eve dve molitvi od mene za pred ucenje I ZA PRESVETA BOGORODICA ПРЕБЛАГИ ГОСПОДИ ИСПРАТИ НИ ЈА БЛАОДАТА НА ТВОЈОТ СВЕТ ДУХ КОЈА ГИ ПРОСВЕТУВА И ЗАКРЕПНУВА НАШИТЕ ДУХОВНИ СИЛИ ДА ВНИМАВАМЕ ШТО НИ СЕ ПРЕДАВА ТА ДА БИДЕМЕ ДОСТОЈНИ ЗА ТВОЈАТА СЛАВА ДА БИДЕМЕ РАДОСТ НА НАШИТЕ РОДИТЕЛИ ДА БИДЕМЕ ПОЛЗА НА НАШАТА ТАТКОВИНА И СВЕТАТА ЦРКВА АМИН! МОЛИТВА ЗА БОГОРОДИЦА БОГОРОДИЦЕ ДЕВО РАДУВАЈ СЕ БЛАГОДАТНА МАРИЈЕ ГОСПОД Е СО ТЕБЕ БЛАГОСЛОВЕНА СИ ТИ МЕЃУ ЖЕНИТЕ И БЛАГОСЛОВЕН Е ПЛОДОТ НА ТВОЈАТА УТРОБА ЗОШТО СИ ГО РОДИЛА СПАСИТЕЛОТ НА НАШИТЕ ДУШИ АМИН!
Исто и јас можеби не се молам секоја вечер но се молам редовно без разлика дали имам некоја мака или барам нешто да ми се исполни. Некогаш се молам само за да му се заблагодарам на Бога што го поминувам денот супер и само на него можам да си ги искажам маките...Знам дека ме слуша и од кога почнав да се молам бидејки предходно воопшто не се молев и сега пред 1 год кога пошнав скоро секој ден и нештата започнаа да се одвиваат како што посакувам а нешто што го побарам да ми се исполни а не се исполни после некое време или одреден период сум среќна што не се исполнило и сфакам дека сум грешела што сум го посакувала тоа и затоа не ми се исполнило...
Последнава година ипол-две секоја вечер си се молам пред спиење. Не ја кажувам оче наш, но си имам моја молитва која си ја кажувам. Со неа си барам мир за себе, моите блиски и луѓето кои ми значат. Од кога ќе се помолам си се осеќам како заштитена, во мене се појавува доза на смиреност и спокојство и ми е преубаво.
Да се имам молено многу пати, па искрено помага, ако ништо друго да се смирам.Имам чувство дека господ не слуша ако му се обраќаме редовно
Да и јас истото го правам последниве години, оавезно се прекрстувам пред да легнам и кога ке станам, а навечер обавезно се молам, а и Му се заблагодарувам за тоа што сум и што ми помогнал за се што сум се помолила, а ако некогаш не ми се оствари нешто што сум го барала знам дека било за мое добро
секоја вечер се молам јас кажувам најпрво ОЧЕ наш потоа се каам за се што имам лошо направено лични молби и најпоследно ја кажувам псалм 23 од давид избраник БОЖЈИ еве ја 1 Давидов псалм. Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува, 2 На зелени пасишта Тој ми дава починка; При тивки води - ме води. 3 Ја освежува мојата душа, ме води по патеките на правдата, поради Своето име. 4 Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат. 5 Приготвуваш трпеза пред мене, пред погледот на моите непријатели. Ја помаза мојата глава со масло, мојата чаша се прелева. 6 Навистина, благоста и милоста ќе ме следат, низ сите денови на мојот живот. И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш.
Се молам скоро секоја вечер пред спиење и тоа прво му заблагодарувам на Господ за се’ што ми овозможил и го молам да ми прости ако сум направила некој грев и секогаш пред спиење се прекрстувам и си ја кажувам „Оче Наш“. Од молитвите ја знам само таа, мислам дека СЕКОЈ христијанин треба да ја знае, а навистина би сакала да знам повеќе молитви. За мене молитвата е како духовно прочистување, самата молитва ми влева надеж, мир и спокојство. Како што спомнавте предходно, молитвата е разговор со Бога, на тој начин се доближуваме до него. Не сакам да се молам само кога имам потреба, само кога ќе ми притреба нешто, зашто молитвата не е само барање од Господ нешто да ни се исполни туку и покајување и барање прошка за гревовите. И цврсто, неоспорливо и непроменливо верувам во моќта на молитвата. Секогаш кога нешто ќе посакам, ќе му се помолам на Господ, знам дека тој секогаш слуша и порано или подоцна ми се остварува, а ако не ми се оствари сфаќам дека тоа не било судено и пишано за мене.
Во библијата Исус ја кажува Оче Наш но не за да ја кажуваме ние како стикотворба туку ни дава пример како би требало да биде одприлика нашата молитва значи најпрво да го славиме да го признаеме неговото величество итн.А нашата молитва треба да биде од срце значи излевање на нашето срце каење искрено(и понатаму во животот да не грешиме свесно)тоа да ни биде разговор со бог и тоа секој ден и се разбира да ја читаме библијата која е неговото љубовно писмо до нас таму не учи бог како да живееме христијански живот на тој начин преку молитва и читање се запознаваме со бог.А дали ќе запалиме свека на бог не му е битно туку нашите дела и нашето срце тоа му е битно на бог инаку би пишувало во библијата дека треба да палиме свеки.Морам да кажам дека одам во протестанска апостолска црква и така почнав да го запознавам бог. Ги слушам проповедите гледам како бог работи во животите на лугето кои со искрено срце го бараат.На пастирот детето било на смртна постела докторите кренале раце од него но пастирот кој дотогаш не го познавал бог вистински туку онака традиционално искрено го замолил да му го оздраве синот и му ветил оти ќе му служи и замислете за чудо и на докторите детето оздравело и сега е здрав и прав.Пастирот почнал да оди по манастири да пали свеќи да носи зејтини и сл.Но бог му ги отвори очите да ја види вистината за тоа кој е бог и што бара од нас и тој сега проповеда и го слави бог со искрено срце.Да битна е молитвата таа е слушната кога е од срце и по божја волја исполнета.исто имам и многу примери за тоа како бог ја исполнил и мојата молитва во многу случаеви.Во библијата пишува дека на бог му припага славата и не ја дели со друг само тој може да ни помогне.Не сакам да напагам ниедна друга црква но во православната гледам многу идоли(икони)на кои има луге и нив им прават слава и нив им се молат а тоа е само лага на ѓаволот кој се обидува да ги одалечи лугето од бог.
Се молам редовно,ама не во одредени периоди пр.само пред спиење,туку секогаш кога ќе почувствувам потреба за тоа.Најчесто ја казувам „Оче наш„,ама ми се случува и да се молам со сопствени зборови,сепак кај сите молитви нагласувам да биде волјата на Бог,бидејќи тој знае што е најдобро за мене и јас безрезервно верувам во тоа.Кога ќе го добијам тоа што сум се молела сум благодарна,а ако подолг период нема ништо од тоа,верувам дека не било за мене,не се сомневам во изборот на Бог.
И јас се молам секоја ноќ пред да заспијам. И навистина ми дава спокој, на некој начин ме теши дека ќе биде подобро-да не се разочарувам или пак да се откажам.
I jas ja koristam molitvata i mnogu mi pomaga. Ja preporacuvam na site da se molat, bidejki preku molitvata nie se osloboduvame od negatvinata energija koja sekojdneno ne pristiska site nas. Gospod ima mok da ni pomogne ako iskerno mu se molime...
Така е Амин Сите наши молитви неуспеваат можеби посакуваме нешто што не би било добро за нас во иднина и покасно сваќаме дека било добро што Бог не ни одговорил на таа молитва
Простете отворив веке постоечка тема и нема да ми замерите што ке ја испратам оваа моја молитва и тука Оче наш ...кој си на небесата да се свети името твое да дојде царството твое... Татко наш, ти благодарам за искрената љубов што ни ја даруваш секој ден несебично благодарам затоа што си непроменлив ист од вечноста до вечноста Исусе Боже благодарам за уште еден нов ден во кој што можам уште подобро да те запознаам проучувајки го словото твое притоа Татко помогни ми да го прегазам моето "Jас" и СЕ да биде по волјата твоја затоа што само Ти Исусе знаеш кои се нашите потреби и што е најдоброто за нас Се предавам во Твоите раце Татко како неоформен камен Ти Боже да ме извајаш одново Помогни му на моето неверие..и прости ми ги сите оние намерни и ненамерни грешки кои секојдневно ги правам Се молам во Христово име а тебе нека ти е вечна слава и фала АМИН Така изгледа една моја молитва ...
Како верници не смееме во ниту еден момент да ја потцениме вредноста на молитвата. Ако не практикувате, обидете се, делува како да си кажал волшебни зборови и веднаш стравот исчезнува...Но, само доколку имате премногу силна верба во нејзината моќ
и јас верувам во Господ..и тоа многу..премногу..секоја вечер се молам..и повеќето од желбите ми се остваруваат..некои ме мислат за луда бидејќи се молам..али мене не ми е тоа битно..јас си се осеќам убаво од кога ќе се помолам и воопшто не ми е гајле
Прекрасно!!! Јас ја знам онаа главната „Оче наш“ и ја кажувам после секоја моја молитва...би сакала да имам едно книгиче со молитвите што се, но јас мислам дека е доволна силната верба во Неговата способност да ти помогне. Молењето во црква пак, ми дава некој посебен внатрешен мир, иако мислам дека Господ е секаде со нас доволно е само да веруваме во тоа.
Се согласувам со тебе , за тоа што го имаш пишано за молитвата и се придржувам до тоа. Секоја вечер пред спиење се молам и исто така ја кажувам молитвата кога се наоѓам во тешки ситуации , кога ми е страв или сл. и секогаш ми помага , едноставно ме смирува