За моливчето од сликата не знам, затоа што го ставив само за да покажам за кои моливи се работи. Од моето нема слика, бојата му е бордо, накај некоја plum-виолетова нијанса.
Девојки кажете некој убав молив за усни, за нијанса, две потемен од карминов прв што е на сликава, јако циклама. Никако да најдам некоја убава боја
^ Seventeen Longstay Lip Shaper Нијанса : 28 Hot Pink Или пак, ова ми изгледа исто тука некаде со замислената нијанса. Supersmooth Waterproof Lipliner, исто на Seventeen. 09 Fuchsia Моливчињата на Seventeen се навистина одлични, до сега сe' што сум купила не ме разочарало, во однос на нијансите и долготрајноста. Топло ги препорачувам.
Фала Мишела на препораката Инаку 09 повеке би ми одговарала па ке ја побарам деновиве во космо. Имам бордо молив на севнтин и стварно се супер, имаат многу убави инјасни, а и текстурата, трајноста се доста солидни и плус што и е мн битно не се размачкуваат.
Досега немам воопшто користено молив за усни,што го сметам како голем недостаток во козметикава моја,но ни сум се заинтересирала некогаш да купам а треба ,како што сум голем обожавател на полна усна....ке мора да почнам да го практикувам
Сакав да прашам, зошто имам доста полна уста и со моливчето не ми е намера уште поголеми да ги направам, е сега дали моливче што е иста боја како карминот дава ефект на пополна уста? Ако ме разбравте
^ Не дава моливчето изглед на пополни усни, ами техниката на нанесување. Ако го нанесеш милиметарче над усната линија, ќе добиеш визуелно пополни усни, а ако нанесеш во линијата и малку под неа па нанесеш кармин, само ќе ги истакнеш природните контури на усните. Ако е иста нијанса со карминот, ќе биде одлична граница за карминот да не се разлее.
Јас од скоро почнав да користам, и како за почеток си купив Brooklin 205, го комбинирам со кармин од Golden Rose 2000 Nr.147. Нежни бои, баш како што сакам јас.
Овие моливчиња се многу добри, меки се, оставаат убава боичка и трајни се . Јас ги имам 07; 10; 06. Спојлер
Јас го користам Flormar 231 дури и устата си ги бојам со него (за тие што сакаат потемен кармин) нема кој ми го нема пофалено 100 денари е немаше таков кармин , купив друга броја на Flormar исто мислев слични се ама утнав.. затоа и многу се троши оваа нијанса
Јас ги користам од essence, но барам водоотпорен молив и да не е од оние што се режат.Ако знаете таков, пишувајте.
Баρам моливче за ефеκт BIGGER LIPS!? Овие на ESSENSE многу ги фалат, ги има во сите дρогеρии? Поточно ми тρеба essense боја "in the nude", значи боја слична на усните...?
Кои се подобри, тие на Есенс или на Аура? Мислам дека се тука некаде со цената. http://1.bp.blogspot.com/-zK9rbXTuN4A/UzvWFYsTuWI/AAAAAAAABVc/M_q7uRvyPjM/s1600/20140402_103459.jpg http://media.tumblr.com/e0b84efe3a50c015319a8e46fcdaafc6/tumblr_inline_n0taqnmh281qdfkq5.jpg
На Аура се посуви некако и мислам дека повеќе траат а на Есенс се како помрсни. Инаку и двете се добри јас пред некој ден купив од Есенс и не е лош.
Јас го користам ова моливче од Aura веќе подолго време и навистина е посуво од многу кои сум ги користела,но е доста долготрајно. Често го нанаесувам на цела уста и ставам малку сјаче одозгора,бидејќи многу ми се допаѓа нијансата,која е нежно розе речиси беж.
Мене ваквите посуви моливчиња ми ја прават устата пресушена и полна со лушпи, ама си најдов лек и за тоа - пред да нанесам молив ставам лабело и немам проблем. Ретко кога нанесувам моливче само за да им дадам контура на усните, секогаш поминувам низ цела уста. Имам некои нијанси на моливи кои навистина ми се поубави од било кој кармин што го имам и некако природно ми доаѓа да го нанесам така, дали дека многу ми се допаѓа нијансата - не знам.