1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Молитва

Дискусија во 'Религија' започната од julie77, 10 април 2010.

  1. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Молитва во неволја


    Господи Боже наш, Создателе и Спасителе на човештвото, милостиво послушај не, и помогни ни, оти само Ти ја гледаш нашата слабост и нашето страдање, ние немаме никој друг, кој би можел да ни подари милост и да ни ги опрости нашите гревови, освен Тебе. Ако нашите гревови се големи, Твојата милост е поголема,прости ни и спаси не нас грешните.

    Покажи ја Твојата милост, над сиромашните, над вдовиците, над децата кој страдаат, над болните и над немоќните. Господи, слушни ја молитвата наша, оти на Тебе се надеваме и од Тебе очекуваме помош, биди ни заштитник и Утешител.

    Пресвета Богородице, Мајко Божја, дај ни да ја добиеме благодатта на Твојот Син, помогни ни да станеме верни слуги негови, та преку тоа да ги спасиме нашите души.
    Биди ни застапничка и молитвеничка, и пренеси ги нашите молитви пред Господа, Твојот Син и наш Бог. Амин
     
    На Таа Сум и korisnichka им се допаѓа ова.
  2. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    НЕСЛУШНАТА МОЛИТВА


    +++

    „Еднаш кога Исус беше на едно место и се молеше, откако заврши со молитвата, еден од Неговите ученици му рече: Господи, научи не да се молиме...“


    +++


    Често пати ние се молиме НЕРАЗУМНО и за нешта кои се ШТЕТНИ за нашите души, како на пример за богатство, високи функции, почести...

    Или пак, сме се разболеле, па наместо да се покаеме за нашите гревови заради кои нашиот Бог праведно не казнува за да се поучиме, ние се молиме единствено за телесно здравје и потоа пак продолжуваме со стариот начин на живеење и повторно забораваме на Бога и на нашето жестокосрдие кон ближниот свој.


    Но, Бог не е никаков маѓепсник и никогаш не го лекува телото за сметка на душата.

    Напротив, Бог најпрвин ја исцелува душата , па потоа телото,

    најпрвин разумот, чувствата и волјата,

    а по нив, црниот дроб, мускулите, коските, главата...Нашиот Господ постапува така, зашто најважно нешто во нашиот живот

    не е здравјето на телото кое што е времено,

    туку спасението на душата кое што е вечно!



    За тоа пишува и нашиот преврховен Апостол Павле:



    „И ако само во овој живот се надеваме на Христа, тогаш ние сме најнесреќните од сите луѓе“ (1Кор. 15, 19) .



    И свети Апостол Јаков, брат Господов, со болка додава:

    „Просите , а не добивате, оти зло барате, за да го трошите во вашите похоти“ (Јак. 4, 3).



    Друга причина за неисполнување на нашите молитви е нашето трпение што побрзо да го добиеме тоа што го бараме и тоа точно онака како што сме си вообразиле дека ќе не облагодетели целосно.

    Ваквото размислување Е СУЕТНА ЧОВЕЧКА ДРСКОСТ.

    Бог е Оној Кој најдобро знае,

    КОГА, КАКО И КАДЕ, да ни го даде она од кое ние навистина имаме потреба.



    Он сака да не научи на смирение, трпение и послушание и бара безроптно да го носиме нашиот ЖИВОТЕН КРСТ што Он ни го доверил.

    Дури кога ќе го постигне тоа со нашите души, Бог ги исполнува нашите молби.



    Човекот кој безусловно и молскавично бара исполнување на неговите прозби, наликува на мало вообразено дете кое настојува родителите да му откорнат некаков плод од дрвјата покриени соп снег и мраз преку зимата..



    Претставете си дека познавате некоја жена која што има маж пијаница. Таа и дење и ноќе се моли за него да престане да пие, запишува десетици литургии поради тоа, пости, оди на поклонение..., но, нејзиниот маж НЕ ПРЕСТАНУВА да пие.



    Тогаш, таа го губи трпението, започнува да ропта против Господа и на крајот го напушта својот брачен другар?!

    Грешката на таа жена е во нејзиното НЕТРПЕНИЕ,

    во неправилната молитва и не сфаќањето на вистинската смисла на христијанскиот живот.

    Наместо, најпрвин да се помоли за засилување на нејзината љубов спрема својот сопруг и за поголемо разбирање и трпение во однесувањето кон него, таа се моли единствено за тоа - тој да престане да пие.

    Наместо да земе дел од ОДГОВОРНОСТА за состојбата на својот сопруг, зашто според премудриот син Сирахов

    „зла жена му се дава на грешен маж“ (25,3,9),

    таа го ОСУДУВА сопругот и РАЗГЛАСУВА зс неговото пијанство.



    Наместо да сфати дека тоа всушност

    е нејзиниот ЖИВОТЕН КРСТ, што БОг и го дал за да ја спаси, откако на крај ќе го изнесе на својата МАЛА ГОЛГОТА, жената го отфрла и ги нарушува светите завети на светата Тајна Венчание.



    +++

    Голем грев правиме, ако се дрзнеме да застанеме пред олтарот на Севишниот, а ТАИМЕ НЕКАКВА ОМРАЗА КОН БЛИЖНИОТ и не сме се помириле со него. Таквата молитва не само што нема да ни помогне, туку и ќе го предизвика праведниот Суд Божји против нас. Затоа, Господ предупредува:

    „Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека братот твој има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отоди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“.
    (Мат. 5. 23, 24).
     
    На kuc, stylishh, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    МОЛИТВА ЗА ПОДОБАР ХРИСТИЈАНСКИ ЖИВОТ

    Господи, Господи, сило на моето спасение! Сврти си го лицето од моите гревови, ибриши ги моите безаконија и помогни ми да се засили мојата вера во Тебе, Спасителот наш. Мојата љубов кон Тебе да ги надвиши сите природни сили и секаква земна приврзаност. Верувам, Господи, помогни му на моето неверие, пројавено во мисли, зборови и дела. Разврзи го мојот ум од врските на овој свет, за да мисли според законите на Твојот божествен разум. Ослободи го моето срце од товарот што лежи на него и го притиска кон земното. Открили ја волјата моја, за да ја бара и извршува Твојата света волја. Води ги моите стапки кон верата и љубовта, зашто несигурно одам и многу пречки има по патиштата на мојот живот. Ти си патот на спасението. Нека Твојата вечна светлина ја просветлува мојата душа, та да може во сите случаи на сомневање, колебливост, нерешителност, земен страв или човечка суетност да Те наоѓа Тебе – Патот на вистинскиот живот. Чувај ме од секакво телесно мудрување, кое е непријателство против Тебе, против Твојата вистина и волја. Не дозволувај да ме завладее мислата на земното. Ти знаеш што е потребно за мојот земен живот. Не ме лишувај од тоа, туку помогни ми да го придобијам преку благословениот од Тебе труд. Закрилувај ме од лукавото мудрување на телото, кое го смета земното богатство за најголема вредност. Дај ми очи да го гледам животот во вистинска, а не во лажна светлина и секогаш да паметам дека пред сѐ друго треба да го барам Твоето Царство и Твојата правда и дека сѐ друго ќе ми биде дадено. Господи, Твојата милост е до небесата, Твојата вистина – до облаците, Твојата правда е како планините, а Твоите планови – голема бездна. Помогни ми да успевам во духовниот живот, душата моја секогаш да Те прославува Тебе, Господи на моето спасение. Амин!
     
    На kuc, Таа Сум, korisnichka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Бог не ги отфрла молитвите, но желбите понекогаш не ги исполнува единствено заради тоа, по Својата Божја промисла, сѐ да устрои колку што може подобро. Што би се случило, кога Тој, Кој сѐ гледа, потполно би ги исполнувал нашите желби? Мислам, иако не тврдам, дека тогаш сите луѓе би загинале.
     
    На kuc, Таа Сум, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    И јас се придружувам на оваа група! Иако, морам да признаам порано не заспивав пред да си се помолам, а сега некако поретко :tmi: Но, се враќам пак на старата навика!
    Верувам во моќта на молитвата и горе долу ми се имаат исполнето неколку желби. Она што ми се допаѓа е чувството на смиреност, како да ми дава некаква утеха дека се‘ ќе биде в ред и дека таму горе некој се грижи да не отиде се‘ по ѓаволите.
    Одам и во црква да си молам на икони, но кога не можам го правам тоа и дома-молитва си е молитва кај и да си, Господ се‘ гледа!
    Или да кажам и еден афоризам: одењето во црква нема да Ве направи верник, исто како што седењето во гаража нема да Ве направи автомобил! :lol:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Кога се чини дека молитвите не ни се примени

    Ветувањето е широко и неограничено, и верен е Оној што го дал. И кога нема да го примиме токму она што сме го барале, во времето за кое сме се молеле, и понатаму мора да веруваме дека Господ нè чул и дека ќе одговори на нашите молитви.

    Ние сме во толкава мера подложни на заблуди и толку кратковиди, што понекогаш бараме нешто што не би ни донело благослов, па нашиот небесен Отец во својата љубов ни одговара на молитвите така што ни го дава она што ќе ни послужи за најголемо добро – она што и самите ние би го посакале кога нашиот поглед би бил божествено просветлен и кога стварноста би можеле да ја видиме онаква каква што е.

    Кога се чини дека молитвите не ни се примени, мора да се држиме за ветувањето , зашто времето кога тие ќе бидат примени сигурно ќе дојде и ние ќе го примиме оној благослов што ни е најпотребен.

    Но да се бара молитвата секогаш да биде вослишена онака како што сме сакале и секогаш да го добиеме токму она што сме го барале е вистинска дрскост.

    Бог е премногу мудар за да се измамува и премногу добар оние што живеат праведно да ги лиши од кое и да е добро! Затоа без страв потпрете се на Него дури и тогаш кога одговорот на вашите молитви не го добивате веднаш.
     
    На kuc, ♡BuBaLe♡, Makide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Молитвата е разговор на човечката душа со Бога. Она што е воздухот за телото, тоа е молитвата за човечкиот дух. Вистински се моли само оној човек што верува во Бога и во Неговата безгранична добрина; кој ја чувствува својата зависност од Него. За време на молитвата ние Го замислуваме Бога сосема близу до нас и сосема искрено ја отвараме нашата душа пред Него. Со молитва можеме да измолиме се. Затоа и молитвата се именува мајка на сите добродетели. Ние, грешните луѓе, треба и дење и ноќе да Му се молиме на Бога: Кога сме тажни и радосни, кога сме несреќни и среќни, кога сме болни и здрави. Молитвата го прави неможното - можно, тешкото - лесно, непријатното -пријатно. Оној што не се моли, се одалечува од Бога и станува сличен на суво и бесплодно дрво, кое се сече и во оган се фрла. Свети апостол Павле вели: “Молете се постојано” (I Сол.5,17), а Господ Исус Христос ни заповеда:”Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение” (Мт.26,41). Постојаната молитва не се состои во постојано стоење на молитва, туку во нашата свесност дека секогаш стоиме пред Бога, дека Господ не гледа, дека ги знае нашите дела, намери, помисли и желби. Оваа свесност секогаш е поврзана со молитвено расположение. Сам Бог заповедал уште во Стариот Завет да се молиме, а псалмопевецот Давид вели:”Повикај ме во тажен ден - и Јас ќе те избавам, а ти ќе Ме прославиш”(Пс.49,15). Пророкот Јеремија пишува:”Ќе викнете по Мене и ќе Ми се помолите, (вели Господ), и Јас ќе ве чујам. Ќе Ме побарате и ќе Ме најдете, ако Ме барате од се срце”(Јерем.29,12-13). Во Новиот Завет молитвата се препорачува, речиси, не секоја страница.Господ Исус Христос не pоучува:”Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете”(Мт.7,7);”Се што ќе побарате во молитва со вера, од Отецот во Мое име, ќе ви даде”(Јн.15,16) “Секој што сака - добива, и кој бара наоѓа”(Мт.7,8). Барајте го Царството Божјо, и сето тоа ќе ви се придаде”(Лк.12,31). Молитвата е најсилното срество, преку кое можеме да Измолиме милост од Бога. Таа е голема сила; ништо не може Да ја задржи. Таа се извишува до небесата, се издигнува до самиот престол на Седржителот, а се симнува дури и до Пеколот и оттаму ги ослободува затворените.
     
    На kuc, korisnichka и A-j-a им се допаѓа ова.
  8. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Покајна молитва на свети Ефрем Сирин

    Господи, пред тркалото на времето да сопре во мојот живот,
    помилуј ме!

    Пред и ветрот на смртта да дувне, и на телото мое болести се појават - на смртта весници
    - помилуј ме!
    Пред и величественото сонце на висините да се помрачи за мене
    - помилуј ме!
    И нека блесне за мене светлоста Твоја од висините, и нека ја растера од умот мој страшната темнина.

    Пред и земјата да се врати во земја, и стане гнилеж, и пред пропаста на сите црти на личотата нејзина
    - помилуј!

    Пред и гревовите мои да ме прелажат на Судот и посрамат пред Судијата - помилуј, Господи, со благости исполнет!
    Пред и воинствата да излезат, и претходат на Синот Царев, да го соберат родот наш беден, пред Престолот на Судијата - помилуј!
    Пред и гласот на трубата пред присуството Твое да се зачуе, поштеди ги слугите Твои и помилуј,
    Господи наш Исусе!

    Пред и дверите Твои да ги заклучиш пред мене, Сине Божји, и пред и храна на незгасливиот оган пеколен да станам јас, помилуј ме!
     
  9. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Молитвата е вистинско нешто што може да те смири. На пример јас ако не ја кажам пред да си легнам не можам да заспијам. После кажувањето на молитвата психички си смирена, а тоа дека помага вистина е (барем според мое мислење).
     
    На A-j-a и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    ПСАЛМ 50
    Покајничка молитва

    1 Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја
    добрина избриши ги беззаконијата мои.
    2 Измиј ме темелно од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев,
    3 зашто престапите мои ги знам и мојот грев е секогаш пред мене.
    4 Против Тебе, само против Тебе згрешив и пред Тебе зло извршив, така што Ти си праведен кога ќе пресудуваш и беспрекорен кога ќе судиш.
    5 Ете, грешен сум роден, грешник уште од кога ме зачна мајка ми.
    6 Ти ја сакаш вистината во срцето, и внатре во мене ме учиш на мудроста Твоја.
    7 Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег.
    8 Дај ми да чујам радост и веселба, нека се зарадуваат коските што Ти ми ги здроби.
    9 Одврати го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија.
    10 Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и прав дух стави во мене.
    11 Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене.
    12 Врати ми ја радоста на спасението од Тебе и благороден дух зацврсти во мене.
    13 Тогаш ќе ги научам престапниците да одат по Твоите патишта, и грешниците
    кон Тебе ќе се обраќаат.
    14 Ослободи ме од пролеаната крв, Боже, Боже на моето спасение, и јазикот
    мој ќе пее за Твоето избавување!
    15 Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ќе ја објави похвалата Твоја;
    16 зашто, жртви не ти се мили, кога би ти принел сепаленици, Ти не би ги примил.
    17 Жртвата пред Бога е срушен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш.
    18 Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, обнови ги
    ѕидовите ерусалимски.
    19 Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите
    сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.

    http://www.youtube.com/watch?v=Aw_n8kOh ... re=related
     
    На Таа Сум и korisnichka им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Молитвата е и половина здравје, има нешто што прави да делува истата, без разлика колку човек е религиозен.Можеби само заради тоа да се пронајдеме себе си, затоа е и речено дека не прави поблиски до Бог.Некои нешта и не се туку така создадени, веројатно дека имаат некаква цел.Молитвата или било што од религијата, е многу повеќе од зборови.
     
    На kuc, Page, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    За оној што не можел да научи да чита, но единствено ја знаел молитвата „Богородице Дево, радувај се..."


    Во еден град имало еден човек, по име Јован, кој бил многу богат и богоугоден. Но, умно тој бил мошне ограничен, па не можел да научи ниедна молитва. Поради тоа го подарил сиот свој имот на еден манастир и отишол во него да живее за да го научат браќата на писмо.
    Игуменот и сите браќа го почитувале и се труделе да го научат да чита, но тој ништо не можел да сфати. Тогаш еден искусен и добродетелен монах почнал да му чита многу молитви по ред и го прашал коЈа му се гледа најлесна. Тој рекол: Богородице Дево, радувај се... - ми е најдобра. И на тој начин, по многу време, монахот одвај го научил на таа молитва. Откако ја научил молитвата, простиот Јован толку многу се зарадувал во душата што му се чинело дека добил најголемо богатство на светов. Каде и да одел само ја изговарал молитвата: „Богородице Дево, радувај се". Поради тоа браќата го нарекле: „Радувај се, Марие". А тој непрестајно ги имал овие зборови во устата се до смртта. Кога умрел и му вршеле опело, од устата му излегувала слатка миризба.
    На деветтиот ден кога вршеле парастос, виделе преславно чудо. На гробот му израснал еден прекрасен крин, на чии лисја било напишано со златни букви: „Радувај се, благодатна Марие". Кринот испуштал благоухание не од земно, а од небесно потекло. Тогаш игуменот им рекол на браќата: „Отци, за да го запознаеме ова чудо и да видиме колку бил свет блаженоупокоениот отец и колкава љубов имал кон света Богородица, треба да го видиме и коренот на овој крин, та да разбереме колку ги ублажува Мајката Божја оние што од се срце ја почитуваат". Кога го раскопале гробот, виделе дека кринот израснал од устата на умрениот и се зачудиле. Потоа игуменот заповедал да ги расечат моштите на преподобниот и виделе дека кринот излегува од самото негово срце и на него била изобразена иконата на света Богородица. Тогаш сите присутни се зачудиле, го зеле кринот заедно со светите мошти да ги чуваат во чест и слава на Бога и на света Богородица. Амин.
     
    На kuc, Таа Сум, korisnichka и 7 други им се допаѓа ова.
  13. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Јас се молам секој ден, ама не по некоја пишана молитва, туку своја молитва. Се молам за некои нешта кои мене ми се потребни, ама не само за нешто што ми требаат, понекогаш во молитвата и се заблагодарувам и за убавите работи кои ми се случуваат а секој ден му се заблагодарувам за новото утро кое ми го подарил.
     
    На kuc, Serafima, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    "Погрешно е за било кој, да се моли само за себе, односно само за своето спасение. Треба да ги сакаме другите, светот... никој да не биде загубен.
    Тоа вреди.
    - Старец Порфириј"

    Многу убаво кажано. Порано се молев да ми исполни ова,да ми исполни она,само некои мои желби...Наеднаш се почувствував некако себично... Во последно време се молам да ги штити моите блиски,а и на сите луѓе да ни помогне да бидеме подобри и посилни,и да не не напушта.
     
    На kuc, Таа Сум, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  15. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    молитва,,,денес се запрепастив од вербата на момче од 5 години,дојде во мојот дуќан кој што е наспроти црквата,за да го викни дедото што ја отвара црквата,и замислете влегува со загрижен лик,и му збори на дедото ајде те молам ела отворими,да му се помолам на Господ ,те молам отворими му збори на дедото,толку голема верба од толку мало човече,ме разнежни,ме расположи,ме потсети како треба да се верува,и да се моли од срце,и не можам да замислам,за мајкаму да ја преболел забот се молеше срценце
     
    На kuc, Таа Сум, GirlLove и 11 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Чудно е тоа како се обраќаме на Бога!Бес ,барање,повредост ,очај.Понекогаш дрски и полни со барања.А треба да бидеме само искрени и чисти во тие моменти.И од каде идејата само да бараме. Го бараме Бог на погрешни места.Се обраќаме на зидовите,воздухот...а треба да го побараме во срцето,во себе.Тука е.Пробудете го во себе и тоа е се што ви е потребно.Тоа е суштината на молитвата.Во последно време не барам ништо за себе,само Бог да ги држи под своите крила луѓето што ги сакам! За здравје,за постоење.
     
    На kuc, Таа Сум, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Потекнувам од традиционално смејство каде секогаш се почитувал Бог и сите светци , сите празници ..
    Од секогаш бев верник , верував во Бога но некако заборавив да се молам секој ден , и некако себично од него барав помош само во тешки ситуации ..
    Сплет на околности , тежок период низ кој минав и совет од една жена која служи во црква почнав да се молам секоја вечер пред легнување и на сабајле , почнав и да постам во среда и петок.
    Кога се молам прво ги читам молитвите , Оче наш , Света Тројца и молитвата за Пресвета Богородица..
    потоа си кажувам една моја молитва , која секогаш е различна ,
    Прво се заблагодарувам за се што имам . Потоа се молам за мир и спас на душите на моето семејство , за мене за сите познати и непознати , за мир и спас на целиот свет и нашата среќа
    Потоа се молам за душите на покојните , и за душата баба ми .
    На крај не барам повеке ништо , само барам да ме помилува Господ , да ми даде ум и разум да разликувам добро од зло , да ме води по вистинскиот пат кој тој ми го одредил и да биде волјата Божја.
    Амин.
     
    На kuc, korisnichka, stylishh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Јас секоја вечер пред спиење ја кажувам ’’Оче наш’’ и моја молитва..
    Вербата во Бога ми е многу силна, се чуствувам лошо ако не кажам молитва
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Како да се достигне потребната нерасејаност на молитвата? Подготовка за успешно извршување на молитвата

    Ми пишувате дека никако не можете да управувате со мислите, дека постојано ви бегаат и дека молитвата воопшто не се одвива онака како што би сакале; а преку ден, заради работата и средбите со други луѓе, речиси и воопшто не си спомнувате за Бога.
    Тоа не може одеднаш. Треба доволно да се потрудите за мислите колку-толку да се потсмират; а тоа што вие сте очекувале дека само треба да се започне и сѐ е веднаш тука – ништо од тоа. Па успех е и што сѐ ова сте почнале го применувате и да се сметате за лоши. Бидејќи тоа и претходно постоело, а сега не само што го приметувате хаосот во мислите, туку и се вознемирувате заради тоа и изјавувате дека би сакале да ги доведете во ред. Повелете и понатаму распалувајте го во себе тоа незадоволство и трудете се да се поправите.
    Веќе ви пишував дека постојаната и непрекината работа на себе претставува неопходен услов за успех во духовниот живот. Сигурното смирување на мислите е Божји дар, но тој дар не се дава без голем сопствен труд. Само со сопствениот труд ништо нема да се постигне, ниту Бог ќе ви даде нешто ако не се потрудите со целата сила. Тоа е непромелив закон. Прочитајте во 19-та беседа од св. Макариј Велики за тоа дека христијаните треба да се принудуваат себеси на секое добро. Таму пишува дека треба да се принудуваме себеси на молитва, ако ја немаме духовната молитва, и дека во тој случај ако Бог види дека човекот напорно се подвизува и ги совладува своите мисли, на таквиот ќе му ја даде вистинската молитва, собрана, задлабочена, кога умот неотстапно стои пред Бога. А штом за време на молитвата умот почне неотстапно да живее во Бога, после тоа нема повеќе да сака да се оддели од Него, зашто со тоа е поврзана благоста, која кога човекот ќе ја вкуси, повеќе нема да сака да проба ништо друго.
    А што треба да се прави? За тоа веќе неколку пати ви зборував: не треба да им се дозволи на мислите слободно да лутаат, а кога случајно ќе избегаат треба во истиот миг да ги вратиме назад, укорувајќи се и тагувајќи поради тоа. Св. Јован Лествичник за тоа вели дека треба да се непрегаме со сета сила и да го заклучиме својот ум во зборовите на молитвата.
    Најдобро од сѐ е да се оди во црква, бидејќи таму молитвениот дух брзо ќе се развие, затоа што во црквата сѐ е насочено кон тоа; но за вас тоа не е баш лесно изводливо. Затоа потрудете се дома да се навикнете на нерасејаната молитва и останатото време да го поминувате со Бога, колку што можете. Учејќи се на молитвата, не заборавајте да проникнете во секој збор и да го почувствувате, бидејќи така ќе го заковате своето внимание на тие зборови од молитвата и ќе го загреете молитвеното чувство.
    Еве што уште треба да правите. Немојте да се молите веднаш после домашните грижи, разговори и обврски, туку прво малку подгответе се за неа, трудејќи се прво да ги соберете своите мисли и да ги насочите на вистинското место, пред Бога. Разбудете го во себе чувството за потреба од молитвата, токму во тој миг, бидејќи можно е да нема друг. Исто така, не заборавајте да ја обновувате совеста за своите духовни потреби, а пред сѐ, за вашата најважна потреба: средувањето на мислите во текот на молитвата, за да најдете мир во Бога. Кога срцето ќе биде свесно и кога ќе ја почувствува таа потреба, тогаш тоа самото нема да ви дозволи да залутате на нешто друго, туку ќе ве натера да се молите на Господ токму заради нив. Пред сѐ, што посилно треба да ја почувствувате својата потполна беспомошност: дека ако Го нема Господ, целосно ќе пропаднете. Ако некому му се заканува несреќа, а тој пред себе го има лицето кое е во состојба во истиот миг да го спаси, ќе се врти ли ваму-таму? Не, туку ќе падне пред него и ќе го моли. Така ќе биде и со вас за време на молитвата, кога ќе ѝ пристапите чувствувајќи колку сте слаби и со свест дека нема кој друг да ве спаси освен Единствениот Бог.
    Сите ние имаме една мана, што на секоја друга работа ѝ пристапуваме со одредена поготовка, колку и да е неважна, а со молитвата постапуваме во лет и брзаме што побрзо да ја кажеме, како тоа да е некое инцидентно дело, а не најважното од сите. И како тогаш за време на молитвата да има собраност на мислите и чувствата? Затоа таа и се извршува како во хаос. Не! Треба да се одречете од таа грешка и ни под никаков изговор да не дозволите да бидете лесномислени во поглед на молитвата. Морате да бидете убедени дека таквиот однос кон молитвата претставува злосторство, и тоа најголемо. Молитвата сметајте ја за првенствено дело во својот живот и така држете ја во своето срце. Тогаш, така и пристапувајте ѝ – како на првенствено дело, а не како на нешто споредно.
    Трудете се. Бог нека ви биде помошник. Гледајте да го исполнувате она што ви се кажува. Ако го исполнувате, брзо ќе го видите плодот. Потрудете се да ја почувствувате благоста на вистинската молитва, а Бог ќе ве поткрене и инспирира за постојана и внимателна молитва. Господ нека ве благослови!

    Свети Теофан Затворник
     
    На korisnichka и Serafima им се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Морам да кажам морам! :x Значи како што молитвата и вербата можат да помогнат ништо друго. Сум била скептик ама последно што ми се случи докажа дека не треба, значи само вие, запалените свеќи, побараните желби и кажаната молитва. Дефинитивно по неколку пати и овој пат се докажа дека се случува, само побарајте.
     
    На ♡BuBaLe♡, GirlLove, CaperucitaRoja и 3 други им се допаѓа ова.