„...Децата се облекуваат топло, се фаќаат за раце, мајката, таткото или негувателката одат напред. Така тие одат низ снегот и го обожуваат сè можниот Дух на својот вечен Отец кој им блика во пресрет во секоја снежна снегулка. И во таа насока една мала молитва или песна која се дава само како поттик. Децата треба неа секако да ја обликуваат самите од своето внатрешно, значи да се дозволи да навира слободно од нив: Снегулке снежна, ѕвонченце бело, ни пееш песна за силата и љубовта, која е нашиот небесен Отец. Снегулке снежна, ти ѕвонченце, те познавам добро. Ти си, ние сме сили на светлината. Небесен Оче: Јас Те љубам. Радосно молејќи и пеејќи децата повторно влегуваат во топлата соба за да го обликуваат денот. ...„ Твоето дете и Ти - Животна школа на несебичната љубов (изд. Универзален живот)
Можеби прашањево не е за тука...Дали некоја од вас ја има читано молитвата на Св. Кипријан и маченичката Јустина ,40 дена.Имаме навистина големи проблеми,но фала му на Бога откривме после 2 години што е причината.Ве молам ,или доколку сте го поминале тој пат ,пишете ми ЛП.
Не знам дали е споменато на темата, но ме измачува нешто. Имено, што кога при молитва и покрај нашето инсистирање да ја остватриме во целост со збор и ум, се случи во даден момент умот да забега во несакан правец, ама баш да забега во помисла која и не би требало да ја негуваме ни надвор од молитвата. Секако прекинав, се сконцентрирав и повторив,но ете се случува пак да доаѓа рој мисли, ги бркаме, но се враќаат и така. Се има ли ова случено на друг? Се чувствувам многу непријатно и виновно. Би користело и упатување на некој текст за надминување на ваквите ситуации.
Нормални се такви појави, не се замарај. Ѓаволот сака да ни ја одземе молитвата. Само продолжете да се молите.
Ти благодарам за брзиот одговор Ортофил, претпоставувам дека е ѓаволовото мешање и обид за попречување на текот на стремежот кон целосен духовен живот. Продолжив и понатаму и ќе продолжам со читање на духовна православна содржина која многу ми помага во правилното насочување на умот. Благодарна сум што ни е достапна во секое време во излобилие.
Многу пати ми се случува тоа. Колку повеќе имаш цврста вера, толку повеќе се засилува борбата од невидливите непријатели. Го слушав баш еден отец зборуваше на темава, вака рече : Кога ќе имате такви помисли, поставете си го прашањето, Дали јас го посакувам тоа што ме напаѓа во мислите? Ако вашиот одговор е НЕ. Тогаш бидете во мир, бидејќи вие во вашето срце тоа не го посакувате. Бидејќи Бог гледа во нашето срце. Тоа е борба до крајот на нашиот живот. Некогаш е поинтензивна, некогаш посмирена. Исто ти ја препорачувам книгата од преподобен старец Ефрем Филотејски - Животот со мојот старец Јосиф. Навистина прекрасна книга којашто многу ми помогна да се борам со помислите.
Да се надоврзам на @Kikiccc, дали некој знае за црквичката Свети Стефан во Аеродром, онаа до Мајчин дом дали има сеуште богослужби. Читав на нивната фејсбук страна пред некоја година редовно се одржувале, имаат постојан свештеник, но кога бев и тоа во работен ден пред еден месец отприлика немаше и немаше истакнато ништо на самата црквичка околу богослужбите.
Колку што знам има редовни богослужби. Службите ги води проф. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ ( https://www.facebook.com/milan.dordevic.79 ). Мислам дека само во недела има богослужба и евентуално празник и сабота навечер.
Се извинувам, ама морам да прокоментирам, иако ја сфаќам Вашата добра намера. Зошто поставувате цитати на странски јазик? Дали ние немаме свој јазик? Дали ние немаме сопствен превод на Светото Писмо? Уште од 9. век, кога овој јазик што го споделувате не постоеше, ние Словените, пред се` Македонските Словени - Македонците, со помошта Божја, преку светите Кирил и Методиј се изборивме за свој јазик! Дали тогаш постоеше јазикот на кој споделувате? Дали нашиот јазик е совршен? Можеби за други работи не е, ама за богомислието е! Многу посовршен од овој јазик кој го споделувате! Затоа што ние го имаме непрестанокот од 9. век до сега. Нашиот јазик не е сиромашен како некои африкански јазици, а и ние не сме бивши колонизирани племиња, кои патат од чувство на пониска вредност, па сега ќе се изразуваме на јазикот на оние кои не` колонизирале. Иако сме свесни, дека англискиот јазик на глобално ниво, а српскиот јазик на балканско ниво се труди да преовладува, ама ние тоа страшно ропство и тоа наше самоуништување не смееме да си го дозволиме. Си имаме јазик, си имаме преводи, се` имаме, ама достоинство немаме. Пишувањето на туѓ јазик кога се обраќаме кон сонародници е навреда и за сонародниците и за нас. Зошто го преведуваа Светото Писмо светите Кирил и Методиј, заедно со своите свети ученици на словенски јазик? Зошто Неофит Рилски го преведе Светото Писмо на бугаро-македонски јазик? Зошто блаженоупокоените архиепископи Гаврил и Михаил, заедно со своите соработници го преведоа на македонски стандарден јазик? Ако требаше да се чита Светото Писмо на туѓ јазик, ќе го читавме на оригиналниот Грчки, а не некојси превод... Се извинувам уште еднаш ако бев груб, ама сфатете, дека јазикот е тоа што го прави еден народ. Да не дозволиме туѓи зборови да ни влегуваат во јазикот, да не дозволиме да го уништуваме нашиот јазик. ПС: Нема да бидеме попаметни ако зборуваме на туѓи јазици, попаметни ќе бидеме ако го усовршуваме и напредуваме нашиот мајчин македонски јазик.
Се согласувам со тебе, ама ќе го земам за пример порталот кој секојдневно го посетувам premiportal, каде во делот книги се содржани духовните поуки на Старец Тадеј, но не најдов македонски превод, прикачен е на српски. Го причитав и се навраќам на некои делови, чувствувам дека многу ми помага во надминување на одредени за мене предизвикувачки ситуации, секако поблиско ќе ми беше четивото доколку го имав на македонски, но и на овој начин го доживувам. За се си апсолутно во право за јаикот, во сите сегменти на живеењето, не само од аспект на духовна ризница и литература.
Епа таа е политиката на Србите. Србите ги гледаат повисоките цели, а ние го гледаме само нашиот ситен интерес. И тоа што ќе се преведе на македонски се крие, за да можат преведувачите и издавачите да заработат некој денар... Жалам, но ќе пишам мизерни сме. Посебно генерацијава Македонци кои сега живееме.