1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Молитва

Дискусија во 'Религија' започната од julie77, 10 април 2010.

  1. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    си се молам секоја вечер,веќе неколку години :)
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    38
    Ќе може ли некој да ми ја каже Оче Наш , дека не ја знам целосно.

    Благодарам однапред.
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Оче наш, Кој си на Небесата
    да се свети Името Твое,
    да дојде царството Твое,
    да биде вољата Твоја,
    како не Небото, така и ја Земјата.
    Лебот наш насушен, дај ни го денес
    и прости ни ги долговите наши,
    како што и ние им ги проштеваме на должниците наши.
    И не воведувај не во искушение,
    но избави не од лукавиот.
    (зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин!)
    (Исус Христос, ев. Матеј 6:9-13, Библијата)

    п.с. Последниот стих е ставен во загради затоа што текстуалните критичари не се сигурни дали тој бил или не бил дел од оригиналното евангелие напишано од апостол Матеј.
     
  4. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Од каде ваква информација?
    Значи молитвата е составена од:
    1. Призив
    2. Прожби
    3. Заклучок
    Призивот е Оче наш
    Прожбите се останатиот текст, вкупно 9 и заклучокот е зашто твое е царството......
    Овој концепт го имаат прифатено сите, скоро сите егзегечитачи од повеќето христијански конфесии
    П.С. не мислиш дека си малку досаден?

    И ако сакаш да цитираш тоа се прави вака (МТ.6, 9-13)
     
    На Bulgarian и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    meleh, ова не е кој знае колкава „еурека“ и ме чуди што вака арогантно ми настапуваш за нешто што, барем меѓу проучувачите на Библијата, е општо познато.

    Најраните ракописи од Новиот Завет кој што го содржи овој дел од евангелието по Матеј (кодекс Синатикус и кодекс Ватиканус) не го содржат тој стих од молитвата Оче Наш. Ако не ми веруваш еве можеш и сама да провериш:

    http://codexsinaiticus.org/en/manuscript.aspx?book=33&chapter=6&lid=en&side=r&verse=13&zoomSlider=0
    Претпоставувам дека не разбираш грчки јазик, но затоа десно од манускриптот имаш англиски превод и можеш да видиш дека тој стих го нема.
    Кодекс Ватиканус не можам да го најдам онлајн, но биди сигурна дека и таму го нема тој стих.
    Најраниот манускрипт каде што се наоѓа овој стих е во „codex washingtonensis“ кој датира од 4-5 век.
    И баш поради тоа што овој стих изостанува во најраните ракописи, а го има во подоцнежните, некои текстуални критичари се сомневаат дека тој е можеби подоцнежна интерполација, а некои пак се држат до тоа дека тој си постоел во оригиналните списи, но од некоја причина изостанува во најраните откриени манускрипти. Исто така важно е да се спомне дека молитвата „Оче Наш“ се појавува и во евангелието по Лука и таму не се содржи последниот стих (ев. Лука 11:2-4, Библијата)

    Јас лично верувам дека овој стих бил во оригијалното евангелие по Матеј, но не можам да тврдам со сигурност и затоа мојата вера ми наложува да бидам чесен во презентирање на библиските факти и затоа морав да го спомнам тоа под молитвата „Оче Наш“.


    Во Светото Писмо кое што е со благослов од МПЦ исто така овој стих е ставен во загради, како што се ставени и другите спорни стихови. Еве ти доказ (слика од Светото Писмо):

    [​IMG]

    А еве го сликнав и благословот од МПЦ, за да не речеш од некоја друга Библија ти цитирам:

    [​IMG]

    Ако го имаш Светото Писмо, можеш и сама да се увериш дека е така.
    Исто така можеш да видиш и во светските преводи како на пример New International Version исто така после овој стих има фуснота што вели дека овој стих се наоѓа во подоцнежните ракописи (манускрипти)
    http://www.biblegateway.com/passage/?search=Mathew 6&version=NIV

    Еве можеш да видиш дека и во Бугарската Библија одобрена од Бугарската православна црква исто така тој стих е ставени во загради:
    http://www.biblegateway.com/passage/?search=Mathew 6&version=BG1940


    Напротив, мислам дека сум доволно стручен и солидно запознаен со работите што ги коментирам. Секогаш се трудам да коментирам аргументирано, подржано со докази, систематски, јасно и концизно. Верувам дека на форумов налетуваат доволно интелигентни и образовани личности за да го забележат тоа, а на секој останува правото да си истражи, анализира и самостојно да си одлучи во што и како ќе верува.

    Сакаш да кажеш дека твоето цитирање е подобро од ова: (Исус Христос, ев. Матеј 6:9-13, Библијата)

    99% од читателите не ни знаат што значи кратенката МТ. Во моето цитирање полесно ќе сфатат дека станува збор за евангелието по Матеј. Исто така наведувам и дека цитатот е на Исус Христос. На крајот ставам и дека цитатот е од Библијата, бидејќи за жал голем дел од нашиот народ нема ни да сфати дека цитатот е од Библијата. Мене ми е важно луѓето да сфатат, да разберат. Далеку сме ние од тоа да учиме кратенки.
    Фала ти за „описменувањето“, но многу одамна беше времето кога јас ги учев овие елементарни (азбучни) работи за Светото Писмо.
     
    На aerodrom и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Господине, го почитувам трудот што си го направил но воопшто не ти е полезен. Зошто? Тоа што си го скенирал и со го пишувал мене ми е јасно зашто тоа го имам студирано студирано итн.
    Моето сугерирање е од каде си ги црпел информациите на твоето толкување од Цвингли, Лутер, блажени Ероним ит., Светиот архиерејски синод на МПЦ е единствениот што издава печати, библии на бело со дозвола на британското библиско здружение, така да синодот печати библии и за методистите, римокатолиците ја користат официалната, а методистите имаат друга без дефтероканонските книги. Така да тие работи ми се добро познати и прекрасно ги знам.Она кое што јас го учам и пренесувам за евангелието според Матеј е следно: Матеј евангелието го напишал на еврејски јазик, сведоштвата неможам да ти ги пратам по линк, зашто ги нема но секој ги знае а тоа се безбројните евреизми во евангелието како - Саваод, Осана, Равуни или Лама Савахтани итн., а тоа значи дека тоа евангелие е пишувано за жителите во Светиот град и првата црква, потоа се смета дека истиот тој Матеј, Алфеј, Левиј како сакаш кажи го да не навлегувам и во тоа сега, евангелието сам си го превел на старогрчки јазик но ова мислење е 50 -50 не се со сигурност точно.Така да еве Матеј ако е контроверзен ги имаш синоптиците провери таму, со тоа што Логосот, Словото, 2 Ипостас од света Троица на крајот вели Зашто твое е царството и силата............ само докажува дека и Он е предан на својот Отец, а за нас тоа важи.
    Сега ке се обидам да ти дадам едно православо гледиште на ова Славословие или заклучок:
    Кога велиме „ зашто твое е царството...“ а ако е Негово Царството, тогаш не треба од никога да се плашиме бидеќи никој нема да му се противи на царот. Тоа значи дека и нашиот непријател, противник и искушувач Му е покорен на Бога. Дури и кога сме немоќни треба да сме храбри, бидеќи нашиот Цар е семожен и Он ќе ни помогне во добрите дела што треба да ги направиме. Бог царува над се. Он е посилен од сите.
    Затоа зборот сила, ја преставува божјата семожност(Мк 14, 26). Тоа значи Господи ти си семожен и за тебе се е можно!
    Зборот слава, ја искажува Божјата слава која ги исполнува небото и земјата(Иса. 6,3), под небо рзабери Небосно устројство и духовен свет, а под земја се што е околу тебе. И накрај зборовите „ во сите векови...“ значат дека Божјото царство, сила и слава се бесконечни, вечни и никогаш нема да престанат.
    Тоа е како ние на крајот од молитвата да велиме „ Оче ние сме неможни, само ти, Господи, избави не од лукавиот, кој смее да ги нападне и да им наштети на оние, со кои ти царуваш владико и господи“?„ Зашто твое е царството и силата и славата...“ ти господариш и со ангелите и со небесните сили, и кој ќе се противи на твојата сила?НИКОЈ! Бидејќи Ти како што си создал се така и се чуваш со Твојата сила, кој ги опфаќа сите краишта на вселената и со која се исполнети небото и земјата! (св. Симеон Солунски)
    Евангелос......... во духот православната практика никогаш, ама баш никогаш не сме се постапувале вака вештачки како вас, ние сме Црква Христова, Дух Животен, Жива сила и слава, и нас не ни е битно да се натпреваруваме кој повеќе знае, туку кој каков живот има кога веќе ме завлече за јазик еве сега ја прекршив таа практика но нејсе се нека е во Слава Божја........ Прости ми ако почувствува некаква ароганција, ти си ми МОЈОТ БЛИЖЕН не си ми брат туку ближен, а Христос знаеме што вели за ближните како и колку да ги љубиме! и еве се каам што така бурно изреагирав но во мене има гнев и ревност која пламнува............ ми е жал што не си вкусил од љубовта Христова ни трошка и не си дозволил да те озари Таворската светлина.............
     
    На Bulgarian, Serafima и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Зошто не е полезен? Кој од горните мои аргументи е лажен или неточен? Целта ми беше да покажам дека во најраните ракописи тој стих го нема, а во подоцнежните го има и дека затоа е спорен, дека затоа некои текстуални критичари го земаат со резерва, а не догматски.
    Јас ти кажав дека лично сметам дека тој стих е дел од молитвата „Оче Наш“, но чесно и искрено истакнав дека сепак тој стих е спорен и јавноста треба да го знае тоа. Подобро да го дознае од нас, отколку од некои муслимани или антихристи, па читателите да си речат: „ауу види стварнооо, леле цело време ова го криеле од нас, не лажеле.. кој знае и што друго кријат од нас итн.“
    И на крај краева, слични славослови се содржат и на други неспорни места во Библијата, така што воопшто и не е битно дали тој дел 100% бил дел од оригиналното евангелие на апостол Матеј. Библијата е јасна по прашањето чие е Царството, Силата и Славата во сите векови!

    Епа ако ти е јасно, тогаш зошто ми рипна небаре напишав некаква ерес. Зарем не знаеше што означуваат стиховите ставени во загради во Светото Писмо?

    Јас не толкував ништо. Јас само пишав дека тој стих го нема во најраните пронајдени ракописи од евангелието по Матеј, а дека го има во подоцнежните и само пишав дека поради таа причина некои текстуални критичари се сомневаат дека тој стих бил дел од оригиналното евангелие по Матеј.
    Тие Цвингли, Лутер, Ероним итн. не ги ни спомнав и не знам како ги вметна у муабетов.

    Не мора да ми праќаш никакви сведоштва, овие работи ми се одлично познати. Најраното сведоштво дека евнагелието по Матеј е напишано на еврејски јазик е од Папиј Ераполски (цитирано од Иринеј и Евзебиј):
    „Матеј го состави Евангелието (логиа) на Еврејски јазик, и секој го толкуваше најдбро колку што можеше...“ (Папиј)
    Ама поентата е дека, независно на кој јазик Матеј го пишувал евангелието, сепак најраниот ракопис од тоа евангелие што го имаме откриено е на коине-грчки јазик и како што кажав во најраните ракописи од ова евангелие (кои што се на коине-грчки јазик) последниот стих од молитвата „Оче Наш“ изостанува.
    Евангелијата најчесто се наоѓаат на коине-грчки јазик затоа што тој јазик бил еден од официјалните јазици во тие предели и со цел да го проширан евангелието до пошироката публика, Христовите ученици ги пишувале или превеле евангелијата и посланијата на коине-грчки јазик.

    Не знам за кои синоптици ми збориш. Евангелието по Матеј е едно од 3те синоптички евангелија (Матеј, Марко и Лука). Како што кажав, во евангелието по Лука во делот каде што Исус ја кажува молитвата „Оче наш“ не се спомнува Славословот (провери во кој било превод и издание на Библијата)
    И јас не би рекол дека Матеј е контраверзен. Станува збор само за еден спорен стих, кој што не менува ама баш ништо од учењето, ниту една доктрина, затоа што, како што кажав, Библијата е јасна по прашањето чие е Царството, Силата и Славата во сите векови!

    Абе се е тоа фино лепо и јас немам ништо против ова толкување на славословот. Јас само кажав од чисто текстуален аспект дека тој стих во некои ракописи го има, во некои го нема и дека некои текстуални критичари се сомневаат во неговото присуство во оригиналното евангелие по Матеј.

    Зошто ме судиш неосновано? Каде тоа јас постапив вештачки? Зошто од една темата за спорнито стих во молитвата „Оче наш“ се префрлаш на лични дискредитации?

    Нема проблем, ти простувам. Во ред е да имаш позитивен гнев и Божја ревност, но гледај таа да биде контролирана и правилно фокусирана.

    мелех, на што се основа овој твој заклучок? Ти воопшто не ме познаваш, а говориш толку тешки работи против мене. Од каде знаеш ти јас колку имам вкусено од Христовата љубов? Зарем не е оваа твоја изјава една класична предрасуда?
    Не е твое да судиш кој колку има искусено од Христовата љубов. Тоа го знае само Христос и секој човек лично за себе.
    Поздрав и нека е Божјиот мир врз тебе!
     
  8. svetle333

    svetle333 Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Молитва со која многу пати чудо ми се случило :|

    Господи Исусе Христе, Тебе Ти ја доверувам оваа намера ...(овде спомни ја намерата). Само погледниме и тогаш прави што сакаш со мене...Твоето Пресвето Срце нека одлучи... јас се надевам на Него... Јас сметам на Него...Јас се предавам на неговото милосрдие... Господи Исусе, Ти нема да ме отфрлиш. Пресвето Срце Исусово јас верувам во Твојата љубов спрема мене. Пресвето Срце Исусово, нека дојде Твоето Царство, О, Пресвето Срце Исусово, јас Те молев за многу милости, сега посебно Те молам за оваа милост. Постави ја во Своето Пресвето Срце. Кога Твојот Вечен Отец ќе ја види прекриена со Твојата Пресвета Крв, Тој нема да ми ја скрати оваа милост, тоа веќе нема да биде моја туку Твоја молитва. О Исусе, О Пресвето Срце Исусово, јас својата надеж ја полагам во Тебе, не дозволувај никогаш да се посрамам.
     
    На karenin, friendy, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Само една забелешка, молитвава е римокатоличка.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Многу убава молитва. Фала што ја сподели со нас Светле. Особено ми се допаѓа што е упатена до Господ директно и молителот не користи посредници.
    Она што треба да имаме на ум е да ваквите молитви ги користиме како модел и да избегаваме дословно збор до збор да ги рецитираме, туку со свои зборови да ги искажуваме нашите молитви, воздишки и благодарности кон Бог, бидејќи Бог сака ние лично да Му се обраќаме, а не да му читаме молитви што некој друг ги молел. А и секој/а има различни бремиња со различни специфичности и подобро е кога во нашите молитви сме поспецифични, поискрени, поотворени кон Бог.
     
    На svetle333 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Mолитвата е наш разговор со Бог.Имам прочитано една молитва на старец .Тој го моли Бога да не е сиромав, но не бара ни да е богат.Само сака да има спокоен живот.Не сака да е сиромав зошто се плаши да не го натера по лоши патишта, како крадењето , коцкањето.Не сака да е богат зошто се плаши оти ке ги засака парите, и во целиот тој луксуз ке заборави на Бога.Колку мудра молитва на овој старец.Сега и јас така се молам , за среден и спокоен живот.
     
    На Таа Сум, ♡BuBaLe♡, angelce1 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    викстина е римокатоличка?? дали смееме ние да се молиме со молитвава??
     
  13. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    се молам секоја вецер,тоа ми е како ритуал,прво ја казувам молитвата па потоа си легнувам да спијам и така се осекам заститена јас и моето семејство,сега поцнувам да го уцам и син ми за да мозе и он да ја науци
     
  14. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    652
    МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
    Богородице Дево, радувај се Благодатна Маријо,Господ е со Тебе. Благословена си Ти меѓу жените, и благословен е Плодот на Твојата утроба, зашто си Го родила Спасителот на душите наши.

    По молитвите на Светите Оци наши , Господи Исусе Христе, Боже наш , помилуј не . Амин .


    МОЛИТВА ЗА ОЗДРАВУВАЊЕ НА САМИОТ СЕБЕ
    (може да се употреби свето масло)



    Оче се помазувам со ова масло во Името на Исус Твојот Син. Тој е лек за сите мои болести. Направи преку ова Свето масло да ја почуствувам силата на оздравувањето на Твојот Свет Дух која се излива врз мене преку смртта и Воскреснувањето на Исуса Христа. Како што ова масло продира и оздравува, така Твојот Свет Дух нека го опфати целото мое битие и нека ја острани сета темнина, грев , лоши и негативни чустваи нека ме исполни со целосна сила на оздравувањето.Оче, оздрави ме во телото, душата и духот, на Твојата слава и чест. АМИН.
     
  15. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Овде прочитав многу молитви кои ги има во молитвеникот. Секој христијанин може од црква да си купи молитвеник и секогаш да го има со себе. Во него има различни молитви за различни потреби. Исто така треба да се оди на литургија, тука доживувањето на молитвата е нешто посебно. Имаме и многу поуки меѓу кои и за молитвите од свештени лица и од светитиите, можеме да читаме и прашања да поставуваме на Премин портал.Јас си применувам молитвено правило три пати на ден, препорачано од еден голем монах, одам на литургија, понекогаш слушам различни молитвени песни кои ги пее Дивна Љубојевиќ. И не е се идеално. Важен е напорот да се има смирение, вербата дека Господ се грижи за нас и да ги споиме верата надежта и љубовта. Ова што го напишав тука, јавно не го разгласувам, можам само да си разговарам на оваа тема со искусни и срдечни верници кои ги исполнуваат светите тајни, а такви имам само неколку. Таков милостив разговор, секогаш го стоплува срцето и те потсетува на тоа колку е голем господ. И да не оддолговлекувам многу, сакам да кажам една од многуте придобивки на литургијата, атоа е дека кога не знам што да правам тогаш на ГОСПОДА МУ ЈА ПРЕДАВАМ ОДГОВОРНОСТА ДА МЕ ВОДИ И ДА УПРАВУВА СО МОИТЕ ПОСТАПКИ. Се молам за сите.
     
    На GirlLove, Orthophill и mac.mac им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Мислиш на молитвеното правило на свети Серафим Саровски, составено од 1 Верувам, 3 Отче наш и 3 Богородице Дево?
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Само би додала дека не мора секогаш молитвите да ви бидат од молитвеник.Може да се помолите со сопствени зборови кои извираат од ТАЈНАТА ОДАЈА на вашето срце.Има личности кои ги изговараат молитвите од молитвеникот ама не ги разбираат.Сето тоа го прават како некоја напамет научена стихотворба.Мислам дека молитвата преставува огледало на нашата душа, за тоа кои сме, што сме, кои се нашите страдања,барања, верувања, колку верата зазема место во нашиот живот...и како таква треба да се изговара.Бог е присутен секаде во секоја клетка на нашето тело, се знае ,се гледа, ние треба преку молитва да му ги пренесеме нашите мисли, а преку начинот на однесување да докажеме дека сме доследни на неговата милост,за да молитвите ни бидат ислушани.
     
    На WarriorAngel, rici.aaaaa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Во потполност се согласувам со тебе vinozito1.
    Јас редовно се молам со сопствени зборови кои ми доаѓаат од душа да ги кажам...понекогаш знам и кога имам тешки моменти да се заблагодарам на бога и ка кажам ти благодарам годподе знам дека ке ми дадеш сила и со оваа тешкотија да се справам и во најтешките мигови и во најубавите знам да се заблагодарам со молитва која ете ми доаѓа да ја кажам.Имало страшни моменти низ кои сум морала да поминам,но ете сум успеала со вербата и молитвата.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Секако дека не мора секогаш да бидат од молитвеник, во право си за се што кажа.Не е важно дали ќе бидат кажани свои молитви или пак од молитвеник, важно е кога молитвата се кажува, да е искрена.
     
    На EvAngelos, vinozito1 и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Еве еден интересен факт за молитвата:
    Во целото Свето Писмо (Библијата), сите молитви што ги упатиле Богоугодните луѓе (пророците, апостолите и сл.) биле упатени до Бог и само до Бог и до никого друг освен Бог.
    Во целото Свето Писмо нема да најдете ниту една молитва упатена до мајката на Исус (блажената Марија), ниту до покојните Мојсеј, Јов, Илија, Авраам, некој од пророците, Јован Крстителот, некој од апостолите и сл.
    А сето ова е во согласност со Христовата поука за тоа како да се молиме и до Кого да ги упатуваме нашите молитви:

    „А кога (Исус) се молеше на едно место и кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нè да се молиме, како што и Јован ги научи своите ученици!” А Тој им рече: „Кога се молите, говорите: „Татко наш, Кој си на небесата...“ (ев. Лука 11:1-2, Библијата)
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.