Потврд е тој на Davis да, ама ни од далеку не е толку тврд како новите пакувања на Essence. Какви се такви се, за 110 ден. па и не може многу да се очекува. Инаку, @simoncelicius, ме зачуди што Импала се 100 ден. на Бит Пазар. Јас од локална парфимерија во Струмица ги купив, ама не знам кое колку беше, зашто не ми дадоа фискална, ама моја логика 50 со 60 нека беа.
Мене Аура ми се закон. Ги имам во повеќе бои. Навистина се добри. Јас всушност и не сум вешта за шминкање. Ги користам само на краевите.
@simoncelicius јас Импала моливчињата од нивната парфимерија карши полицијата на Бит пазар ги видов беа 80 денари.Лесно се наоѓа парфимеријата Импала пишува на неа(има две парфимерии блиску една до друга, на едната пишува Мода на другата Импала).Јас едно си земав за проба и дефинитивно ќе си земам уште, преубави ми се и меки, убаво пигментирани.Само пофални зборови имам, дефинитивно едно од моливчињата кое ми оставило највеќе впечаток после оној на Зерва, тој ми е all time favorite и заради нијансата, ама има разлика во цената огромна. Баш кога го пробав ова на Импала ми стана жал што не сум го открила порано.Наредна прилика обавезно зимам повеќе, ако имате некои предлози за убави мауве и нјуд нијанси слободно Па и во други нијанси што ви оставиле впечаток, пошто немаат тестер и немаш прилика да видиш какво е. @buba4e89 не знам за кои моливи на Никс зборуваш, јас имам купено еден кафен и толку беше лош што не сакам да го видам, може за оцртување да помине, ама за на цела уста ужас некако ем е потврд ем е како леплив ли густ ли како да кажам и никако не стои, некаде како да се собира некаде посветол, ужас ептен останав разочарана што не знам ни каде ми е може и сум го изгубила и од тогаш не сум им дала прилика на нивните моливи. Исто и на Флормар ми се тврди некако, само за оцртување го користам, не ми стои убаво на цела уста.Во принцип сакам меки моливчиња
Na mene najubavi mi se na impala,bidejki se meki i ne ja susat ustata,a i mnogu se trajni so pristapni ceni za site,zadovolna sum i od flormar,moda i od samoostreckite od avon.Do sega ne sum dala poveke od 150den.za molivce,pogodeni mi se i poeftinite
Имам едно од Авон, го користам чат-пат, црвено е и го нанесувам само ако ставам и црвен кармин, за да им дадам форма и големина на усните, а не да ја истакнам нивната контура, тоа ми е ужасно. Грозно ми е кога ќе видам некоја со розов кармин и виолетов молив.
^ Незнам зошто моливчето не ти одговара,мене ми се одлични,едни од најдобрите во тој ценовен ранк. Инаку 49 е идентична боја со 99 од Голден Роуз па совршено му одговара ама јас го носам и со 2 и 3 од Велвет мат кармините и со нив е одлично.
Дајте предлог за моливче кое ќе одговара со течниот мат кармин на Аура 625? Ниту е бордо, ниту е виолетов, уште помалку пак кафеав. Не ми одговара ниту еден молив кој ми се наоѓа по дома во вакви слични нијанси.
Бит пазар Davis Accent color 019 со блиц е сликано инаку е потемно, а ако сакаш ќе ти пратам во порака слика на уста како изгледа
женски кажете ми некое убаво црвено моливче. сите што ќе ги купам, кога ќе ги ставам на уста ко портокалови ми се