1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Молитва

Дискусија во 'Религија' започната од julie77, 10 април 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Се случува, потполно те разбирам, цел зивот верувам дека постои Бог, уште од малечка, се што сум побарала во молитва, ми се случило, а како незнам, едноставно замолувам преку молитва.Понекогаш мислам дека секој човек мозе да добие она што бара, едноставно доколку тоа што го бара е искрено и од душа.Џабе не било речено, побарајте и ќе добиете.Целата работа е само да не се заборави, но кога и што и да побара човек во молитва, сигурно ќе биде слушната и незаборавена.
     
  2. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Се молам откога знам за себе,потекнувам од такво семејство каде се верува во Бог,се оди во црква за празници,се пали свеќа,се пости..Се молам и Бог ми ги услишува молитвите,некогаш го молам за знак-кога се чувствувам изгубено и секогаш го добивам од него и знам како да продолжам.Никој не е како Бог,молитвите злато вредат,кој пробал да се моли,знае.
     
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Секоја вечер се молам, долги години наназад, уствари откако почнав пошироко да размислувам.
    Помага, молитвата е нешто нај моќно, доколку се молиш од срце. Така се поврзуваш со Него, а кога Тој е покрај тебе, се е полесно.
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dannyella

    Dannyella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Не знам како и зошто , но знам дека после молитва се чувствувам посмиренооо ... Убавоо е чувство после молитвата ...
     
    На kuc и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  5. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Старец Софрониј

    Понекогаш дејствувањето на молитвата ни се чини премногу споро, несразмерно со нашето кусотрајно постоење, и повикот јачи во градите: ’Побрзај!’ Се случува на нашиот повик да не ни возврати веднаш. Како плод на дрво, Бог нашата душа ја остава сонцето да ја пече, ледени и врели ветрови да ја бијат, да се мачи од жед и да трпи под порој на дождови. Но ако истраеме и не го испуштаме од рацете крајчето од Неговата одежда, неизоставно ќе ги дочекаме и благотворните последици
     
    На Libera, Serafima, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас од мала сум научена да се молам и секоја ноќ се молам но мојата молитва не е само за мене туку општо за сите луѓе на овој свет може чудно звучи но верувам дека има илјадници сега во овој миг на кој им треба помош можеби неможам поинаку да помогнам но доволно е кога и за нив ќе побарам среќа здравје и љубов истото го правам и со палењето на свеки последната свеќа е посветена за сите луѓе на зеленава планета како јас што сакам да сум среќна верувам дека и сите останати го посакуваат тоа.
     
    На angelce1 и Serafima им се допаѓа ова.
  7. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Славете го Господа

    Славете го Господа зашто е добар, Алилуја
    Зашто е вечна милоста Негова, Алилуја
    Славете го Богот на боговите, Алилуја
    Зашто е вечна милоста Негова, Алилуја
    Славете го Господарот над господарите, Алилуја
    Зашто е вечна милоста Негова, Алилуја
    Единиот кој прави големи чудеса, Алилуја
    Зашто е вечна милоста Негова, Алилуја
    Тој премудро го создаде небото, Алилуја
    Зашто е вечна милоста Негова, Алилуја
    Тој ја утврди земјата врз водите, Алилуја
    Зашто е вечна милоста Негова, Алилуја
    Единиот кој ги создаде големите светила, Алилуја
    Зашто е вечна милоста Негова, Алилуја

    http://www.youtube.com/watch?v=A7tf8D6ogBg
     
    На Page, Serafima и angelce1 им се допаѓа ова.
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Незнам каде да го поставам прашањево..
    Некој да не го знае, или пак може некако да ми го најде текстот што го читаат на литургија Верувам, го имало на првата страна на верско календарче, такво за имиња или незнам што...
    Одприлика вака почнуваше..
    Верувам во едниот Бог, од оној што настанало се.. бла бла.. Се роди Бог од вистинскиот Бог.. бла бла.. :$
    Ми треба многу...
    Благодарам однапред!
     
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266

    Тоа што го бараш е Символот на верата.
    Повели :) .

    Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на Небото и на земјата, на сè видливо и невидливо;
    И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови: Светлина од Светлината, вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого сè станало;
    Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се вплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
    И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен;
    И воскресна во третиот ден, според Писмото;
    И се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот;
    И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство ќе нема крај;
    И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори, Кој исходи од Отецот, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците;
    Во едната, света, соборна и апостолска Црква;
    Исповедувам едно крштение, за простување на гревовите;
    Го чекам воскресението на мртвите;
    И животот во идниот век. А М И Н
     
    На kuc, ♡BuBaLe♡, Miss.Ricci и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш кога легнувам се заблагодарувам на Бога за се што сторил за мене и моето семејство,се молам да ми го осветли патот по кој одам и се молам да ми се простат сторените гревови кои ги правиме,и за тоа што не заборава наутро да не разбуди.Понекогаш ја кажувам и целата молитва се прекрстувам три пати и заспивам.
     
    На Таа Сум и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Секти

    Молитва против демонски сплетки

    Господи Исусе Христе, Сине Божји, со крстот поразувајќи ја древната змија и со врските на мракот во тартарот врзувајќи ја, заштити ме од нејзините сплетки. По молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, светиот Архангел Михаил и сите небесни сили, на Светиот пророк и Крстител Јован, светиот евангелист Јован Богослов, свештеномаченикот Кипријан и маченицата Јустина, светиот Николај чудотворец, свети Никита Новгородски, свети Јован Шангајски и Санфранциски чудотворец … и сите светии, со силата на животворниот Крст и по застапништвото на Ангелот чувар, избави ме од духот на злобата, од лукави луѓе, од магии, проклетства, уроци и од секоја непријателска клевета. Со Твојата семоќна сила сочувај ме од злото, за озарен со Твојата светлина, безбедно да стигнам на тивкото пристаниште на Царството Небесно и таму вечно да Ти благодарам Тебе, на мојот Спасител, заедно со безначалниот Твој Отец и сесветиот и животворен Твој Дух. Амин.
     
    На Таа Сум и Majski.Cvet им се допаѓа ова.
  12. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Молитва кон светите Ефески отроци при нарушување на сонот кај малите деца

    О, пречудни свети седмочислени отроци, пофалба на градот Ефес и надеж на сета вселена! Погледнете од височината на небесната слава врз нас,кои со љубов вашиот спомен го празнуваме,а пред се на христијанските младенци,кои од своите родители се доверени на ваше застапништво: испратете го врз нив благословот на Христа Бога Кој рече: оставете ги децата да доаѓаат при Мене: болните меѓу нив исцелете ги, натажените утешете ги, нивните срца во чистота запазете ги, со кроткост исполнете ги, во нивните срца зрна за Божјо исповедавање насадете и зацврстете,за да растат од сила во сила, и сите нас,кои стоиме пред вашата света икона и кои вашите мошти со вера ги целиваме и искрено ви се молиме,удостојте не Царството Небесно да го примиме и со радосен глас таму да Го прославуваме великолепното име на Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух,во сите векови.Амин!
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена од молитвите ја знам само Оче наш . И неа ретко ја кажувам , кога се молам тоа се молитви со мои зборови од срце , не знам зошто но некако ако кажам молитва да речеме некоја која е пропишана (не знам како да се изразам) , јас не се чуствувам дека се молам и дека се поврзувам со Бог. Можеби грешам , но за мене молитвата не функционира така , јас така наоѓам мир кога ќе кажам со мои зборови што ми е маката или да заблагодарам кога сум среќна.
    И да колку што ме служи паметењето не сум се молела за тривијални работи како на пример да положам испит :D не дека е тоа погрешно , но јас тоа не го практикувам . Верувам во молитва ама на мој начин разговор со Бог . :)
     
    На viktorija.manevaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    За молитвата
    Старец Јосиф Ватопедски

    Молитвата е основното средство кое ги соединува сите разумни созданија со нивниот Бог Творец. Во нивниот живот таа треба да биде нивна основна дејност и обврска.

    Молитвата е непосредна врска и непрестајно средство за општење на ангелите и луѓето со Бога.

    Молитвата е ослободување од нашите минливи окови во бесконечниот простор, таа нѐ води надвор од тажните предели, со кои сме ограничени, и ни дава чувство за безграничност и натприродност.

    Исчезнува просторот, местото, начинот, и ние го чувствуваме дејството на Божјите својства. Кога би сакале да ја опишеме природата и суштината на тој натприроден дар, сфаќаме дека тој труд ги надминува нашите сили. Ограничени сме на тоа како во нас дејствуваат нејзините резултати и плодови.

    Тој Божји дар е толку величествен, така што и Самиот Дарител прибегнувал кон молитва додека престојувал во нашиот минлив свет. Апостолот Лука вели дека Господ „ја поминувал целата ноќ во молитва кон Бога“.

    Понекогаш Неговата молитва била во вид на исповед, а понекогаш како исклучително молење или благодарење кон Создателот на вселената, Отецот; со самото тоа Господ сакал да ни ги покаже неопходноста и значењето на тој најголем дар: „Оче, Ти благодарам, зашто Ме послуша“ (Јован 11, 41), „Свети Оче, запази ги со Твоето име... оние, кои си Ми ги дал, ги зачував, и никој од нив не загина, освен погибелниот син... но не се молам само за нив, туку и за оние, кои по нивните зборови ќе поверуваат во Мене“ (Јован 17, 11;12;20).

    Најдобриот и најпотресен пример е Гетсиманската молитва во која Тој трипати Го моли Отецот, за потоа врз Себе да го превземе исцелението на целиот свет.

    Каде и да го насочиме нашето внимание: од моментот на создавањето и потоа, молитвата е секаде присутна. На тој начин, молитвата е врска и единство на сите созданија со Бог Творецот и нивната проекција во вечноста.

    Колку молитвата им е блиска на разумните созданија, може да се види од тоа што таа започнува самата од себе во случаите кога е потребна, а посебно во моментите на опасност, задвижувајќи ги членовите незабележливо и несвесно.

    Таа е наjсветиот инструмент кој им дава на созданијата, посебно на човекот, можност за вистинско општење со неговиот Создател. Со нејзина помош човекот може да моли и да го добие она што му е потребно, да влијае за промената на казната, која Божјата правда ја одредила за него, да добие преизобилен благослов, да дознае она што не знае, да го поддржи ближниот молејќи го Бога за тоа, и воопшто, преку молитвата човекот може да стане причесник на многу особености на нашиот Бог и Отец.

    Впрочем, невозможно е да се опише резултатот и предноста на оваа добродетел наречена молитва во однос на другите. Пријдете сите, изморени и оптоварени, кои живеете во тоа место на општо прогонство, во прегратката на мајката на сите добродетели – молитвата, и таа ќе ви даде мир и повеќе од тоа што сте очекувале и за што сте молеле.



    Старец Јосиф Ватопедски
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Како да ја кажувате молитвата !!

    Значи, бидејќи имате духовник, нема потреба да ве исповедам. Јас ќе ви кажам како да ја кажувате молитвата. Христијанинот со крштението во себе ја прима благодатта, Го прима Христос. Меѓутоа, кога ќе згреши, тој ја брка благодатта. Гревот, како ѕид нѐ одвојува од Христос. Викаш: „Господи Исусе Христе...“, а вратата е затворена. Со покајанието и исповедта гревот паѓа; ѕидот паѓа. Човекот повторно се смирува со Бога.
    - О, Старче, добра е исповедта, но светот не ни дозволува да се спасиме. Си заминуваш од исповед, пак го гледаш истото, истото го слушаш, се гневиш, завидуваш, осудуваш...
    - Не зборуваш правилно. Христос рекол: „Ако окото те соблазнува, извади го“. Не рекол да му го извадиш окото на другиот. Ако видиш некоја жена непристојно облечена: таа нека си ја гледа својата работа, а ти твојата. Да го извадиш окото, значи да го спуштиш погледот, да не бидеш љубопитен. Ако си толку слаб и не можеш да го направиш тоа, тогаш не ги осудувај другите. Речи си: „Тешко тебе јаднику, сластољубивецу, блуднику. Значи гревот ти се допаѓа“.
    Тоа е една вежба. Гледаш ли колку здрав разум имаш во себе. Совршениот човек гледа и не се соблазнува, подвижникот, колку што може, ги избегнува поводите. Слабиот сам влегува во домот на гревот и после... другите ги обвинува. Оправдувања... како кај Ева.
    - Старче, со помош на Божјата благодат, се трудиме до некаде, избегнуваме колку што можеме, но невозможно е да не се извалкаш во општеството.
    - Ах, кога живеете давајќи си поводи следува кажаното. Токму затоа ние и го напуштивме светот. Можам да ви кажам дека со благодатта на нашиот Господ Исус Христос и во светот духовно опстојував. Меѓутоа, тихувањето има поинаква привлечност.
    Кога се молам ми се појавуваат сите слики од тековниот ден и во умот ми се прикажуваат како филм. Ако си чул безобразен и поган разговор, ако очите нешто виделе итн., тогаш сето тоа доаѓа и стои како пречка во молитвата. Но токму тоа е и причината плус која ве присилува непрестајно да ја кажувате молитвата во светот.
    Се сеќавам дека често имав големи искушенија во светот. Дури лукавиот и ми носеше зли жени за да ме предизвикаат на грев. Но ме сочува оваа кратка молитва: Господи Исусе Христе, помилуј ме. Ако имаш потреба можеш да го изговараш и името на Пресвета Богородица, со сета душа: Пресвета Богородице, спаси ме. Понекогаш чувствуваш потреба да додадеш и свои зборови: „Господе мој, Богомајко, побрзајте, помогнете, во опасност сум“, итн.
    Од моето мало исуство во светот видов дека ова „мало“ оружје, молитвата, штити од секое зло. Лошите луѓе нѐ вежбаат. Не туркаат поблиску кон нашиот Господ.

    Старец Харалампиј Дионисијатски
     
    На kuc, Таа Сум, angelce1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Пред спиење обавезно си се помолувам.Секогаш кога ми било најтешко,кога ми требало нешто во живото се молам и господ секогаш ми помага..АМИН
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Сум се молела, се молам и ќе се молам секоја вечер. Нетреба само да се молиме кога одиме во црква. :!:
     
    На Таа Сум и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Го молам Бог да ми го покаже патот во оваа матна и за мене тешка раскрсница. Амин
     
    На Таа Сум, vinozito1, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ти знаеш што е добро за мене, и колку товар носи моето срце.Те молам олесни ми го товарот оти стварно е голем.Дај ми сила, храброст, здравије да не потклекне мојата вера во овие тешки денови.Чисто срце дај ми Боже. Амин
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.