1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Молитва

Дискусија во 'Религија' започната од julie77, 10 април 2010.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Почитуван,
    бидејќи бугарскиот текст е веќе преведен и на македонски, поради почит на преведувачот те молам да го поставиш и на македонски.
    А старешината(немојте да го нарекувате свештеник, оти ни самиот тој не се нарекува така), кој го забранува припевот: „Пресвјатаја Богородице спаси нас!“ и не го забранува, ако од тоа има (материјална) корист. Е сега на фејсбуците им се додворува на секташите, надевајќи се дека ќе прими од ними материјални испомошти, ама целото негово поведение нека му служи на чест. Жалостно е што Блаженејшиот, иако има и претставки од браќата архијереји, не покренува црковен суд против старешинава.
     
    На Rama и HUNK им се допаѓа ова.
  2. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    За кој старешина станува збор?
     
  3. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Сакав да пуштам линк од facebook ама не отвара под тој линк.Воопшто не е намерно.А да го постирам цел текст е премногу голем.
    Инаку дека забранил сам си има кажано и секој може да си прочита на страната на facebook каде што е активен.Воопшто не навлегувам дали постапува исправно или не,секој негова одговорнсот.Али добро е да се знае.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Бидејќи не е присутен на форумов не е убаво јавно да се спомене неговото име...

    Е ако е голем, постави го во темата за почитување на Пресвета Богородица ( http://forum.femina.mk/threads/Обожавање-на-блажената-Марија-Богородица.26411/ ), па ќе го линкуваш. Баш е добар текстот. ;)
     
    На Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    @Orthophill морам да признам дека молитва пре да се почне со јадење, пред ручек или вечера, имам гледано само на филмови. Прашањето ми е дали нашиве верници го практикуваат тој обичај со молитва пред ручек?? Имам прашано неколку пријатели кои се праваат дека веруваат и ја почитуваат религијата и сите обичаи ама за молење пред јадење на софра не го применуваат.
     
  6. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Жалам немам време за тоа.Веќе се спремам на пат.Нема да сум активен може за долго на форумов.Така да сите бевте прекрасни.Се читаме во друго време.Поздрав!
     
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Дали некој ги кажува или не молитвите пред јадење не знам. Сите треба да ги кажуваме. А молитвите пред и по јадење се следните:

    МОЛИТВИ ЗА ТРПЕЗА
    Молитва пред ручек
    Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое. Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на зземјата. Лебот наш насушен дај ни го денес, и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им простуваме на нашите должници. И не воведувај нè во искушение, туку избави нè од лукавиот.
    Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
    Господи помилуј (3 пати)
    Христе Боже, благослови го јадењето и пиењето на Твоите слуги, зашто Си свет, постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
    Благодарење по ручек
    Ти благодариме, Христе Боже наш, затоа што нè насити со Твоите земни блага. Не нè лишувај и од Твоето небесно царство, туку како што Си дошол помеѓу Твоите ученици, давајќи им мир, така дојди и при нас и спаси нè.
    Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
    Господи помилуј (3 пати)
    Господ Бог нека нè чува со Неговата благодат и човекољубие, постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

    Молитва пред вечера
    Ќе јадат сиромасите и ќе се наситат, и ќе Го прослават Господ оние кои Го бараат. Нивните срца ќе живеат довека.
    Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
    Господи помилуј (3 пати)
    Христе Боже, благослови го јадењето и пиењето на Твоите слуги, зашто Си свет, постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
    По вечерата
    Господи, нè развесели со Твоите созданија и се зарадувавме на делата на Твоите раце. Господи, се обележи во нас светлината на Твоето лице, и ни даде веселие во нашите срца. Се наситивме од плодот на пченицата, виното и елејот. Во мир ќе легнеме и ќе заспиеме, затоа што Ти, Господи, си нè засолнил во надеж.
    Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
    Господи помилуј (3 пати)
    Благословен е Бог, Кој од младоста наша нè милува и храни преку Неговите богати дарови. Ти, Кој му даваш храна на нашето тело, исполни ги со радост и веселие нашите срца, та постојано имајќи доволно сè, да изобилуваме во секое добро дело, Христа Исуса нашиот Господ, со Кого Ти прилега слава, моќ, чест и поклонение со Светиот Дух, довека. Амин.
    Може и следнава молитва, по секое јадење
    Владико, ние грешните и недостојни Твои слуги, откако се наситивме со Твоите богати блага, Тебе вистинскиот и човекољубив Бог Ти принесуваме благодарност, и Ти се молиме: направи нè учесници во Твоите земни блага и небесни дарови, по молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите Твои свети.

    Среќен ти пат! Ќе ни недостасуваш! :)
     
    На Bulgarian, Rama, korisnichka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Е ако де, еве јас ќе го поканам да дојде на форумов и да го даде своето гледиште зошто се нарекува старешина, а не свештеник и зошто не ја употребува таа молитва упатена до Богородица.
    А уште повеќе ме интересира дали навистина им забранува на другите да ја користат таа молитва ОСВЕН како што велиш ти кога има материјална корист и се разбира дали е тоа навистина така или повторно ги клеветите оние што поразлично веруваат од вашата глупа православни верници.
     
  9. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Добар пат, @Bulgarian :)
    Ќе запалам свеќичка за тебе во црква. `Богатите осиромашеа и огладнеа, а оние кои Го бараат Господа нема да се лишат од никакви богатства`
     
    На kuc и Bulgarian им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Ќе поставам едно прашање во темава. Да видам неколку мислења.
    Во неколку цркви има тетратки во кои верниците пишуваат молитви, се заблагодаруваат на Бог или бараат нешто од него. Ме интересира ваш став за тоа, која е (не)потребата од една таква тетратка во црква?
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Сум видела огромна книга каде се запишуваат имиња на верниците,само во една црква,во мојот град има многу цркви и таму единствено се запишуваат имиња,нормално ако се сака,ништо не е принудно,и јас сум запишала мое име и на семејството неколку пати,ваљда после кога има некои служби се спомнуваат тие имиња,искрено незнам...
    Е сега таму каде што се практикува тоа,не сум доволно компетентна да расудам дали е ок или не..нека каже некој поупатен :)
    Ама доколку барањата на верниците се богоугодни не гледам ништо лошо...
     
  12. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Во параболата за богатиот и Лазар, богатиот му се моли на праотецот Авраам. Прочитав денес на блогот на о. Стефан Фримен, па барав и фала на Бога најдов за да посочам дека има во Светото Писмо пример за молитва упатена кон светител.
     
    На Bulgarian, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Срцка таа помислила на мене и прашањево кога читала блог :) Ти праќам една пријателска гушка за ова :hug:
    Вака сега, прво и основно ти го ценам трудот што си барала таква молитва во Библијата, но дозволи ми сепак да ти објаснам зошто ова не е молитва упатена до светец.

    1. И самата забележуваш дека тоа е параболата за богатиот човек и сиромавиот Лазар. Параболите што Исус ги кажува не се реални случувања, туку илустрации, илустрирани примери со кои Тој сака да укаже на некоја поента.

    2. Во параболите не може секој збор буквално да се толкува. Важно е да се сфати главната поента т.е. онаа поента заради која Исус ја кажува параболата и да се фокусира читателот на неа и нејзината примена. На пример во оваа парабола меѓу другото, Исус вели дека „И сиромавиот умре, и ангелите го однесоа во Авраамовото крило;“ (ев. Лука 16:22, Библијата) Зборот „крило“ буквално (во оригиналниот текст на Новиот ЗАвет) значи гради, прегратка, може да значи и скут. Зарем душите на починатите одат буквално во Авраамовиот скут? Се разбира дека не. Во параболата исто така пишува дека богатиот се довикувал со Авраам од пеколот до рајот. Зарем навистина мислиш дека душите ќе можат така да се гледаат и довикуваат од пеколот во рајот? Се разбира дека не. Дозволи да ти објаснам зошто се спомнува Авраам во параболата.

    3. Авраам бил и веројатно сеуште е гордоста на евреите. Тие со гордост кажувале дека се Авраамови потомци, иако повеќето не го следеле примерот на верата на Авраам. Исус можел во параболата да го стави и Бог наместо Авраам, но намерно го ставил Авраам за да им укаже на евреите дека попусто се надеваат на Авраам и дека нема да можат да фаќаат врски преку него кога ќе отидат на небото, туку други работи ќе бидат земени предвид (дали се покајале од гревовите и дали му верувале на Исус).

    4. Интересно е што во параболата се наведува името на болниот просјак, но не и името на богатиот човек кој не сакал да му се смилува на просјакот. Зошто? Просјаците често пати во нашето општество се најзанемарените луѓе, луѓе кои се сметаат за небитни. Некои едвај имаат и лична карта, а и тие што ја имаат, како да ја немаат, бидејќи никој не ги знае (освен меѓу нив што си се знаат). Од нив и роднините се откажале ако ги имаат. Доколку некој им изврши некаков криминал, за нив ни полиција не доаѓа. Но во параболата Исус сака да потенцира дека таквите Господ ги знае и дека, се разбира доколку веруваат во Бог, нивните имиња се запишани во книгата на животот. Додека неверните богати луѓе, иако ја уживаат земната суетна слава, сепак нивните имиња ги нема во книгата на животот и Исус на истите ќе им се обрати „ ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’“ (Исус, ев. Матеј 7:23, Библијата)
     
  14. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Врти - сучи, примерот си стои.
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Молитва кон свети Јован Дамаскин

    [​IMG]

    О, свети оче Јоване, големо светило на Православната Црква, ти што имаш голема смелост пред Господа, погледни на нас недостојните кои го просиме твоето застапништво пред престолот на Пресветата Троица.

    Ти, кој од Пречистата извор на вода жива си наречен услиши ја оваа наша скромна молитва и принеси Му ја на Троединиот Бог.

    Ти, кој Евангелието Свето си го живеел, непрестано моли се за нас.

    Од Бога испроси ни за Православието ревност, зашто ти навистина си бил голем ревнител за него. Испроси ни храброст и истрајност во верата онаква каква што ти си ја имал. Испроси ни љубов, со која ти си изобилувал. Испроси ни трпение, ти си го имал. Испроси ни смирение, со него си преизобилувал. Испроси ни послушание, оти со послушанието како ѕвезда најсветла си заблескал.

    Измоли ни од Господа да ја спознаеме Вистината, зашто и ти си ја спознал. Моли го Бога да не обдари со изобилие на знаења, мудрост и премудрост, ти со тоа си се украсил. Со своите свети молитви оче наш Јоване од ересите и расколите избави нѐ, онака како што и Ромеите од иконоборечката ерес ги избави. Моли се да омекнат и срцата наши, онака како што и срцето твое како памук омекна.

    Свети Јоване помогни ни да ја осознаеме минливоста и ништавилоста на овој трулежен свет, зашто ти премудро си ја осознал. Помогни ни да се избавиме од суетата, со која преизобилуваме, зашто во тебе суета не остана. Помогни ни да ја победиме гордоста, која срцата наши ги изеде, зашто таа во срцето твое место не најде. Помогни ни свети оче да го зауздаме нашиот јазик за секое празнословие, та само непрестана молитва да извира од устите наши, зашто усните твои непрестано славословие Божјо принесуваа.

    Свети Јоване моли Ѝ се и на Пресветата Богородица Трирачица, да и ние станеме нејзини миленици како што и ти миленик Нејзин постана. Та заедно со Неа измолете исцеленија за нашите дух, душa и телo, онака како што и за тебе некогаш измоли Пречистата исцеление на твојата отсечена рака.

    О, свети оче Јоване, моли се за нас грешните да Бог ни ги опрости сите наши гревови, та отфрлајќи ја ништавилоста на овој свет и горејќи од љубов према Господа, да се удостоиме заедно со тебе да Го славиме пречесното и великолепно име на Пресветата, Неразделна и Единосуштна Троица, во три ипостаси прославениот наш Бог, Отецот, Синот и Светиот Дух, Кому Му прилега секоја слава, чест и поклонение сега и секогаш и во век и веков! Амин.
     
    На kuc, Rama, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Сакам да прашам при крстење прво се става раката на десната или левата страна ? (#dontjudgemeplease)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Десната. Православно.
     
    На BlackNight, Orthophill и Freja.Stella им се допаѓа ова.
  18. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Најпрво, однапред да се извинам доколку моето прашање е неумесно. Читав многу околу Богородичната молитва за која е препорачливо да се изрече 150 пати дневно. Е сега, некаде вели дека може да,се започне со 50 пати дневно. Ме интересира имајќи ги предвид сите обврски ( семејни и прифесионални) дали може да,се практикува на овој начин. Може ли и во себе да се изрекува при вршење на неумствени работи, при движење и слично. Молам доколку некој е поподробно запознаен да ми објасни повеќе.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Може секако и дури работиме и дури лежиме и дури одиме, доволна е и самата ваша желба да се молите. Тоа Го радува и Бога и Мајката Божја. 150 мислам дека е премногу, но 50 молитви Богородице Дево, искомбинирани со барем 5 Отче наш, Верувам итн. се оптимални.
     
    На kuc и BlackNight им се допаѓа ова.
  20. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу.
     
    На kuc и Orthophill им се допаѓа ова.