1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Молитва

Дискусија во 'Религија' започната од julie77, 10 април 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е па јас мислам дека треба да се даде внимание на молитвата..Јас од слушање и гледање документарци и различни прилози, филмовите за Исус итн.,сватив дека најголемото и најмоќното оружје била и е молитвата.Дури нели Исус самиот има кажано дека секоја вечер пред да се легне да се кажува, а со тоа ние ќе сме блиску до него и тој ке ни помогне.Преку неа соединувајќи се со Бога добиваме и мир на душата и ни се исполнува она што го посакуваме..Практикувам секоја вечер и навистина можам да кажам помага не секогаш ама да,можеби не одма ама по некое време кога ќе се случи она за кое сте побарале помош од Бога..Нели молитвата поместува и планини.Па сакам да прокоментирате доколку имате искуство ако ја практикувате молитвата..колку ви помага, а и колку вие верувате во сето тоа?Колку верувате во молитвата дека навистина има моќ да ни помогне во животот за било што?
     
    На natashaaz.09, tiggyboy, Таа Сум и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Katja.efremova

    Katja.efremova Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    89
    Потполно се согласувам со тебе Јуле :) Јас сигурно 5-6 години нема вечер без да се помолам и да се прекрстам пред да си легнам...ја кажувам Оче Наш..потоа една моја молитва за здравје на моите и ако имам некоја посебна молба...полесно ми е и едноставно неможам да заспијам ако не се помолам...како помала пред неколку години нон-стоп сонував како некој ме дави и имав страшни кошмари тогаш тетка ми ми кажа да си се прекрстувам пред спиење и верувале или не уште првата вечер кога се прекрстив престанав да имам кошмари...исто се согласувам и со тоа дека секогаш кога ќе се помолам на Бога за нешто што ми е важно чувствувам дека ме слуша и порано или подоцна ми се исполнува а ако не ми се исполни после некое време сваќам дека за мое добро било зошто не ми се исполнило,значи Господ ме слуша..некогаш дури ми се дешава кога се молам за нешто стварно многу важно почнам да се тресам и да ми течат солзи како нешто силно д аме тера од внатре да плачам колку и да нејкам...ви се има ли случувано ова и на вас?
     
    На Таа Сум, kristince51, ribce27 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е убаво Катја што сподели твое мислење и искуство за оваа тема..Како не ми се има случено..така одеднаш доаѓа од внатре неконтролирано..почнуваш да плачеш..И мислам дека има нешто..ми се случило да добивам на некој начин некакви знаци околу мене одреден период и после да се случи нешто и кога ке поврзам..тоа е тоа.И барам понекогаш во мојата молитва да ми даде Бог знаци по кој ке знам дали нешто е така или не дали нешто има во тоа или не..и ред др работи..Сакам да кажам не е се случајно.Џабе не рекле постарите помоли се било каде да си кога ти е тешко или имаш проблем ама од срце и ке видиш ке ти олесни и ке најдеш решение.. :)
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Молитвата помага и тоа многу,сум се молела и се молам,кога практикувам да се молам незнам зошто истото и мене ми се случило како на вас,само ретко,а тоа е да почнам да плачам,незнам зошто но мислам дека тоа можеби е еден вид на прочистување на душата за се што ти било тешко во животот,како да се испразнуваш,можам да кажам дека сличен ефект има и медитацијата која исто ти овозможува поголема концентрација и ослободување на енергија односно празнење на се што те изнервирало,нешто што ти било тешко.Ми се случило и кога се молам да добијам веројатно преку молитвата поголема свесност,поголем мир,а тоа го знам уште од мала,значи цел живот,меѓутоа во тоа што го проповедал Исус нема ништо лошо,те поттикнува на добри нешта.Додека ако веќе збориме за сонови,ми се има случено да го сонувам Исус,жена облечена слично на Богородица која во соновите се појавуваше некако чудно,односно како жена од секојдневието,никогаш не сум имала кошмари,секогаш многу лесно заспивам,како некое бебе :) иако понекогаш незнам зошто мислам дека соновите и не се случуваат или доаѓаат од потсвеста или од тоа што сме го мислеле во текот на денот. Верувам дека постои Бог и дека има влијание,а ке има доколку веруваш,ако не веруваш нема да има.
     
    На Таа Сум и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    И јас исто, имав тежок период, бев толку беспомошна што само чудо можеше да ми помогне, почнав да се молам секоја вечер пред спиење, и јас почнувам со Оче Наш па си имам и една своја молитва. Можам да кажам дека има некоја моќ во молитвата, тоа е разговор со Господ и мислам дека многу помага.
     
    На Таа Сум и April87 им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    Луѓето обично се молат кога ќе ги задеси некоа несреќа, што за мене е погрешно. Јас се молам скоро секоја вечер и така се чувствувам поблиску до Господ. Не треба да се молиме само кога ќе отидеме во црква, бидејќи Господ е насекаде.
     
    На Таа Сум, tessie, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Кога се молам, обично тоа е пред спиење. Разговорам со себе си, се судирам со моето јас, се покајувам пред Бога, Му благодарам за се‘.
    Молитвите секогаш ми помагале. Навистина имаат посебна духовна моќ.
     
    На ribce27 и beticka им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Навистина е така..има моќ.Еве практикувам секоја вечер и навистина што и да си кажам, за што и да си побарам помош или сакам да знам..навистина се случува..се исполнува.
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Да и јас мислам дека кога се обраќаш на Бог, или на сопствената потсвест и кога се молиш или заблагодаруваш за нешто, добиваш сила, насока за исполнување на тоа што го посакуваш и едноставно некако работите се подредуваат и завршуваат онако како што си посакувал. Само ако си искрен пред сам себе, ако вистински посакуваш исполнување на нештото, а посакуваш со чисто срце, тогаш на тебе е да исчекориш кон исполнување на тоа, а останатото ќе се подреди.
     
  10. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Се молам често за она што сакам да ми се случи или да го имам но и често се заблагодарувам на Господ за тоа што имам.Молитвата едноставно те ослободува на некој начин,вербата треба да ти даде сила и истрајност за она за што се молиме бидејќи како што рекле старите Господ забавува но не заборава.
     
    На ribce27 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    71
    На vinozito1, ribce27 и connie им се допаѓа ова.
  12. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    73
    јас практикувам пред спиење обавезно да си кажам молитва, веќе навика ми е створена :D дедо ми кога беше жив (бог да го прости) уште кога бев мала не научи мене и сестра ми пред јадење и пред спиење да си кажуваме молитва :lol: сега ако не се помолам пред легнување имам како немир во мене и едноставно морам
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Порано повеќе се молев, сега морам да признаам дека поретко. Но обавезно кога треба да направам нешто важно, како кога ја полагав матурата одејќи на место си ја кажував „Оче наш“. Туку да ви кажам, лани во училиште учевме за молитви, не знам точно, и речиси цел клас не ја знаеше „Оче наш“ :o |(
     
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Јас ја знам само Оче Наш. Откако знам за себе пред спиење си ја кажувам и му се заблагодарувам на Господ за се, а кога ќе станам на сабајле пак си ја кажувам ама овојпат се помолувам за мир, љубов и среќа за претстојниот ден. Навистина дава некоја чудесна енергија, самата помисла дека му се обраќам на Бога внесува во мене некое спокојство.
     
  15. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    87
    Јас ја знам Оче Наш.
    Верувам во моќта на молитвата! Неколку пати, ќе ја кажам молитвата и ќе ми се исполни тоа што сум го побарала.
    И да, секогаш кога ќе ми се случи нешто убаво, пред да легнам ја кажувам молитвата се заблагодарувам и си легнувам.
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Одамна немам пишано на темава.Ама кој и да е препорачувам пред да си легне навечер на спиење обавезно да си ја каже молитвата Оче наш и да си побара помош за се што го мачи и сака да му се исполни.Верувајте помага и навистина се случува тоа што и ќе побарате да ви се случи! :) Ова го кажувам од мое искуство.Убаво е секој да си се моли секогаш секој ден пред спиење.И ќе се чувствувате посмирени и поисполнети.
     
    На PetraPanka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. PetraPanka

    PetraPanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    4
    Поздрав со сите кои што напишале нешто во врска со темава ...
    Еве може некој од нас ако знае по некоја молитва (освен Оче наш...) да напише некоја друга , така можеби и ќе научиме нешто повеќе , се разбира доколку има волја и за пишување и за читање .
    Бидете во здравје и љубов :)
     
  18. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    97
    Оче наш- таа молитва ја знам само.
    Можеби не се молам многу често,но сепак си ја кажувам молитвата.
    И да верувам и тоа многу.И јас како анфејтфул кога полагав матура,кога правев тестови обавезно во себе си ја кажував молитвата и си држев икона во раката.
     
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    На темава ќе бидам искрена.Не се молам секоја вечер пред спиење,не се молам пред ручек и вечера,не се молам од навика.
    Се молам секогаш кога имам потреба да си ја прочистам душата,да разговарам со Бог,кога имам некоја мака па барам просветлување.Искрено кажувам дека порано или подоцна тоа што го барате во молитвата Господ Бог го исполнува затоа што сите ние сме негови чеда,сите не сака и не избавува од гревовите доколку се заколниме дека нема веќе да ги правиме истите грешки.Молитвата е најдоброто духовно прочистување.Баш сакам да почнам да практикувам да се молам секоја вечер,а не само кога имам потреба.Убаво е чувството да знаеш дека си се помолил,си отишол во црква,си запалил свеќа.Си ја прочистил душата.
    Од молитвите ја знам само Оче наш,глупо ми е да видам некој што не ја знае.Останато од молитвата го зборам со свои зборови.
     
  20. PetraPanka

    PetraPanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    4
    Да во ред, кој како сака така ќе се моли, најважно е тоа да е од душа и искрено, поздрав