сфатите за што зборам. Нешто вакво, најслично.
Moливчињата на Мanhattan - e-xtreme last lipliner, ми се откритие на годината! Ма на векот! Немам навика да користам моливчиња, али овие се прва лига, најзадоволна до сега. Јас го купив темно виолетовото од серијава, за обожавателите на темни нијанси - ова е идеално! И бордо видов од овие, Мишела ако е заинтересирана во ДМ ги гледав
Девојки на Аура моливчињава како се движат? Си пикирав едно црвено, преубава боја, планирам да си го земам.
На Аура моливчињата се околу 100 денари, ама не би ти ги препорачала многу се тврди. Ептен треба да стиснеш на уста за да пушти боја. Подобро земи си Малена за 60 денари, барем се по меки по кремасти, многу по лесно се нанесуваат. Барем јас имам вакво искуство со Аура, може на некој му се погодуваат... а стварно добри бои имаат.
До пред некој месец не користев, ама гледајќи ја мајка ми пробав и јас и сфатив дека многу поубав ефект му дава на карминот, и од тогаш користам постојано. Моментално имам од Голден Роуз кој немам намера да го менувам бидејќи совршено ми одговара со бојата на карминот, исто од Голден Роуз.
Девојки, јас на крај се одлучив за моливче на Seventeen и презадоволна сум од изборот. Станува збор за Twist Lipliner, чини 200 денари и дава речиси ист ефект како кармин. Многу убава и нежна, кремаста структура, со малку лабело како подлога се понаша како кармин и преубаво изгледа на унсите. Јас го купив со намера да си го носам како замена за кармин зашто не можев да си најдам таква нијанса, а никој не примети дека всушност и не се работи за кармин. Трајноста му е солидна и не се разлева лесно. Нијансата е 18 Prune и слика од истата не можев да најдам, но вака изгледаат моливчињата.