1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Молитва

Дискусија во 'Религија' започната од julie77, 10 април 2010.

  1. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Јас и некои од моите школски другарки првата година кога се учеше Веронаука и ние учевме(ние бевме првата генерација што го учеше тој предмет).Тогаш кога наставничката влезеше на час ја кажувавме Оче наш(сеуште ја знам),на крајот од часот Мајка Богородица(само нешто помнам).Јас дури тогаш разбрав што е значењето на Бога(иако ја имав прочитано Библијата),на молитвите(ни дадоа два молитвника од црквата во Кочани),моја другарка се одучи да пцује итн.Но за жал денешен час по Веронаука не изгледа така (ја имав можноста се уварам со свои очи) мислам дека учењето Веронаука (како јас што учев) ги доближува учениците до Бога и значењето на молитвите(тој разговор со Бога).
     
    На nedelce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    нема вечер да не се прекрстам, да не ја кажам Оче наш и да си се помолам...Таа навика ми ја всади бабами уште кога бев 5/6 годишно девојче и си ја практикувам и ден денес...навистина молитвите се оние кои те спојуваат со Бога...
    и нормално зависи од тоа кој како ќе ги свати
     
    На Shana и Diamond им се допаѓа ова.
  3. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    181
    исто и јас...едноставно нешто само ме тера..ми олеснува.. И не се срамам од тоа :)
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Никогаш не се молам по потреба, со исклучок на првенството во кошарка кога се молев за победа. :$
    Не кажувам молитва секоја вечер, секое утро, се стремев кон тоа, но не ми е во природата.
    Ме иритираат луѓе кои велат не верувам во Бога, се молев да не ме испраша и ме крена. :^) Кога тогаш мора да те кренат, а Господ е тука за посериозни тематики и не е крив што не си седнал да згрееш стол.
    Како и да е, редето го кажувам доволно често според мене, оној момент кога имам потреба да бидам блиску до она надмоќното, кога ми треба внатрешен мир. Останатите молитви ретко. На празници би рекла.
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мислам дека одеше на Раноден порано и го најдов на нет текстот на молитвава, напишана од Свети Филарет, Митрополит Московски и го постирам во продолжение, навистина преубава молитва -

    Господи, дај ми мирно да го примам
    она што денов денешен ми го носи
    и целосно да и се предадам на Твојата Света волја.
    Упати ме и помогни ми во секој миг од денов:
    каков било глас да добијам,
    научи ме мирно и со цврста вера
    да восприемам дека се е по Твојата Света волја.
    Управувај со моите мисли, со моите сетила
    и со сите мои дела и зборови.
    Не допуштај во непредвиден случај
    да заборавам дека се од Тебе доаѓа.
    Научи ме добро да се однесувам
    спрема родителите и спрема ближните,
    никого да не го разгневам или да го оскрбам.

    Господи, дај ми сили да ја поднесам
    Тежината на денот денешен
    и се што во него ќе ми се случи.
    Управувај со мојата волја и научи ме
    да се молам, да верувам, да се надевам,
    да поднесувам, да простувам и да љубам.

    Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир,
    та таму кај што има омраза да сеам љубов,
    кај што има осуда - простување,
    кај што има раздор - слога,
    кај што има очај - надеж,
    кај што има темнина - светлост,
    кај што има жалост - радост.

    0, Божествен Учителу,
    нека не бидам утешуван, туку
    јас други да тешам;
    нека не ме трпат мене, туку
    јас да имам трпение за сите;
    не мене да ме љубат, туку
    јас сите да ги љубам.
    Зашто кога простуваме, тогаш
    и нам ни се простува;
    кога даваме, тогаш добиваме;
    а кога умираме, тогаш се раѓаме за живот вечен.

    Свет Духу, помошник биди ми
    денов денешен да Му Го посветам
    на мојот Господ и Спасител.

    Господи Исусе, Сине Божји,
    поарно е да не се живее
    одошто да се живее без Тебе или против Тебе.
    Ти благодарам, Боже,
    за дарот на овој ден и за секое добро
    за коешто ќе ми помогнеш денеска да го сторам.
    Избави ме, милостив Боже,
    од желбата за самоугодување,
    и удостој ме во секој миг да бидам подготвен
    заради Тебе и заради ближниот свој
    да се откажам од себеси,
    зашто за таа служба и Си ми го дал животот.
    Помогни ми од себе да го отфрлам
    сето она што не е Твое,
    а она што е Твое да го примам
    во длабока вера, надеж и љубов.
    Дај ми ревност со која постојано ќе Ти служам:
    да ја поставам правдата над користа,
    да го поставам чинењето на благочестиви дела
    над минливите задоволства,
    да ги поставам другите над себеси
    за да ја исполнам Твојата заповед на љубовта.
    Стори светлоста на Твојата убавина, добрина
    и љубов да заблескаат во мојава душа. Амин.
     
    На kuc, Таа Сум, korisnichka и 10 други им се допаѓа ова.
  6. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    да , можам да речам дека секој ден се молам ,порано многу често,тоа беше нешто слично на медитација,ја отвараш душата пред Бог,иако веќе Тој ги знае нашите желби или молитви и пред да ги кажеме,се ослободува енергија тоа треба секогаш да се прави а не само кога ке ни е тешко, тоа се трудам долго време да го практикувам,затоа прво се заблагодарувам за се што имам,понекогаш кога се молев за некои работи кои не сум ги добила ,сватив по некое време дека Бог ми правел добро со тоа ,ме заштитил од лошо, ФАЛА МУ ,и :!: од пред некое пред легнување морам да се прекрстам,тоа е добро,барајте и ке најдете ,чукнете и ке ви отворат , ;)
     
  7. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Во секое искушение во секоја борба со демоните и со злите луѓе, држи се до молитвата како сигурно оружје – и ќе победиш со благодатта Христова. Св. Теодор Едески

    Приказна за молитвата
    Многу одамна си живееше еден свет старец, кој многу се молеше, и често тагуваше поради човечките гревови и прегрешенија. Овој свет старец се чудеше како тоа може луѓето да одат в црква, да Му се молат на Бога, а да живеат лошо. А и гревот не недостасува во нивните животи...

    Еднаш, со такви мисли старчето потона во длабок сон. И сонуваше како еден пресветол ангел, прегрнувајќи го со крилјата, го крева високо над земјата. Како што се возвишуваа, сè послабо и послабо се слушаа звуците од земјата. Замолкнаа човечките гласови, се стишаа песните, вревата од метежниот, секојдневен живот. Одвреме-навреме, до нив допираа хармонични, нежни звуци - како некакви далечни лири.

    - Што е тоа? - запраша старецот.

    - Тоа се светите молитви - одговори ангелот. - Само тие се слушаат овде.

    - Но, зошто толку слабо се слушааат? И зошто се толку малубројни? Зарем не се моли сега сиот народ во црква?

    Ангелот го погледна со нажалено лице. „Сакаш да знаеш зошто? Види самиот, старче...“, и му покажа кон една црква на земјата. На чудесен начин нејзинот покрив се отвори, и старецот гледаше што се случува во црквата. Беше собран многуброен народ, псалтите стоеја на клиросот, а во олтарот - еден свештеник во полно и раскошно одејание. Богослужбата си течеше, но... не можеше да се слушне ниту еден звук. На левиот клирос, еден чтец брзо-брзо читаше нешто, или попрво, му се движеа усните, но неговите зборови старецот не можеше да ги чуе. На амвонот, театрално пријде ѓаконот, кој беше доста висок, и со навежбано движење ја подмести својата бујна коса, го крена орарот, широко ја отвори устата и... - ниту глас.

    На клиросот, протопсалтот ги подготвуваше псалтите да пејат. „Е, хорот, најверојатно, ќе го чујам...“ - си помисли старецот. Протопсалтот удри со тонската вилушка по коленото, ја доближи до увото, ја испружи раката и даде знак за почеток, но - царуваше потполна тишина. Навистина, тоа беше многу чудно да се гледа: тој ја движеше раката, псалтите се црвенеа од напрегање, други пак се подигаа на прсти, високо држејќи ја главата за да ги достигнат високите тонови, но пеење не се слушаше.

    - Но, како е ова возможно? - праша старецот. И погледна кон оние кои се молеа. Ги имаше премногу - и од сите профили: мажи и жени, старци и деца, трговци и селани. Сите тие се крстеа, се поклонуваа, многу од нив и шепотеа нешто, но ништо не се слушаше. Сета црква беше нема. „Зошто се случува ова?“, старецот го запраша ангелот.

    - Ќе се симнеме долу, ќе видиш и ќе разбереш - му одговори ангелот.

    И лека, полека, невидливи за луѓето, се спуштија во црквата. Една елегантно облечена жена стоеше пред нив, и на очиглед на сите, усрдно се молеше. Ангелот се приближи до неа, и внимателно ја допре со раката... Одеднаш, старецот го виде нејзиното срце, и ги разбра нејзините помисли: „Ах, онаа непријатна сопруга на управникот! - си мислеше жената. - Повторно со нов шешир. Мажот - пијаница, децата - за никаде, а таа се мисли манекенка! Види само како парадира!“ Покрај неа, стоеше еден трговец, пристојно облечен, и замислено гледаше во иконостасот, од каде го гледаа Спасителот и Неговата мајка. Ангелот го допре за градите, и пред старецот веднаш се открија и неговите помисли: „Каква штета! За бадијала го продадов... таква роба денес веќе не може да се купи! Мора да изгубив илјада, можеби и илјада и пол...“

    Малку понастрана од него, стоеше еден младич. Тој речиси и да не се молеше, туку цело време гледаше налево, кон жените, се црвенеше, стоејќи де на едната, де на другата нога. Ангелот го допре, и старецот веднаш го прочита неговото срце: „Ах, добра е Александра... Има сè: и лице, и стас, и карактер, и работа... Ете, таква жена сакам! Ќе биде ли моја некогаш?“

    И многу други допре ангелот, и сите тие имаа слични мисли: пусти, празни, житејски. Пред Бога стоеја, а на Него не ни помислуваа. Само глумеа дека се молат. „Разбираш ли сега? - на крајот, ангелот го праша старецот. Таквите молитви не доаѓаат до Божјиот престол. Затоа и ти изгледаше дека тие се неми.“

    А тогаш, одненадеш, се слушна едно срамежливо детско гласче: „Господи! Ти си добар и милостив... Спаси ја, помилуј ја, исцели ја мојата болна мајка!“ Во аголот, клекнато и навалено на ѕид, стоеше некое детенце. Во очите му светеа солзи. Се молеше за својата болна мајка. Ангелот го допре и неговото срце, а старчето виде и во него. А во него - само тага и љубов. „Ете какви молитви се слушаат кај нас“ - му рече ангелот.

    Свети Василиј Кинешемски 

    ..........................
     
    На kuc, Таа Сум, korisnichka и 6 други им се допаѓа ова.
  8. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    МОЛИТВА ЗА МИР ВО ДОМОТ

    Боже на љубовта, Боже на мирот и долготрпението, помогни ни да живееме во овој дом секогаш во мир, во слога и љубов. Засилувај го нашето трпение, зашто Ти Господе, си долготрпелив кон нас грешниците. Скротувај не со благост кога сме гневни, не дозволувај му на злото да влезе длабоко во нас, да ги помрачи нашите души и да не раздели. Ти опростувааш се, помогни ни и нам да бидеме готови да простиме и да се смириме. Отстрани ги со Твојата силна десница причините на неразбирањето и кавгите и всади го во нашите срца духот на кротоста и љубовта, за да бидеме чеда на семејство од Тебе благословено и да напредуваме во секакво добро за Твоја прослава, на Отца и Сина и Светиот Дух. А м и н

    од отец Ѓорги
     
    На Таа Сум, korisnichka, Page и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    МОЛИТВА КОН ЧЕСНИОТ КРСТ

    Нека воскресне Бог и нека се рапрснат непријателите негови, и нека бегаат од Неговото лице оние кои Го мразат. Нека исчезнат како што исчезнува димот, како што се топи восокот од огинот; така нека загинат ѓаволите пред лицето на оние кои го љубат Бога и се осенуваат со крсниот знак, и кои радосно говорат: Радуј се, Пречесен и Животворен Крсту Господов, Кој ги прогонуваш ѓаволите со силата на рапнатиот на Тебе Господ наш Исус Христос, Кој слегол во пеколот и ја сотрел ѓаволската сила, и Кој Тебе, крстот свој чесен, нам ни Те дарувал Тебе, а за прогонување на секаков противник. О, Пречесен и Животворен Крсту Господов, помагај ми секогаш со твојата света Владетелка, Дева Богородица и со сите светии во вековите на вековите. Амин!

    Огради ме, Господи, со силата на Чесниот и Животворен Крст и запази ме од секакво зло.
    Во Твоите раце, Господи Исусе Христе, го предавам својот дух. Благослови, помилуј ме и дарувај ми вечен живот. Амин!

    Оваа молитва се чита во склоп на вечрните молитви, пред легнување.
     
    На kuc, Таа Сум, korisnichka и 6 други им се допаѓа ова.
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Господи што да ти се молам
    молам од Тебе Ти единствен знаеш што мене ми треба ме љубиш и повеќе одошто јас самиот умеам себеси да се љубам Не се осмелувам ни крст ни утеха да барам само пред Тебе стојам моето срце отворено е спрема Тебе Ти ги гледаш потребите што јас не ги знам Гледај и постапи со мене според милоста Своја порази ме и исцели ме, понижи ме и подигни ме ништ сум и нем пред Светата Твоја волја и пред недостапните за мене судови Твои Се принесувам себеси како жртва кон Тебе Тебе Ти се предавам, желанија немам освен желбата да ја исполнувам волјата Твоја Научи ме да се молам Самиот Ти во мене моли се. Амин
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    МОЛИТВИ ЗА ПОЧИНАТИТЕ

    Спомни ги Господи, душите на твоите упокоени чеда (имињата) и сите роднини и прости им ги волните и неволните согрешенија. Дозволи им да влезат во Царството небесно, да учествуваат во Твоите вечни блага и да се насладуваат на Твојот бескраен и блажен живот. (поклон)
    Спомни ги Господи сите што умреле со надеж на воскресение и вечен живот. Спомни ги нашите отци, браќа и сестри и сите православни христијани, што лежат тука и на секаде и насели ги заедно со твоите светии таму, каде што сјае светлината на Твоето лице, а нас помилувај не како благ и човекољубив. Амин! (поклон)
    Дарувај им Господи, простување на гревовите на сите наши отци, браќа и сестри кои пред нас се преселиле во вечноста со вера и надеж на воскресение и споменот за нив направи го вечен. (трипати)

    Достојно е навистина да Те блажиме Богородице, присно блажена и Сенепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, нетлено Бога - Словото што Го роди, вистинска Богородице, Тебе ние те величаме.

    Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин!

    Господи помилуј! (трипати)
    Господи, Исусе Христе, Сине Божји, заради молитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши и на сите светии, помилуј не. Амин!
     
    На Таа Сум, korisnichka и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  12. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Утрински молитви
    (кога ќе станеш од постела, пред секоја друга работа, измиј се и застани набожно со помисла дека стоиш пред лицето на Бога, прекрсти се и прочитај ги следниве молитви)

    Молитви по станување од постела

    Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
    Господи Исусе Христе, Сине Божји, заради молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите светии, помилуј нè.

    (прочитај ја молитвата кон Пресвета Троица - Трисвето)

    Откако станавме од сон, Ти се поклонуваме, Благи; ангелската песна Ти ја пееме, Силни: свет, свет, свет си Боже, по молитвите на Богородица, смилуј се на нас.
    Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух:
    Од постела и од сон ме дигна, Господи. Просвети го мојот ум и срцето и отвори ми ја устата, па да Те воспеваме, Света Троице: свет, свет, свет си Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нè.
    И сега, секогаш и во сите векови. Амин!
    Ненадејно ќе дојде Судијата и делата на секого ќе се откријат, но со страв во полноќ викаме: свет, свет, свет си Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нè.

    Псалм 50

    Смилувај се на мене, Боже, по Твојата голема милост, и по Твојата добрина исчисти ги моите беззаконија. Најнапред измиј ме од моето беззаконие и од гревот мој исчисти ме, зашто беззаконијата мои јас ги знам, и мојот грев е секогаш пред мене. На Тебе единствениот Ти згрешив и лошо пред тебе направив, така што Ти си прав во Твојата пресуда и чист во Својот суд. Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мојата мајка. Ете, Ти ја сакаш вистината и несфатлива и таинствена мудорст си ми јавил; пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег. Дај ми да слушам радост и веселба, и ќе се зарадуваат моите скршени коски. Сврти го Своето лице од моите гревови и исчисти ги сите мои беззаконија. Срце чисто создај во мене и вистинскиот дух обнови го внатре во мене. Не ме отфрлај од Твоето лице и Светиот Твој Дух не одземај Го од мене. Дај ми радост на Твоето спасение и со силен дух утврди ме. Беззакониците ќе ги научам на Твоите патишта и грешниците ќе се обрнат кон Тебе. Избави ме од крвнина, Боже, Боже на моето спасение; ќе се зарадува јазикот мој на правдата Твоја. Господи, усните мои отвори ги и устата моја ќе ја разгласува Пофалбата Твоја. Зашто, ако би сакал жртва, навистина би Ти ја дал, но сепаленици не посакуваш. Жртва на Бога е е духот потиштен, срце потиштено и смирено Бог не ќе отфрли. Прослави го Господи Сион, по Твојата добрина, обнови ги ѕидините на Ерусалим. Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, приносите и сепалениците; тогаш на Твојот олтар ќе се полагаат телци.


    Симболот на верата
    Верувам во единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на сè видливо и невидливо;
    И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Кој е родн од Отца пред сите векови, Светлина од Светлина, Бог вистински од Бога вистински роден, нестворен, едносуштен на Отца, преку кого сè станало;
    Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од неботот и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
    И беше распнат заради нас во времето на Понтијскиот Пилат и страдаше и беше погребан;
    И вискресна во третиот ден според Писмото;
    И се вознесе на небото и седи оддесно на Отца;
    И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и на мртвите и Неговото царство не ќе има крај;
    И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој излегува од Отца, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот и Кој говорел преку пророците;
    Во една света, соборна и апостолска Црква;
    Исповедувам едно крштение за простување на гревовите;
    Го чекам воскресението на мртвите;
    И животот во идниот век. Амин!

    Молитва кон Света Троица
    Откако станав од сон, Ти благодарам Света Троице, зашто поради Твојата голема добрина не се разгневи на мене мрзливиот и грешниот, ниту ме погуби заради моите беззаконија, но се покажа, како и обично, човекољубив, и кога лежев без надеж ме крена за да станам рано и да ја прославам Твојата сила. И сега просвети ги моите духовни очи, отвори ја мојата уста, за да се поучувам со Твоите зборови, да ги разбирам Твоите заповеди, да ја извршувам Твојата волја, да Ти пеам со искрена пофалба и да го прославам тТвоето пресвето име - на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин!

    [​IMG]
     
    На kuc, Таа Сум, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Молитва за бездетни родители

    Господи Боже, Создателу на сė видливо и невидливо, по своето човекољубие си ги создал нашите прародители - Адама и Ева и си благословил велејќи им: „Плодете се и множете се наполнете ја земјата и владејте со неа“... Ти си ја одврзал утробата на Сара и си го благословил роденото од неа дете; исто така, си ја благословил бесплодната жена на Маној и си ѝ подарил чедо; си ја чул молитвата на бездетната Ана, жената на Елкан, па и нејзе си и дарувал чедо – Самуил; си ги примил молитвите и на бездетните и престарени родители Захариј и Елисавета и си им го дал синот – Претеча; си го отфрлил бездетството на своите и праведни богоотци – Јоаким и Ана и си им предвестил дека ќе им се роди Пресвета Дева Марија, од која Ти си се овоплотил и си се родил заради нашето спасение.
    Ти си го благословил и бракот во Кана Галилејска, за да покажеш дека законското сопружништво и од него дете – раѓањето е во согласност со Твојата света волја. Самиот и сега, Господи, чуј ги молитвените воздишки на твоите слуги ( имињата ваши) кои се чувствуваат посрамени и несреќни поради немањето пород.

    Ако, пак, тие како луѓе во тело, згрешиле со телото и душата и ги престапиле Твоите заповеди и Твојот закон, било дење или ноќе, како и спроти празник, а можеби се под родителска и свештеничка клетва, или се оддале на неубав живот и поради тоа сами се лишеле од можноста да имаат пород или поради друг некаков престап се одалечиле од Твојата Божествена волја, но Ти, како милостив и човекољубив Бог, прости им и разреши го нивното бездетство и дарувај им посакувано чедо. Жалоста и солзите на Твоите слуги ( вашите имиња) обрни ги во нивна радост! Развесели ги нивните срца, споед зборовите Твои, изговорени од пророкот, кој вели Зарадувај се ти неплодна, што не раѓаш, извикај со восхит ти, што не си сетила родилни маки!
    Господи, смилувај се сега и покажи ја милоста Своја кон твојата слугинка ( името твое) одврзи ја нејзината утроба; направи ја лоза плодородна и дај и плод на дете – раѓање. Спомни си Господи за Твојот слуга ( името на твојот сопруг) и удостој го да стане родител. Зарадувај ги и двајцата со светла радост на породот, та и тие да доживеат чеда од чедата свои, како маслинови фиданки на трпеза нивна, па и преку тоа да се слави и прославува Твоето Пресвето и Величенствено Име на Оца, и Сина и Светиот Дух. Амин!
     
    На Таа Сум и korisnichka им се допаѓа ова.
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Молитви кога сме тажни

    Кон Господ

    Вечен и Милосрден Боже и Многумилостив Оче наш, маките и тешките неволји што ме снашле, страшни ја измачуваат мојата душа. Но, Тебе така Ти било угодно, затоа јас се’ доброволно поднесувам. Сите мои телесни страдања и душевни маки ги трпам и поднесувам како отплата за моите гревови, а за мое спасение. Те молам, Милостив Боже, дај ми трпение и сила за да поднесувам се’ онака како што Тебе Ти е угодно и да се спасам. Амин!

    Кон Пресвета Богородица

    Пресвета Дево, Мајко на Севишниот Господ, Семилостива Заштитнице и Покровителко на сите што со вера Ти пристапуваат, погледни на мене од височините на Твојата небесна слава, послушај ја мојата смирена молитва и принеси Му ја на Твојот сакан Син. О, Преблагословена Богородице, Ти си Скоропослушница на сите, и Радост на нажалените, послушај ме и мене нажалениот. Ти ги смируваш тагите, смири ги и моите жалови и излекувај ги моите душевни и телесни болести. На Тебе, по Бога, ја полагам сета моја надеж, биди ми Закрилница и силна Застапница пред Твојот Син, Господ наш Исус Христос. Засили ја мојата вера во Него. Утврди ме во Неговата љубов и научи ме да Те сакам и да Те прославувам, Пречиста Мајко Божја, Богородице Марие. Се засолнувам под Твојот свет покров, Пречиста Богородице, закрилувај ме. Амин.


    Молитва кон светителот чие име го носиме

    Свети (името на светителот/светителката), ти си мојот закрилник и заштитник пред Бога во сите дни на мојот живот. Го носам твоето име, но животот мој не е сообразен со твојот свет живот, зашто многу пати сум ја осквернавил мојата душа.

    Ти се молам, закрилувај ме, помагај ми, води ме со твојата сила. Секогаш застапувај се за мене пред благиот Бог и моли Го да ми ја даде Својата благодат и да биде милостив кон мене, да ми помага да бидам сочуван од лоши мисли, желби и дела; мојот живот да биде светол и радосен како што прилега на секое Христово чедо. Не дозволувај да се доближи до мене никакво зло: поткрепувај ме кога сум слаб, биди ми покровител кога лоши сили ме напаѓаат, помагај ми во доброто, засилувај ми ја верата и покажувај ми го патот на спасението.

    Само така срцето ќе биде поткрепувано и достојно ќе го носам Твоето име и името на мојот Спасител, Господ Исус Христос, а преку тоа ќе го прославувам меѓу моите браќа и Отецот, Кој е на небесата!
     
    На kuc, Таа Сум, korisnichka и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    За време на молитвата не барај восхитувања, не ги ставај во движење своите нерви,
    не вознемирувај ја својата крв.

    Напротив, држи го срцето во длабок мир во кој го приведува чувството на покајание: материјалениот оган на паднатата природа Бог не го прима.

    На твоето срце му е потребно очистување со покајнички плач и покајничка молитва, а кога тоа ќе се очисти, тогаш Бог ќе Го испрати на него Сесветиот Духовен Оган.

    Игнатиј Брјанчанинов
     
    На kuc, Таа Сум, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Акатист кон Пресвета Богородица
    Акатист кон Пресвета Богородица


    КОНДАК 1

    Храбра наша Војвотко победоносна, ние, слугите Твои од зло избавени, песни пофални Ти воспеваме, Богородице. Но Ти, Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи нѐ, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!

    ИКОС 1

    Ангел претстател од небесата беше испратен на Богородица да ѝ рече ‘Радувај се!’ И со глас бесплотен, гледајќи Те како се воплотуваш, Господи, во ужас стоеше воскликнувајќи ѝ:

    Радувај се, низ Тебе радоста заблеска.
    Радувај се, низ Тебе клетвата исчезна.
    Радувај се, на паднатиот Адам исправување.
    Радувај се, на Ева од солзите избавување.
    Радувај се, висино, и за помислите човечки недостижна.
    Радувај се, длабочино, ни за очите ангелски несогледлива.
    Радувај се, зашто царски престол Си.
    Радувај се, зашто Го носиш Носителот на сѐ.
    Радувај се, ѕвездо Која Сонцето Го објавува.
    Радувај се, утробо на Божественото воплотување.
    Радувај се, низ Тебе тварта се обновува.
    Радувај се, низ Тебе на Творецот Му се поклонуваме.
    Радувај се, Невесто Неневестна!

    КОНДАК 2

    Гледајќи се Светата Себеси во чистота, смело на Гавриила му прозборе: Преславниот твој глас неразбирлив е за душава моја, зашто за рождество низ бессемено зачнување зборуваш воскликнувајќи: Алилуја!

    ИКОС 2

    Сакајќи да го разбере недостижното за разумот, Дева кон Тајнослужителот повика: ‘Кажи ми како е можно Син од чиста утроба да се роди?’ А тој со страв одговори ова велејќи ѝ го:

    Радувај се, на Советот неискажлив Тајнице.
    Радувај се, на оние молчание што бараат Веропазителке.
    Радувај се, на чудата Христови Началнице.
    Радувај се, на повеленијата Негови втемелителке.
    Радувај се, лествицо небесна по Која Бог слезе.
    Радувај се, мосту што земните на небо ги возведуваш.
    Радувај се, чудо многусловено од ангелите.
    Радувај се, многуоплакан поразу на демоните.
    Радувај се, Светлоста надумна Си ја родила.
    Радувај се, начинот никому не Си му го открила.
    Радувај се, Ти Која мудрите со разум ги надминуваш.
    Радувај се, Ти Која верните со смисла ги просветлуваш.
    Радувај се, Невесто Неневестна!

    КОНДАК 3

    Силата на Севишниот за зачнување Ја осени Неискусобрачната, и плодната утроба Нејзина нива беспрекорна стана за оние што спасение сакаат да жнеат, пеејќи непрестајно: Алилуја!

    ИКОС 3

    Имајќи Дева утроба Богоисполнета при Елисавета поита; а младенецот Елисаветин,
    познавајќи го поздравот Нејзин се зарадува, и со игра како низ песна на Богородица ѝ воскликна:

    Радувај се, лозо со Ластар несовенлив.
    Радувај се, на плод бесмртен стекнување.
    Радувај се, Сотворителке на Творецот човекољубив.
    Радувај се, Ти, Која Насадителот на нашиот живот го роди.
    Радувај се, ниво која обилниот плод на штедроста Го раснеш.
    Радувај се, Трпезо Која обилно очистување носиш.
    Радувај се, зашто рајската сладост ја расцутуваш.
    Радувај се, на душите пристан им приготвуваш.
    Радувај се, преслатко молитвено кадење.
    Радувај се, на сиот свет очистување.
    Радувај се, кон смртните Божјо благоволение.
    Радувај се, на смртните кон Бога дерзновение.
    Радувај се, Невесто Неневестна!

    КОНДАК 4

    Имајќи во себе бура на помисли сомневачки, целомудрениот Јосиф се збуни гледајќи Те, неискусобрачна, за тајнобрачна мислејќи Те, Тебе, пренепорочна; кога дозна дека од Светиот Дух е Твоето зачнување, рече: Алилуја!

    ИКОС 4

    Ја слушнаа пастирите ангелската песна што го воспеваше плотското пришествие Христово, та поитаа како при Пастир, да Го видат кај лежи како Агнец непорочен, одгледан во утробата на Марија, запеаја и вака ѝ прословија:

    Радувај се, Мајко на Агнецот и Пастирот.
    Радувај се, Трло на овците словесни.
    Радувај се, неволјо за демоните невидливи.
    Радувај се, отклучување на портите рајски.
    Радувај се, сѐ небеско со земното се радува.
    Радувај се, сѐ земно со небесното ликува.
    Радувај се, на Апостолите усто непремолчлива.
    Радувај се, на страстотерпците смелост непобедлива.
    Радувај се, на верата цврсто утврдување.
    Радувај се, на благодатта светло познавање.
    Радувај се, низ Тебе адот се разголе.
    Радувај се, низ Тебе во слава се облековме.
    Радувај се, Невесто Неневестна!

    КОНДАК 5

    Кога ја видоа богоиспратената ѕвезда, Мудреците блесокот нејзин го следеа, и имајќи ја неа за светилник небесен со неа крепкиот Цар Го бараа; и пристапувајќи при Недостижниот, се израдуваа пеејќи Му: Алилуја!

    ИКОС 5

    Гледајќи Го отроците Халдејски во рацете на Дева Оној што со рацете луѓето ги створи, и сознавајќи дека Он е Господарот иако образ на слуга прими, поитаа со дарови да Му послужат и на Благословената да ѝ воспеат:

    Радувај се, Мајко на Ѕвездата незалезна.
    Радувај се, зоро на Денот таинствен.
    Радувај се, Ти огништето на прелеста го изгасна.
    Радувај се, Ти тајниците на Троица ги просветлуваш.
    Радувај се, Ти мачителот нечовечен од власта го турна.
    Радувај се, Ти Човекољубецот Христос, Господ, Го покажа.
    Радувај се, Избавителке од варварското робување.
    Радувај се, Очистителке од мрачните дела.
    Радувај се, Ти го изгасна огнот идолски.
    Радувај се, Ти пламенот на страстите го уништи.
    Радувај се, Наставнице на верните кон целомудрие.
    Радувај се, на сите родови веселие.
    Радувај се, Невесто Неневестна!

    КОНДАК 6

    Проповедници богоносни бивајќи Мудреците во Вавилон се вратија, исполнувајќи го пророштвото Твое Те проповедаа насекаде, Тебе, Христа, оставајќи го Ирода ко во бунило, кој не знае да пее: Алилуја!

    ИКОС 6

    Блескајќи во Египет со светлоста на Вистината ја испади лагата на мракот, а идолите негови, Спасе, не поднесувајќи ја крепоста Твоја, паднаа. Оние што избавени беа
    ѝ воспеваа на Богородица:

    Радувај се, на луѓето исправување.
    Радувај се, на демоните понижување.
    Радувај се, Ти силата на прелеста ја победи.
    Радувај се, Ти лагата идолска ја уништи.
    Радувај се, море, фараонот духовен што го удави.
    Радувај се, камену, жедните за живот што ги напои.
    Радувај се, огнен столбу, што ги води оние во мрак што се.
    Радувај се, покрову поширок од облаците.
    Радувај се, храно манната што ја заменуваш.
    Радувај се, Ти Која на сладоста света ѝ служиш.
    Радувај се, земјо ветена.
    Радувај се, од Која мед и млеко истекува.
    Радувај се Невесто Неневестна!

    КОНДАК 7

    Кога Симеон требаше од овој прелестен свет да се престави Ти врачен му беше како младенец, а тој Тебе и како совршен Бог Те позна; затоа восхитен од неискажаната премудрост Твоја, воскликна: Алилуја!

    ИКОС 7

    Нова твар ни покажа кога ни се јави Создателот нам, на од Него створените. Од бессемена утроба излезе и Неа нетлена каква што беше Ја зачува, та чудо гледајќи, да ѝ воспееме повикувајќи:

    Радувај се, цвету на нетлението.
    Радувај се, венецу на воздржанието.
    Радувај се, образот на воскресението го заблеска.
    Радувај се, ангелскиот живот го објави.
    Радувај се, дрво благоплодно од коешто верните се хранат.
    Радувај се, дрво сеновито, под коешто мнозина се засолнуваат.
    Радувај се, Ти Која во утробата Го носеше Избавителот на пленетите.
    Радувај се, Ти Која Го роди Исправителот на заблудените.
    Радувај се, на Судијата праведен умоление.
    Радувај се, на многуте согрешенија простување.
    Радувај се, на бедните ризо на дерзновение.
    Радувај се, љубов што го победува секое желание.
    Радувај се, Невесто Неневестна!

    КОНДАК 8

    Откако го видовме надумното раѓање да отстапиме од светот и умот свој кон небесата да го воздигнеме. Зашто затоа великиот Бог на земјата како смирен Човек се јави,
    сакајќи кон висините да ги привлече оние што Му пеат: Алилуја!

    ИКОС 8

    Сиот меѓу нижните беше Логосот неизглаголив, и од вишните ни најмалку не отстапи; зашто слегувањето беше Божествено, не промена на место туку рождество од Дева, Која Бога Го роди и непрестајно слуша:

    Радувај се, место за несместливиот Бог.
    Радувај се, врато на чесното таинство.
    Радувај се, за неверните гласу сомнежен.
    Радувај се, за верните преславна пофалбо.
    Радувај се, пресвета колеснице на Оној Кој почива врз Херувимите.
    Радувај се, преславно селение на Оној Кој почива врз Серафимите.
    Радувај се, зашто спротивностите ги соедини.
    Радувај се, зашто рождеството и девственоста ги обедини.
    Радувај се, низ Тебе гревот првороден се разреши.
    Радувај се, низ Тебе рајот за нас се отвори.
    Радувај се, клучу на Царството Христово.
    Радувај се, надеж за благата севечни.
    Радувај се, Невесто Неневестна!

    КОНДАК 9

    Секое естество ангелско се зачуди од великото дело на Твоето вочовечување; зашто недостапниот Бог Го гледаа како Човек на сите пристапен, Кој нам ни сопостои и од сите слуша: Алилуја!

    ИКОС 9

    Благоглаголивите говорници како риби безгласни ги гледаме пред Тебе, Богородице,
    зашто не умеат да кажат како Дева остана и возмогна да родиш. Ние, пак, од таинството восхитени, верно воспеваме:

    Радувај се, на Премудроста Божја живеалиште.
    Радувај се, на Промислата Негова сокровиште.
    Радувај се, мудрите немудри ги јави.
    Радувај се, краснозборците во немост ги остави.
    Радувај се, лукавите соблазнители полудеа.
    Радувај се, баснотворците во безумие пропаднаа.
    Радувај се, Ти ја раскина мудроста Атинска.
    Радувај се, Ти ја полниш секоја мрежа рибарска.
    Радувај се, од понорот на незнаењето извлекуваш.
    Радувај се, мнозина со разум ги просветлуваш.
    Радувај се, корабу за оние спасение што бараат.
    Радувај се, пристаниште на оние што по животот пловат.
    Радувај се, Невесто Неневестна!

    КОНДАК 10

    Сакајќи светот да го спаси, Украсителот на с¢ во него самоветен дојде; и иако Пастир Божествен, заради нас Човек стана, откако со подобност подобното го повика, како Бог слуша: Алилуја!

    ИКОС 10

    Крепост Си на девствените, Дево Богородице, и на сите што кон Тебе прибегнуваат,
    зашто Творецот на небото и на земјата Те устрои, Пречиста, вселувајќи се во утробата Твоја, и сите ги научи да Ти повикуваат:

    Радувај се, столбу на девственоста.
    Радувај се, врато кон спасението.
    Радувај се, Началнице на духовна обнова.
    Радувај се, Подателке на благоста Божествена.
    Радувај се, Ти ги прероди срамно зачнатите.
    Радувај се, Ти со ум ги обдари во безумие паднатите.
    Радувај се, Ти го сотре убиецот на словеста.
    Радувај се, Ти го роди Сеачот на чистотата.
    Радувај се, брачна одајо на бессемено вневестување.
    Радувај се, на верните со Господа соединување.
    Радувај се, на девиците предобра хранителке.
    Радувај се, на светите души невестокрасителке.
    Радувај се, Невесто Неневестна!

    КОНДАК 11

    Секоја песна што се стреми по множеството на штедроста Твоја да се спростре со пораз завршува; ако со песокот истобројни песни Ти принесеме, Цару Пресвет,
    со ништо достојно не сме Ти возвратиле за она што Си ни го дал нам, што ти воспеваме: Алилуја!

    ИКОС 11

    Како кандило светлоносно коешто на помрачените им се јави Светата Дева Ја ледаме;
    зашто оган невештествен палејќи сите во мудрост Божествена ги води, со блесок умот го просветлува и честена е со восклици вакви:

    Радувај се, лач на Сонцето Духовно.
    Радувај се, светило на Светлоста незалезна.
    Радувај се, молњо, душите што ги просветлуваш.
    Радувај се, зашто како гром демоните ги престрашуваш.
    Радувај се, низ Тебе блеска многусветлото просвештение.
    Радувај се, зашто река Си со обилно течение.
    Радувај се, Ти што образот на очистување го живописаш.
    Радувај се, Ти што скверноста гревовна ја отстрануваш.
    Радувај се, бањо совеста што ја миеш.
    Радувај се, чашо што радост црпеш.
    Радувај се, кадило на Христовото благоухание.
    Радувај се, животу на таинственото радование.
    Радувај се, Невесто Неневестна!

    КОНДАК 12

    Откако посака милост да подари за долговите древни, Разрешителот на сите долгови човечки Самиот дојде при оние што од благодатта Негова отстапија; и кога го скина списокот со долговите од сите слушна: Алилуја!

    ИКОС 12

    Опевајќи го Породот Твој, сите ко жив храм Те фалиме, Богородице, зашто откако се всели во утробата Твоја, Господ, Седржителот, и ги освети, и ги прослави, и сите да Ти пеат ги научи:

    Радувај се, на Бога Словото селение.
    Радувај се, посвета од Светињата на Светињите.
    Радувај се, ковчегу од Духот позлатен.
    Радувај се, неисцрпна ризницо на живот нетленен.
    Радувај се, чесен венецу на царевите благочестиви.
    Радувај се, пофалбо чесна на јереите благоговејни.
    Радувај се, на Црквата столбу непоколеблив. Радувај се, на царската крепост темелу неразрушлив.
    Радувај се, со Тебе победните знамиња се возвисуваат.
    Радувај се, со Тебе непријателите се уништуваат.
    Радувај се, на телото мое исцеление.
    Радувај се, на душата моја спасение.
    Радувај се, Невесто Неневестна!

    КОНДАК 13 ……………..(3 пати)

    О севоспеана Мајко, Родителке на Словото, посвето од сите Светии! Примајќи го приносот сегашен од секоја напаст избави н¢, и од секоја идна мака сочувај нѐ,
    нас што Ти воспеваме: Алилуја!

    ИКОС 1

    Ангел претстател од небесата беше испратен на Богородица да ѝ рече ‘Радувај се!’ и со глас бесплотен, гледајќи Те како се воплотуваш, Господи, во ужас стоеше воскликнувајќи ѝ:

    Радувај се, низ Тебе радоста заблеска.
    Радувај се, низ Тебе клетвата исчезна.
    Радувај се, на паднатиот Адам исправување.
    Радувај се, на Ева од солзите избавување.
    Радувај се, висино, и за помислите човечки недостижна.
    Радувај се, длабочино, ни за очите ангелски несогледлива.
    Радувај се, зашто царски престол Си.
    Радувај се, зашто Го носиш Носителот на сѐ.
    Радувај се, ѕвездо Која Сонцето Го објавува.
    Радувај се, утробо на Божественото воплотување.
    Радувај се, низ Тебе тварта се обновува.
    Радувај се, низ Тебе на Творецот Му се поклонуваме.
    Радувај се Невесто Неневестна!

    КОНДАК 1

    Храбра наша Војвотко победоносна, ние, слугите Твои од зло избавени, песни пофални Ти воспеваме, Богородице. Но Ти, Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи нѐ, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!
     
    На kuc, korisnichka, ♡BuBaLe♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Во еден женски манастир имало една монахиња, која живеела богоугодно и го измачувала телото со многу постење, малку спиење и слично. Лукавиот демон многупати ја лажел. И се јавувал како светол ангел, доаѓал секоја ноќ и говорел со неа. Еднаш, кога се исповедала, духовникот ја прашал дали живее монашки, а таа му одговорила: „Со помош на твоите молитви, живеам добро, чесен оче". Кога чул таков горделив одговор, духовникот многу се натажил, па и рекол: „Уште еднаш така да не си одговорила, па макар да си правела се најдобро". Монахињата рекла: „Да знаеш, оче, дека од небото слегува ангел, со кого разговарам, па затоа ти одговорив така". А духовникот на тоа и рекол: „Црниот и темен ангел има обичај да се преобразува во светол. Поради тоа, кога ќе дојде тој ангел да те посети, прочитај ја молитвата Богородице Дево, радувај се... и, ако е ангел, ќе остане додека ја дочиташ до крај, ако, пак, побегне, тој е ѓаволот, кој има цел да ти напакости и да ти донесе големо зло".

    Таа ги послушала добрите совети на духовникот и кога и дошол ѓаволот во вид на ангел, таа почнала да чита: „Богородице Дево, радувај се..." и тој исчезнал како чад. Кога тоа го видела монахињата, се растреперила од страв и се разболела, така што по долго време одвај оздравела.

    Секој да знае дека штом некому му дојде некое зло од ѓаволот, или од телесни или од световни искушенија, не треба да бара други лекарства, освен да се моли на Господа на нашиот Исус Христос и на света Богородица. Тие две имиња се најмоќно оружје на христијаните и секој е должен да ги има за да ги победува сите видливи и невидливи непријатели....
    ...........................................
    ПОФАЛНА ПЕСНА КОН БОГОРОДИЦА

    Богородице Дево, радувај се благодатна Марие Господ е со тебе.
    Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба,
    зашто си го родила Спасителот на душите наши.

    ..........................................
    ИСУСОВА МОЛИТВА
    ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, СИНЕ БОЖЈИ ПОМИЛУЈ МЕ ГРEШНИОТ

    ИСУСОВАТА МОЛИТВА е најважна молитва за секој христијанин. Таа, според црковните правила може да ги замени сите други молитви кажани дома. Затоа што е осветена со самото име Христово, таа, во нашето срце внесува божествена благодат и неискажлив душевен мир, кога често ја повторуваме. Многу православни христијани толку многу навикнале на неа што постојано ја изговараат, па дури и кога спијат затоа што, кога човек навикне на неа таа постанува механизам што се одвива како на пр. процесот на дишење. Најголемата сила на оваа молитва се состои во самото име на ИСУСА ХРИСТА, кое истерува од нашето срце секаков немир.
     
    На kuc, korisnichka и angelce1 им се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    ВЕЧЕРНИ МОЛИТВИ

    По молитвите на Светите отци наши,
    Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нe.
    Амин.


    Цару Небесен, Утешителу, Духу на Вистината Кој Си насекаде и
    сe исполнуваш, ризницо на блага и на живот подателу, дојди и всели се во нас,
    и очисти нe од секаква скверност, и спаси ги, Благи, душите наши.


    Свети Боже, Свети Крепки,
    Свети Бесмртни, помилуј нe. ............(3 пати)


    Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух,
    и сега и секогаш и во сите векови. Амин.


    Пресвета Троице помилуј нe:
    Господи, очисти ги гревовите наши;
    Владико, прости ни ги беззаконијата наши;
    Свети, посети нe и исцели ги слабостите наши,
    заради Името Твое.


    Господи помилуј. .....................(3 пати)

    Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.


    Оче наш, Кој Си на небесата, да се свети Името Твое,
    да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја
    како на небото така и на земјата.Лебот наш насушен дај ни го денес;
    и прости ни ги долговите наши како што им ги проштеваме и ние
    на нашите должници; и не воведувај не во искушение,
    туку избави нe од лукавиот.


    Помилуј нe, Господи, помилуј нe; зашто никакво оправдание немајќи,
    оваа молитва како на Владика ние грешните Ти ја принесуваме,
    помилуј нe !

    Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
    Господи помилуј нe , на Тебе се надеваме; не гневи се силно на нас
    и не спомнувај ги беззаконијата наши, туку погледни и сега како Благоутробен,
    и избави н¢ од враговите наши.Зашто Ти Си Бог наш, а ние сме луѓето Твои,
    сите сме дело на рацете Твои и Името Твое го призиваме.
    И сега и секогаш и во сите векови. Амин.


    Дверите на милосрдието отвори ни ги, благословена Богородице,
    за да не загинеме ние што на Тебе се надеваме, туку преку Тебе од маките да се избавиме,
    зашто Ти Си спасение на родот христијански.

    МОЛИТВИ НА СВЕТИ МАКАРИЈ ВЕЛИКИ
    Боже вечен, и Цару на секое создание, Ти Кој ме удостои
    с¢ до овој час да бидам жив, прости ми ги гревовите што ги сторив денес
    со дело, со збор или со помисла; и очисти ја, Господи, смирената душа моја
    од секаква скверност плотска и духовна и дај ми, Господи,
    сонот во оваа ноќ во мир да ми мине, та станувајќи од скромната постела
    да му благоугодам на Пресветото Твое Име во сите денови на животот мој,
    и да ги победам телесните и бестелесните непријатели коишто со мене војуваат.
    Избави ме, Господи, од суетните помисли што ме сквернат
    и од желбите лукави; зашто Твое е Царството и силата и славата,
    на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.


    Господи, Боже наш, се што згрешив во овој ден со збор, со дело или со мисла, прости ми како човекољубив.
    Подари ми сон мирен и безметежен; испрати го Твојот Ангел Пазител, кој ќе ме штити и ќе ме засолнува од секое зло.
    Зашто Ти Си заштитник на душите и на телата наши, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух,
    и сега и секогаш и во сите векови. Амин.


    Господи, Боже наш, во Кого веруваме, и Чие Име над секое име го призиваме
    дај ни нам, што заминуваме на спиење, одмор на душата и на телото, и зачувај нe од секакво мечтаење и мрачни сласти.
    Запри ја навалата на страстите и згасни ги распалените желби телесни.
    Дај ни целомудрено да поживееме во делата и во зборовите,
    та водејќи добродетелен живот, да не отпаднеме од Твоите ветени добра,
    зашто Си благословен навек. Амин.

    ДНЕВНИ


    Господи, не лишувај ме од Твоите небесни блага.
    Господи избави ме од вечните маки.
    Господи, ако згрешив со ум или со мисла, со
    збор или со дело, прости ми.
    Господи, избави ме од секакво незнаење и заборавност,
    од малодушност и скаменета бесчувствителност.
    Господи, избави ме од секакво искушение.
    Господи, просветли го срцето мое помрачено од лукави желби.
    Господи, јас како човек згрешив, а Ти како милосрден Бог прости ми
    гледајќи ја мојата душевна слабост.

    Господи, испрати ми ја благодатта Твоја на помош
    за да го прославам Твоето Свето Име.
    Господи, Исусе Христе, запиши ме мене слугата Твој
    во Книгата на животот, добар крај подари ми.
    Господи, Боже мој, иако ништо добро не сторив пред Тебе,
    дај ми ја благодатта Твоја за да поставам добар почеток.
    Господи, ороси го срцето мое со Твојата благодатна роса.
    Господи на небесата и на земјата, спомни Си за мене грешниот,
    бесрамниот и нечист слуга Твој, во Царството Твое. Амин.
    НОЌНИ
    Господи, во покајание прими ме.

    Господи, не оставај ме.
    Господи, не воведувај ме во искушение.
    Господи, дај ми мисла добра.
    Господи, дај ми солзи и
    сеќавање на смртта и умиление.
    Господи, дај ми
    помисла за исповедање на гревовите мои.
    Господи, дај ми смирение,
    целомудрие и послушание.
    Господи, дај ми трпение,
    великодушност и кроткост.
    Господи, всади го во мене
    коренот на добрината,
    и на стравот Твој во срцето мое.
    Господи, удостој ме да Те љубам со сета моја душа и мисла,
    и во с¢ да ја творам волјата Твоја.

    Господи, заштити ме од некои луѓе, и бесови, и страсти,
    и од секое друго недолично нешто.
    Господи, знам дека чиниш како што благоволиш;
    нека биде волјата Твоја и во мене грешниот,
    зашто Си благословен навек. Амин.




    МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
    Добра Мајко на добриот Цар, Пречиста и Благословена Богородице Марие,
    милоста на Синот Твој и Бог наш излеј ја врз мојата острастена душа,
    и со Твоите молитви упати ме на добри дела,
    та преостанатото време од мојот живот беспорочно да го поминам,
    и преку Тебе рај да задобијам, Богородице Дево,
    единствена Чиста и Благословена!
     
    На kuc, korisnichka, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Молитва на единството - Оче наш


    Оче наш,
    Ти кој си на Небото,
    свето е името твое,
    нашето царство доаѓа,
    Твојата волја нека се врши
    како на Небото така и на Земјата,
    лебот секојдневен денес ни го даруваш,
    ни ги простуваш гревојте наши,
    и ние им ги простуваме на должниците свои,
    нè водиш низ искушенијата,
    и нè избавуваш нас од злото,
    Оти наше е Царството,
    моќта и прекрасноста
    од вечноста во сета вечност!
     
  20. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    http://www.youtube.com/watch?v=HRMR7p36 ... er&list=UL[/quote]

    Blagosloven jesi Gospodi, nauči mja opravdanijem Tvojim.
    Angelskij sobor udivisja, zrja Tebje v mertvih vmjenivšasja,
    smertnuju že, Spase, krjepost razorivša,
    i s soboju Adama vozdvigša, i ot ada vsja svoboždša.

    Blagosloven jesi Gospodi, nauči mja opravdanijem Tvojim.
    Počto mira s milostivnimi slezami, o učenici, rastvorjajete.
    Blistajajsja vo grobje Angel mironosicam vješčaše:
    Vidite vi grob i urazumjejte, Spas bo voskrese ot groba.

    Blagosloven jesi Gospodi, nauči mja opravdanijem Tvojim.
    Zjelo rano mironosici tečahu ko grobu Tvojemu ridajuščija,
    no predsta k njim Angel i reče: Ridanija vremja presta,
    ne plačite, voskresenije že apostolom rcite.

    Blagosloven jesi Gospodi, nauči mja opravdanijem Tvojim.
    Mironosici ženi, s miri prišedšija ko grobu Tvojemu,
    Spase ridahu, Angel že k njim reče, glagolja:
    Čto s mertvimi Živago pomišljajete; jako Bog bo voskrese ot groba.

    Slava Otcu i Sinu i Svjatomu Duhu.
    Poklonimsja Otcu, i Jego Sinovi, i Svjatomu Duhu,
    Svjatjej Trojicje vo jedinom suščestvje, s Serafimi zovušče:
    Svjat, Svjat, Svjat jesi, Gospodi.

    I ninje i prisno i vo vjeki vjekov, amin.
    Žiznodavca roždši, grjeha, Djevo, Adama izbavila jesi,
    radost že Evje v pečali mjesto podala jesi; padšija že ot
    žizni k sej napravi, iz Tebe voplotivijsja Bog i čelovjek.

    Aliluija, aliluija, aliluija, slava Tebje, Bože.
    Aliluija, aliluija, aliluija, slava Tebje, Bože.
    Aliluija, aliluija, aliluija, slava Tebje, Bože.
     
    На korisnichka, tessie, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.