МОЛИТВАТА е побожно управување на човечкиот ум и срце кон Бога, обраќање кон Господа со вера и надеж во Него. Молитвите некогаш остануваат неуслишени, бидејќи „вашите гревови го затскрија лицето Божјо во вас, да не слуша“ – вели пророк Исаија (Ис. 59,2) Христијанската молитва содржи: – Прославување на Бога поради Неговата вечна и недостапна слава; – Благодарност на Бога, за Неговите добрини и за секој дар кој од Него го имаме; – Молење за благодат и помош Негова, за опростување на гревовите, избавување од зло. Треба да се моли со: – Цврста вера во Господа и непоколеблива надеж во Неговото милосрдие; – Истрајност, не престанувајќи со молитвите ни тогаш кога ни изгледа дека Господ не не` услишил. Принесувајќи молитви кон Господа ние се обраќаме и на Неговитесветии како наши застапници пред Бога. Притоа, ангелите и светителите ги почитуваме не како Бога, туку како Божји угодници и битија кои се близу до Бога, па во молитвите им се обраќаме да се завземат за нас пред Бога. Слава и чест Му оддаваме единствено на Бога, а светиите ги повикуваме не како такви кои би можеле да ни помогнат со сопствените сили, туку како прославени пред Бога, кои би ни измолиле од Бога помош и Негова милост. Обично им се обраќаме со зборовите: „Молете се за нас грешните!“ Во молитвите посебно и најнапред ја повикуваме Пресвета Богородица, нашата најголема застапница пред Божјиот престол. Исто така, почитувајќи ги иконите на кои се претставени ликовите на светиите, ние не се поклонуваме на иконите како на материја, туку на Господа непосредно или преку Пресвета Богородица или светиите, кои се на иконите насликани.
Молитвата може да не биде услишана од повеќе причини: 1. Заради непокајан грев (Исаија 59:2, Библијата) 2. Затоа што не е по Божјата воља (пример кога бараш да му умре козата на комшијата затоа што ти паркира пред врата 3. Понекогаш Божјиот одговор за нашите молитви е „Не“ или „Почекај“. И тоа се услишени молитви. На пример Исус молеше ако е можно да го одмине Голготското страдање, но сепак рече „нека биде Твојата воља Татко“. Бог му одговори со Не, но сепак тоа беше услишана молитва со која Бог покажа колку не љуби нас грешниците. 4. Постојат и условени услишувања, а тоа е кога Бог бара од нас да исправиме некоја патека од нашиот животза да може молитвата да биде според Неговата воља и да ја услиши. Еве неколку примери за такви молитви: „ако се понизи Мојот народ, кој се нарекува со Моето Име, и ако се помоли, и го побара Моето лице и ако се откаже од лошите патишта, Јас ќе го послушам тогаш од небото и ќе му го простам гревот и ќе му ја излечам земјата. Моите очи ќе бидат отворени и Моите уши ќе бидат внимателни на молитвата од ова место.“ (2 Летописи 7:14-15, Библијата) На темава „за неуслишените молитви“ ја препорачувам книгата „Божјиот молк“ (оригинал: God on mute). Навистина е добар подарок за страдалници кои подолго време поминуваат низ одредено страдање и се прашуваат зошто Бог молчи и не им одговара на нивните молитви.
Молитвата е најсилното оружје на христијанинот. Ако ѓаволот успее да убеди некој христијанин да ги пренасочи молитвите до некој друг, а не Бог, христијанинот е разоружан и поразен. Се разбира дека јас можам да те замолам тебе да се молиш за некој мој проблем или ти мене да ми кажеш да се молам за некој твој проблем. Но тоа е така затоа што ние можеме да комуницираме. Од друга страна, ние немаме НИКАКВА гаранција дека починатите верници можат да ги чујат нашите молитви. Ако беше така, тогаш тоа право ќе го искористеа Божјите луѓе во Библијата. Но, во Библијата ние не можеме да најдеме молитва упатена до некој светец. Напротив, сите, буквално сите луѓе се молеле до Бог и само до Бог. Најпрво ќе започнам со јасното учење на Господ Исус Христос за тоа како треба да се молиме: „А кога (Исус) се молеше на едно место и кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нè да се молиме, како што и Јован ги научи своите ученици!” А Тој им рече: „Кога се молите - говорите: „Татко наш, Кој си на небесата,..... “ (ев. Лука 11:1-2, Библијата) Овде гледаме дека Исус поучува нашите молитви да ги адресираме до Таткото Небесен. Значи така се молеле Христовите ученици, а така се молел и Исус. Има многу примери, но ќе наведам само еден од нив: „Во тие дни (Исус) се искачи на гората, за да се моли; и ја помина ноќта, молејќи Му се на Бога.“ (ев. Лука 6:12, Библијата) Така се молел и апсотол Павле: „Не грижете се за ништо, туку во сè преку молитва и молба со благодарност искажувајте ги своите просби пред Бога!“ (Филипјаните 4:6, Библијата) „Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон Бога за нив е: да се спасат.“ (Ап. Павле, Римјаните: 10:1, Библијата) „Му се молам на Бога да не направите никакво зло,“ (Ап. Павле, 2 Коринтјаните 13:7, Библијата) „Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, кога ве спомнуваме во своите молитви,“ (1 Солунјани 1:2, Библијата) „А Павле рече: „Би Го молел Бога, со малку или со многу, не само ти, туку и сите, кои ме слушаат денес, да станете такви каков што сум јас, освен овие окови.” (Дела 26:29, Библијата) Така светиот апостол Павле ги учел да се молат и другите христијани: „Покрај тоа, ве молам, браќа, преку нашиот Господ Исус Христос и преку љубовта на Духот, да се борите со мене, молејќи Му се на Бога за мене,“ (Ап. Павле, Римјаните 15:30, Библијата) Така се молеле и христијаните за апостол Петар „И така, Петар го чуваа во темницата, а црквата постојано Му се молеше на Бога за него.“ (Дела 12:5, Библијата) Така се молел и светиот апсотол Јаков: „Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде.“ (Јаков 1:5, Библијата) Така се молел и Корнелиј: „(Корнелиј) беше побожен и богобојазлив со сиот свој дом; кој му даваше многу милостини на народот и Му се молеше на Бога постојано.“ (Дела 10:2, Библијата) И така натаму. Читај и во Стариот завет како Даниел се молел, како Мојсеј се молел, како пророкот Илија се молел... ќе видиш дека сите тие се молеле на Бог и само на Бог. Погледни ги псалмите на Давид, околу 150 на број (од кои повеќето се молитви), и сите, повторувам СИТЕ до една, без исклучок, се упатени до Бог и само до Бог!
“Ве уверувам дека Мојот небесен Татко ќе ви даде се што ќе посакате во Мое име.” (Исус, во Ев. Јован 16:23) “А кога се молите, не постапувајте како лицемерите, кои сакаат да бидат забележани од другите кога се молат по синагогите и по плоштадите. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема! А ти, кога ќе се молиш, влези во својата соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот невидлив небесен Татко, Кој го гледа тоа што е тајно и ќе те награди јавно. Кога се молите, не редете празни зборови, како што тоа го прават оние што не Го познаваат Бога, мислејќи дека ќе бидат услишани поради својата речовитост.” ( Матеј 6:5-7) “Не биди брз на зборување – твоето срце да не избрзува пред Бога – – зашто Бог е на небото, а ти си на Земјата; затоа, зборувај одмерено.” (Проповедник 5:2) “Двајца мажи влегоа во храмот да се молат; едниот беше фарисеј, а другиот собирач на данок. Горделивиот фарисеј стоеше одвоено и се молеше вака: ,Ти благодарам, Боже, што јас не сум грешник, како што се другите луѓе: разбојници, нечесни, прељубници; ниту пак како овој собирач на данок, овде! Двапати неделно постам и во храмов давам десеток од сите мои приходи!-А собирачот на данок стоеше подалеку и не се осмелуваше ни да погледне кон небото, туку се удираше во градите и се молеше вака: ,Боже! Имај милост спрема мене, зашто јас сум грешник!’-Ве уверувам дека собирачот на данок, а не фарисејот, си замина оправдан пред Бога! Зашто, оној што се крева на големо – ќе биде понижен, а оној што се понизува – ќе биде издигнат.” (Исус, во Лука 18:10-14) “А без вера не е можно да Му бидеме угодни на Бог. Секој што сака да дојде кај Бог, мора да верува дека Тој постои и дека ги наградува оние што искрено Го бараат.” (Евреите 11:6) “Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него. Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и разбива. Таквиот човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ, бидејќи е нерешителен и непостојан…” (Јаков 1:5-. “Знаеме дека Бог не слуша грешници, туку ги слуша оние што имаат страхопочит кон Него и ја вршат Неговата волја.” (Ев. Јован 9:31) “Ако останете сврзани за Мене и ако Моето учење се вкорени во вас, тогаш секоја ваша молитва ќе ви биде исполнета.” (Исус, во Ев. Јован 15:7) “Се што ќе побараме од Него, ќе добиеме, ако се држиме до Неговите заповеди и го правиме она што е во согласност со Неговата волја.” (1. Јован 3:22) Што друго да кажам, еве кажано е се.
Никој во Библијата, ниту во првите генерации христијани не и се молел на Богородица, ниту пак ја сметал за најголема застапница пред Божјиот престол или најголема, пресвета, владичица, царица небесна, владетелка на ангелите, никој не барал спасение од неа итн. Сето ова се случува после 5-ти век кога блажената Марија станува култна личност во институционализираната црква и која што станала супер замена за паганите кои веќе имале обичај да слават богињи како Големата мајка (кај словенските пагани), божицата Артемида што се славела во Ефес, божицата Мајка Јунона која се обожавала во Рим итн.
Буквално истото го велеле и паганите. Платон, Сенека и многу други пагански филозофи велеле: „Ние не им се поклонуваме на идолите туку преку нив им се поклонуваме на боговите“. А во пракса се случувало обратното. Исто е и кај нас со иконите. Луѓето ги бацуваат иконите, им се поклонуваат, православните цркви ги осветуваат и ги лажат луѓето дека во иконите има „несоздадена Божествена енергија“ и со тоа им ги претставува како натприродни. Луѓето ги носат како амајлии закачени на ретровизор за да ги чуваат од сообраќајќи, ги ставаат во џеп кога идат на испит да им носат среќа итн. Кога светиот апостол Петар бил пресретнат од еден човек по име Корнелиј, Корнелиј му се поклонил. И што мислиш, што се случило потоа? Петар не му рекол: браво православен вернику, убаво се клањаш, ај сеа напрај уште два поклона, запали ми една свеќа и ќе ти дадам еден благослов заради тоа Не! Туку апостол Петар веднаш го укорил: „А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”“ (Дела на апостолите 10:26, Библијата) Епа ако светиот апостол Петар, кој бил сметан за еден од столбовите на Црквата и еден од тројцата најблиските апостоли на Исус, не дозволил да му се поклонуваат, зошто мислиш дека сега би дозволил да му се клањаат на некоја икона која наводно го претставува него? И што мислиш како би изреагирал апостол Петар доколку влезе во православен храм и види верник како се клања на таква икона? Зарем нема да го укори како што го укорил и Корнелиј? И ако апостол Петар така изреагирал, што мислиш како би изреагирале другите апостоли или свети луѓе (христијани)?
Некогаш употребуваме поговорки, за да скратиме и да бидеме појасни. Не значи дека не ги разбираме поговорките. Токму зошто ги разбираме ги користиме. Кога кажувам молитва од молитвеник, секогаш размислувам дали се однесува на мене и на мојата ситуација, најчесто е така, некогаш додавам или изоставам некој дел, и од свое срце со свој разум му се обраќам на Бога. Пример молитва за вашите болни родители, тука е напишана молитва за родител кој е на постела, некоја многу тешка болест, а личноста за која се молиш има нешто минливо или мала операција мала процедура или мала повреда, сигурно нема на слепо да ги повториш зборовите што се напишани, таа молитва е само пример може да се прилагоди. И најдобро одсекогаш и засекогаш. Оче наш, Господи помилуј, и пофалната песна на Богородица. Точно е, дека не можеш да се молиш со рецитирање, не верувам дека некој го прави тоа.
Секој убав збор кажан за Богородица е повеќе од заслужен. Таа е вистинска, не е никаква измислена божица. „По молитвите на Богородица, смилувај се на нас.“ Ако не си ја кажал оваа реченица никогаш, не знаеш каква благодат и утеха носи во душата. Доста ти се реплики од мене... Биди здрав и жив отидов ќе немам време за одговорите да ги видам
Не е поентата какво чувство или утеха носи. И во другите религии луѓето велат дека некоја религиозна практика им дава смирување, убаво чуство, утеха, сила итн. Во будизмот луѓето медитираат, мантраат, се поврзуваат со универзумот, ги отвараат енергетските „чакри“ и велат дека им дава мир, сила, концентрација итн. Има луѓе што и на дрва се молат, па велат дека чувствуваат мир потоа. Психолошките ефекти ги има насекаде. Ама молитвата е повеќе од тоа. Молитвата е комуникација со Господ, Создателот наш. Ние христијаните веруваме дека Господ ни се објавил преку Светото Писмо (Библијата) и таму Тој не научил како да се молиме. По ова прашање Библијата е исклучително јасна и учи дека треба на Бог да му се молиме, а не на Богородица или некој друг починат верник (светец). Во целата Библија нема да најдеш ниту една единствена молитва упатена до некој друг освен Бог. Сите молитви во Библијата се упатени до Бог и само до Бог. Христијаните се нарекуваат христијани затоа што го следат учењето на Христос и му се послушни на Него.
Слободно молете се според молитвеници! Тоа служи да ни помогне за пример,како најголемите Свети се молеле,и како да се научиме на молитва Треба со свои зборови ама добро е и според молитвеник/псалтир.
Мило ми е што ти не го правиш тоа, но верувај дека многу го прават тоа. И знаеш кое им е објаснвуањето? Вака велат отприлика: не можеш ти обичен грешник да изговараш правилни молитви кон Бог. Ти имаш опрелестен ум и твоите молитви не се добри. Затоа треба да користиш молитви од свети луѓе што ги напишале, бидејќи тие знаат како точно да се молат. Ептен забегана работа. Ама на ѓаволот му одговара луѓето да читаат молитви, затоа што знае дека на тој начин молењето полека но сигурно станува мантрање, литургиско пеење, а молитвите се гледаат како некакви магични стихотворби. Добар пример за мантрање е репетитивното повторување на молитвата „Господе Исус Христе Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“. Има луѓе што ќе седнат, ќе земат бројаница и колку што има чворчиња бројаницата, толку пати ќе ја повтараат оваа реченица. Ќе ја кажат еднаш, ќе го помрднат палецот кон следното чворче и пак ја кажуваат итн. 33 пати, некои 50 пати, па и по неколку круга, мислејќи дека со тоа ќе постигнат некое духовно издигнување. Ова најчесто го прават монасите. Дури и постои едно учење за „непрестајна молитва“ т.е. молитва што не престанува ни додека спиеш. Тие веруваат дека го истренирале својот мозок да ја повторува оваа молитва (мантра) на потсвесно ниво и додека спијат. Страшно и жално
Молитвата „Господе Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“ е базирана на библискиот текст ев. Лука 18:10-14, Библијата и во нејзината оригинална форма е вака: „Боже, биди милостив спрема мене грешниот“ (13-от стих) и таа е всушност молитва на понизниот цариник, понизност која била пофалена од Исус. Под „Исусовата молитва“ или „Исусови молитви“ (бидејќи ги има повеќе) се подразбираат сите молитви кои Исус ги кажал или молел за нас. Се разбира дека и горната молитва е една од тие, бидејќи таа илустрација (параболата за молитвата на горделивиот фарисеј и понизниот цариник) е кажана од Исус, но не само таа. Други Исусови молитви се: - Молитвата „Татко наш“ како модел молитва која ја кажал Исус. (ев. Матеј 6) - Првосвештеничката молитва на Исус во ев. Јован 17. - Молитвата на Исус пред Неговото апсење во ев. Лука 22:42. - Исусовите прославувања на Таткото - ев. Јован 11:41 , ев. Јован 12:27 и други. - Исус бара простување за оние кои го распнаа од незнаење - ев. Лука 23:34 Итн. Мојата омилена Исусова молитва е оваа: „(Татко) освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината.“ (Исус, ев Јован 17:17, Библијата)
Ако мислите дека молитвата е залудна, дека Бог не не слуша и дека не е потребно да се молиме, се лажете. Молете се секогаш и секаде! Бог ќе ве слушне. Мене молитвата ми е дневна потреба и секогаш ми е услишана. Молитвата е чудо. Без разлика дали е тоа со свои зборови или дадена молитва што ја рецитираме. Во секој случај, во молитвата треба да ја внесеш својата душа и да покажеш покорност кон Бога. И не заборавајте да се заблагодарите наместо само да барате. Кој клечи пред Бога, може да стои исправено пред луѓето.
За жал се јавуваат повторно недоразбирања меѓу некои свештеници во врска со молитвата за Богородица,каде што некој свештеник дури и си зел за право да ја забрани молитвата на литургии каде тој служи.Затоа се јави потреба и од реакции и објаснувања и од бигорскиот манастир. http://bigorski.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=359 .......... https://zadrugata.com/2016/09/06/правилно-ли-е-да-казваме-пресвета-бо/